Владата со одлука за ограничување на извозот на одделни стоки

Владата со одлука за ограничување на извозот на одделни стоки

Владата на Република Северна Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки.
Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.
Владата на Северна Македонија одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.
Оваа…

Read More

Кумановци за новите цени на бензините: Автомобилите во гаражи, ќе одиме пеш

Кумановци за новите цени на бензините: Автомобилите во гаражи, ќе одиме пеш

Од ноќеска на полноќ бензнот поскапе за 3,5 денари, а дизелот за 8,5 денари. Па така, Еуросупер БС 95 изнесува 93 денари, а Еуросупер БС 98 изнесува 95 денари. Цената на Еуродизер е 94 денари.
Кумановци кои што ги прашавме велат дека не помнат вакви високи цени. Стравуваат од покачувањето кое велат значајно ќе влијае врз семејниот живот. Дел од нив и предлагаат автомобилите да се остават во гаражи, и да се оди пеш.
-Не можам ништо…

Read More

Во Куманово во февруари 49 случаи на грип

Во Куманово во февруари 49 случаи на грип

Во Куманово во текот на февруари биле регистрирани вкупно 49 случаи на сезонски грип, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Тоа е намалување во однос на јануари кога биле регистрирани вкупно 82 заболени лица.
Во текот на првата недела од март биле регистрирани само четири случаи на сезонски грип. Од почетокот на сезоната 2021/2022 во Куманово се регистрирани вкупно 214 случаи на грип, од кои најмногу во јануари.
Што се однесува до возрасните групи најранлива била…

Read More

(ВИДЕО)Пензионерите реагираат за намалената посмртнина

(ВИДЕО)Пензионерите реагираат за намалената посмртнина

За пет илјади денари е намалена посмртнината што се исплаќа на семејството на починат пензионер, кој до февруари месецов изнесуваше 30.000 денари.
Пензионерите од целата држава реагираат на одлуката која е донесена од  Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд и членарина, кој функционира во рамките на Сојузот на здруженијата на пензионери.
Повеќе во прилогот.
 

Read More

(ВИДЕО) Диаверум Куманово го одбележува Светскиот ден на бубрегот

(ВИДЕО) Диаверум Куманово го одбележува Светскиот ден на бубрегот

Дијализниот центар Диаверум Куманово традиционално со низа активности го одбележа Светскиот ден на бубрегот. Од оваа здравствена установа истакнаа дека активно учествуваат во подобрувањето на квалитетот на животот на бубрежно болните пациенти, но и во подигање на свеста за откривање, превенирање на бубрежните заболувања. Диаверум низа години соработува и со средното училиште „Наце Буѓони“, медицинската струка, така што и годинава заеднички го одбележуваат Светскиот ден на бубрегот преку едукација.
-Можам со право да се пофалам дека…

Read More

Нови 12 случаи на коронавирус во Куманово

Нови 12 случаи на коронавирус во Куманово

Министерството за здравство соопштува дека во изминатото деноноќие  регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19, од кои 12 се во Куманово.  Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица на возраст од 56 до 87 години, меѓу нив и 67-годишен кумановец.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица.
Според последните податоци, бројот на активни случаи во земјава изнесува 2.065, а во Куманово 90.

Read More

„Козјак 2013“ со Годишно собрание за 2021-та

„Козјак 2013“ со Годишно собрание за 2021-та

Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013″ од Куманово вчеравечер во Занаетчискиот дом го одржа Годишното собрание за 2021-та година.
На собранието беше направен преглед на сите активности, планинарски акции, обуки, пошумивања, уредување на Карпински манастир, како и идни планови за тековната година.
Беа прогласени и најистакната планинарка, планинар и најмлад планинар, а беа доделени и благодарници на сите соработници на клубот.
Целата манифестација беше збогатена и со презентација на планинарска опрема кој ја има клубот,…

Read More

Санкционирани 192 возачи во државата

Санкционирани 192 возачи во државата

МВР во текот на вчерашниот ден работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи.
Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.

Read More

Црвениот крст ја одбележа Неделата на борба против ракот

Црвениот крст ја одбележа Неделата на борба против ракот

Oпштинската организација на Црвен крст Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против ракот. Вчера во ОСТУ „Наце Буѓони” се одржа едукативно предавање под мотото „Заедно во борба против ракот” од волонтерот Ивана Стојановска.

49 младинци беа едуцирани како може да се намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики посебно кај младата популација како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина,…

Read More

Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка на епидемиолошкиот ризик

Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка на епидемиолошкиот ризик

– Со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. Затоа во последните недели фокусот околу КОВИД-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.
Во овој контекст, Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на…

Read More
1 309 310 311 312 313 885