Продолжува потрагата по возачот кој излета од патот кај Желино, „голфот“ е со кумановски таблички

Продолжува потрагата по возачот кој излета од патот кај Желино, „голфот“ е со кумановски таблички

Специјализирана екипа на полицијата, тетовските пожарникари и вработени во општина Желино заедно со екипа нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување од Велес, два дена трагаат по возачот на возилото кое вчера излета од патот кај село Желино и заврши во надојдените води на реката Вардар. Вчера околу 11,30 часот, „голф 4“ со кумановски регистарски таблички излета од патот и падна во Вардар. Поради брзината на водата возилото било носено по течението на реката, набрзо…

Read More

Приведен кумановец за марихуана

Приведен кумановец за марихуана

МВР информира дека вчеравечер во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 33-годишен кумановец. Според МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага. Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.

Read More

Кумановка и 7-годишна ќерка исчезнати еден месец

Кумановка и 7-годишна ќерка исчезнати еден месец

На триесет и двегодишната Сабина Сабединовска и нејзината малолетна ќерка од Куманово им се губи секаква трага од пред скоро еден месец. Семејството во немоќ да стапи во контакт со нив денеска се обрати и до медиумите преку кои апелира до граѓаните доколку ги забележат да пријават во најблиската полициска станица или да се јават на советникот Самет Салиевски на бројот 071 329 068. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека кај нив случајот…

Read More

ВИДЕО: Сирискиот уставен комитет во посета на Општина Куманово

ВИДЕО: Сирискиот уставен комитет во посета на Општина Куманово

Претставници на Сирискиот уставен комитет денеска беа во посета на Општина Куманово. Целта на студиската посета е да се научи повеќе за функционирањето на локалната самоуправа и децентрализацијата во земјава, правата на малцинствата во нашата држава, но и на локално ниво, за извлекување поуки и искуство за создавање на демократска Сирија и изработка на новиот устав на Сирија.

Read More

ВИДЕО: Промоција на проект од Еразмус+ во „Наце Буѓони“

ВИДЕО: Промоција на проект од Еразмус+ во „Наце Буѓони“

Во рамките на проектот „ Стручно образован кадар-темел на современата индустрија“  ученици од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ имаа можност две седмици да престојуваат во Поморие, Бургас и Несебар и да посетат повеќе реномирани компании каде што се стекнале со знаења за нови и современи методи на работа. Проектот од програмата на Еразмус+ се реализираше во соработка со Центарот за европски иницијативи од Република Бугарија, преку грант од Националната агенција за европски образовна програми и…

Read More

ВИДЕО: Утре започнува 25-то издание на „Денови на комедија“

ВИДЕО: Утре започнува 25-то издание на „Денови на комедија“

Во Центарот за култура утревечер ќе започне 25-тото јубилејно издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
Љубителите на комедијата ќе можат да проследат 12 претстави и една стенд ап претстава на млади актери од земјава но и соседството. За прв пат фестивалот ќе има и натпреварувачки карактер.
Признанието „Васил Иљоски“ ќе му припадне на актерот Благоја Чоревски.

Read More

ВИДЕО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ бара да се отстрани библордот со Заев

ВИДЕО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ бара да се отстрани библордот со Заев

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово бара од централното подрачје да се отстрани билбордот со ликот на поранешниот премиер, Зоран Заев, поради како што велат извршеното предавство и лошата политика.
-Денеска сме пред билбордот, чиј лик кај нас младите Кумановци предизвикува се она што како чувство еден млад човек не сака да го доживее. Секој поглед кон оваа личност во центарот на градот, буди огорченост, одбивност, апатија, а предизвикува чувство на немир и безнадежност….

Read More

Тројца новозаболени од Ковид 19 од Куманово

Тројца новозаболени од Ковид 19 од Куманово

Во последните 24 часа се регистрирани 81 заболен од корона, а починати нема, соопшти Министерството за здравство. Од евидентираните тројца се од Куманово. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 25 реинфекции. Бројот на активни случаи на ниво на земјава изнесува 378.

Read More

Приведена кумановка, осомничена за повеќе кражби

Приведена кумановка, осомничена за повеќе кражби

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ја лишиле од слобода М.З. (23 години) од Куманово, којa се сомничи дека извршила повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ на подрачјето на Куманово.
По целосно документирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена соодветна  пријава, информира полицијата.

Read More

Спасовски: Ги подобруваме сообраќајните капацитети во насока на забрзан локален и рамномерен регионален развој

Спасовски: Ги подобруваме сообраќајните капацитети во насока на забрзан локален и рамномерен регионален развој

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на Светска банка и градоначалници од општините од нашата држава, присуствуваа на настан реализиран по повод отпочнување на владиниот „Проект за поврзување со локалните патишта” во општините, односно за рехабилитација на локалните сообраќајници, што Министерството за транспорт и врски со средства од Светска банка го реализира во нашата земја.
„Овој проект…

Read More
1 228 229 230 231 232 885