ВИДЕО: Крстевски: Општината не доделува еднократна помош на пензионерите со ниски примања

ВИДЕО: Крстевски: Општината не доделува еднократна помош на пензионерите со ниски примања

Еднократна парична помош за пензионерите со ниски примања во овој момент не е предвидена за оваа категортија граѓани од општинскиот буџет , рече на денешната прес-конференција раководителот на секторот за култура, спорт и социјална заштита Александар Крстевски откако вчера голем број пензионери за потребните документи за наводната помош во износ од 6.000 денри ги блокираа банките, управата за јавни приходи и архивата на општина Куманово. Дека станува збор за дезинформација, на прес-конференцијата потврди и претседателот…

Read More

ВИДЕО: Васиќ и Бабовиќ: Куманово има театарска публика која наградува, затоа со задоволство играме

ВИДЕО: Васиќ и Бабовиќ: Куманово има театарска публика која наградува, затоа со задоволство играме

Кумановската публика ја познава комедијата и знае да ги награди актерите, затоа со задоволство учествуваме на овој фестивал. Се коментарите на актерите од Приштинско народно позориште, кои синоќа во рамки на фестивалот „Денови на комедија“  ја изведоа претставата „Сумљиво лице“. Станува збор за дело работено по текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Милан Нешковиќ. Играа Милан Васиќ, Игор Дамњановиќ, Александра Цуциќ, Тамара Томановиќ, Аника Грујиќ, Бранко Бабовиќ, Никола Ѓорѓевиќ, Александар Михаиловиќ, Зоран Мијатовиќ,…

Read More

ВИДЕО: „Кажи ми да ти кажу, 100 и кусур анегдоте на кумановски за кумановци“

ВИДЕО: „Кажи ми да ти кажу, 100 и кусур анегдоте на кумановски за кумановци“

„Кажи ми да ти кажу, 100 и кусур анегдоте на кумановски за  кумановци” е најновото дело на авторот Мирко Зафировски, кое синоќа беше промовирано во Занаетчиски дом. Книгата, како и претходните три дела на авторот е напишана на кумановски дијалект. Целта е да се одржи континуитет во зачувувањето на кумановската културна ризница, но и да се потикнат младите да творат.
-Мојата порака би била да не застане пишувањето за Куманово, но и на кумановски дијалект. Ние…

Read More

Четворица новозаболени од Ковид 19

Четворица новозаболени од Ковид 19

Во последните 24 часа направени регистрирани се 56 нови случаи позитивни на КОВИД-19 на ниво на земјава. Од нив четворица се од Куманово.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 432.

Read More

Во вторник крводарителска акција во Центарот за култура

Во вторник крводарителска акција во Центарот за култура

Крводарителска акција организира Црвениот крст во Куманово во вторник, по повод празникот 11 Октомври. Акцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 9 до 14 часот.
– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, стои во повикот на Црвен крст Куманово.

Read More

Приведен кумановец, пронајдена прашкаста материја

Приведен кумановец, пронајдена прашкаста материја

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.С.(31 година) од Куманово затоа што при преглед во неговото возило  биле пронајдени и одземени бела прашкаста, бела грутчеста материја, розова грутчеста материја и предмет со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

Митрички: СДСМ и Владата ќе овозможат квалитетно образование на граѓаните

Митрички: СДСМ и Владата ќе овозможат квалитетно образование на граѓаните

-Сведоци бевме на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ  Куманово кои излегоа со прашањето: Кој ќе преземе одговорност за проблемите во образованието ? Во најмала рака е лицемерно што ова прашање го поставува токму онаа партија  која додека беше централна власт, во Куманово не вложи ниту еден денар во образованието, а да не заборавиме дека во нивно време наставникот  беше деградиран и понижен, а на товар на учениците им беше небулозното екстерно тестирање. Проблемите кои произлегуваат од образовниот…

Read More

ВИДЕО: Започна 22-то издание на саемската манифестација „Денови на мед“

ВИДЕО: Започна 22-то издание на саемската манифестација „Денови на мед“

На градскиот плоштад денеска започна 22 -то издание на саемската манифестација  „Денови на мед“ во организација на пчеларското здружение „Пчела“ . Деветнаесет производители од Куманово и регионот пласираа пчелни производи, прополис, полен, матичен млеч, мед во саќе, мед во комбинација со јаткасти плодови и сушено овошје, а граѓаните имаа можност по саемска цена од 600 денари да купат мед.
-16 производители се од Куманово и кумановскиот регион, двајца излагачи од Република Србија со што нашиот саем…

Read More

ВИДЕО: Три децении постоење на хуманитарното здружение „Мајка“

ВИДЕО: Три децении постоење на хуманитарното здружение „Мајка“

Хуманитарното здружение „Мајка“ одбележува 30 години од своето постоење. За три децении тимот на здружението преку реализација на повеќе од сто проекти придонесе за подобрување на положбата и статусот на жените, децата, младите и лицата во ризик. „Мајка“ изминатите години делуваше во областа на хуманитарни активности, превенција, едукација, застапување и градење на локален активизам.
-„Мајка“ во 1992 година се формира како хуманитарно здружение, за делење на хуманитарна помош за луѓе во неволја, но подоцна со промените…

Read More
1 220 221 222 223 224 885