Тројца новозаболени кумановци, активни 13 случаи на коронавирусот

Тројца новозаболени кумановци, активни 13 случаи на коронавирусот

Тројца новозаболени кумановци од коронавирусот, вкупно 75 случаи на ниво на држвата регистрира министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие.
Од 94 оздравени пациенти, петмина се кумановци. Во моментов во Куманово активни се само 13 случаи на ковид -19, а од почетокот на пандемијата бројката на заболени кумановци изнесува 18.218.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 446.

Read More

Два неработни дена месецов

Два неработни дена месецов

Согласно Законот за празници, месецов ни претстојат два неработи дена.
11 октомври (вторник), Ден на народното востание е неработен ден за сите граѓани.
Исто така, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден.
Во ноември нема неработни денови, во декември има еден неработен ден за сите граѓани.

Read More

ВИДЕО: Невработените аплицираат за обуката за напредни ИТ вештини

ВИДЕО: Невработените аплицираат за обуката за напредни ИТ вештини

Невработените кумановци до 34-годишна возраст со средно образование до 31 декември годинава имаат можност да се пријават за мерката-обука за напредни ИТ вештини. Како што соопштија надлежните од Центарот за вработување  целта е да се надградат вештините на невработените од информатичките технологии.
„Преку обуките младите невработени ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот на трудот“, додаваат надлежните.
-Во Центарот за вработување слободни места има за три модули, микрософт дата аналисти-, microsoft data analyst, јава девелопер -java developer и…

Read More

ВИДЕО: Општина Куманово ќе додели Ноемвриска награда за 2022 -та година

ВИДЕО: Општина Куманово ќе додели Ноемвриска награда за 2022 -та година

Претседателката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Невена Величковска одржа прес-конференција во врска сo поднесувањето  на предлози за доделување на Ноемвриската награда за 2022-та година.
Според Одлуката, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело, односно резултат во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областа на стопанството и вонстопанските дејности,во текот на едногодишен и повеќегодишен период.
Постигнувањата да бидат достапни…

Read More

ВИДЕО: Рибарското здружение „Мак – Дам“ со вонредна крводарителска акција

ВИДЕО: Рибарското здружение „Мак – Дам“ со вонредна крводарителска акција

Педесетина крвни единици се очекува да бидат собрани на денешната вонредна крводарителска акција која се одржува во просториите на Занаетчискиот дом во организација на рибарското здружение „Мак -Дам“ од Куманово. Организаторите се задоволни од интересот за нивните акции кои се поддржани не само од нивни членови, туку и од граѓани на Куманово, а во последно време се повеќе и од женската популација, што според претседателот на „Мак -Дам“, Марјан Вељановски е за поздравување. Тој ги…

Read More

Започна вториот циклус од обука за негователи во Црвен крст

Започна вториот циклус од обука за негователи во Црвен крст

Во рамки на проектот „Ковид 19- Одговор на подобрување на социо- економската ситуација на маргинализираните лица во 6 држави на Западниот Балкан”, од вчера општинската организација на Црвениот крст започна со реализација на верификуваната програма за Обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Обуката ќе ја спроведуваат четворица стручни едукатори. Проектот е поддржан од Австриската агенција за развој и Австриски Црвен крст, каде 12 долгорочно невработени жени во…

Read More

Вечерва претставата „Паника во хотел Палас“ на Театар Струмица

Вечерва претставата „Паника во хотел Палас“ на Театар Струмица

Во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ вечерва во Центарот за култура ќе се изведе претставата „Паника во хотел Палас“ на театар „Антон Панов“ од Струмица.
Станува збор за дело во режија на Коле Ангеловски, а по текстот на Реј Куни. Играат актерите Бранко Бенинов, Кољо Черкезов, Горан Ников, Игор Тодоров, Коста Ангов, Оливера Аризанова, Ванчо Василев,  Анкица Бенинова и Јасмина Вучкова.
До крајот на фестивалот остануваат уште шест претстави.

Read More

Членови на ТК „Тумба“ повторно со први места на отворено тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки

Членови на ТК „Тумба“ повторно со први места на отворено тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки

Членовите на тенискиот клуб „Тумба” од Куманово Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска го освоија првото место на отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки во двете конкуренции, поточно возрасна категорија до 12 години. Алексеј Стојановски кај момчињата во оваа возрасна категорија во финалето го победи Дамјан Пановски од Т.К МТП со 2-0 по сетови. Анастасија Арсовска исто така убедливо триумфираше со 2-0 по сетови против Деа Крстевска од Т.К.Битола. Од нашиот клуб забележителен…

Read More

ВИДЕО: Австрискиот аташе за социјални работи Харалд Фугер во „Порака наша“

ВИДЕО: Австрискиот аташе за социјални работи Харалд Фугер во „Порака наша“

Успешно се спроведува проектот „Сервис за домашна нега на стари лица и лица со попреченост“, информираа денеска надлежните од Регионалниот центар за лица „Порака наша“. Во проектот вклучени се 32 корисника кои што ги опслужуваат лиценцирани негуватели. Во посета на „Порака наша“ денеска беше австрискиот аташе за социјални работи Харалд Фугер за да одблиску се запознае и информира за реализацијата на проектот кој го финансира австриското министерство за труд и социјални работи, а се имплементира…

Read More

ВИДЕО: Започна акцијата „Куманово мој зелен дом“

ВИДЕО: Започна акцијата „Куманово мој зелен дом“

Со едукативни предавања во неколку училишта и со засадување на листопадни садници- јасен денеска започна еколошката акција „Куманово мој зелен дом“. Организатор на еко-акцијата е општина Куманово. Учениците се информираа за локациите каде се поставени специјализирани садови за смет за рециклирање на стакло, пластика и хартија, за батерии. Воедно, им беше посочено за ризиците од фрлање на несоодветен отпад пред сè пластика која со децении ја загадува почвата, реките.
-Секогаш започнуваме од најмалите, денеска ги посетивме…

Read More
1 223 224 225 226 227 885