Да се одложи најавениот собир на СДСМ, кој е закажан за 17-ти мај, побараа од ГРОМ. Од општинската организација сметаат дека масовниот собир може да ја загрози безбедносната состојба во државата, која по случувањата во „Тоде Мендол“ е нарушена.
-Го почитуваме ставот да не го признаете Парламентот и да не учествувате во неговата работа. Го почитуваме вашиот став за непризнавање на претседател на државата, но во исто време ве почитуваме како наша локална власт и не…
Ротатор
Кумановка ја освои титулата вешта жена
Кумановката Габриела Петровиќ викендов во тетовското село Лешок ја освои титулата вешта жена на Македонија. Со подготовка на мексиканско ќофте и лесна торта таа победи на државниот натпревар. Вели дека конкуренцијата била силна и сите жени биле подготвени да го покажат тоа што го знаат.
-Јас не очекував некоја награда бидејќи прв пат учествувам на вешта жена, прв пат во Куманово што имаше општински натпревар освоив прво место за да влезам во републичкиот натпревар. Така што…
Редовна настава со намален број на ученици
Само 20 проценти од 187-те ученици што посетуваат настава во основното училиште „Вук Караџиќ„ денеска се вратија во училишните клупи. Според директорката Надица Петровска ваквата состојба била очекувана заради што го толерираат отсуството на учениците, со апел до родителите барем од утре наставата да се нормализира. Дел од родителите уште вчера ги известиле надлежните дека се уште се плашат да ги пуштат децата на настава.
-Во овој случај наставата колку порано децата почнат да се бават…
Избледените пешачки премини – опасност за граѓаните
На кумановските улици, со ретки исклучоци, хоризонталната сообраќајна сигнализација е избледена или воопшто не постои. Ова се однесува и на централното градско подрачје, каде што фреквенцијата е најголема и е неопходно обележување на пешачки премини и линиите што го обележуваат правецот на движење на возилата. Граѓаните се загрижени за својата безбедност како пешаци, но и како возачи. Иако проблемот навидум не изгледа многу сериозно, сепак последиците би можеле да бидат фатални со оглед на тоа…
Read MoreУбиени водачите на терористичката група
Водачите на терористичката група, Мирсад Ндрецај, алијас командант Нато и Бег Ризај, познат и како командант Бегу и двајцата од Косово, се убиени во населбата „Тоде Мендол“, потврди МВР.
Како што соопштува МВР, по завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група, отпочнала процедура за потврдување на идентитетот на лицата. Досега позитивно е потврден идентитетот на Мирсад Ндрецај, кој што е роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО, за кој постоеја сомненија дека е еден…
Продолжува наставата во училиштата
Учениците се враќаат на настава. Секретарот на општината Куманово денеска соопшти дека училиштата и градинките утре продолжуваат со работа. Ова било договорено утрово на седница на општинскиот штаб за заштита и спасување.
-Се донесоа определени заклучоци во однос на нормализирање на состојбата и се даде препорака да дадеме известување до Советот на општина Куманово дека веќе се направени услови за започнување со работа на самите основни и средни училишта, како и работата на градинките. Воедно сакам…
Read MoreЦрвениот крст донираше во „Тоде Мендол“
Сто најзагрозени семејства од населбата Тоде Мендол ќе добијат хуманитарна помош од Црвениот крст. Пакети со најосновните средства за егзистенција денеска беа доставени во просториите на месната заедница, кои во текот на денот ќе бидат распределени на граѓаните. Првите луѓе на Црвениот крст на РМ и општинската организација денеска беа во обиколка на населбата.
– Сега за сега имаме доволно наши резерви кои служат за вакви ситуации така што доколку ни биде потребна помош секако дека…
По 70.000 евра ќе добијат семејствата на загинатите полицајци
Семејствата на осумте загинати припадници на безбедносните сили во полициската акција во Куманово, ќе добијат финансиски надомест во висина од 70.000 евра, одлучи на вчерашната седница Владата на Република Македонија. Половина од сумата на семејствата на загинатите, кои што биле во брак, ќе се додели на сопругата, а другата половина на родителите на полицаецот. Инаку Министерството за внатрешни работи ќе биде задолжено да достави информирации до Владата доколку има потреба од дополнителна помош и поддршка…
Read MoreЗголемена побарувачка на девизи во менувачници
За време на вооружената акција во Куманово, во приватните менувачници во градот се зголемила побарувачката на девизи во замена за денари. Поради стравот од влошената безбедносна состојба, кумановци во петок и сабота се одлучиле да купат повеќе девизи, бидејќи така се сметаат за посигурни. Во менувачниците во кои што прашаваме, не сакаа да заборуваат пред камерата, но потврдија дека посебна навала за евра имало во саботата и според нив тоа не е ништо невообичаено во ваква…
Read MoreОтворена Kнига на жалост
На иницијатива на Здружението на бранители од Куманово, како и на голем број граѓани, денеска пред Центарот за култура беше отворена Kнига на жалост во чест на осумте загинати полициски службеници. Граѓаните во книгата пишуваа сочувство до семејствата на како што велат, загинатите херои, кои што ги дадоа животите за одбрана на државата.
-Секој граѓанин на Куманово или кој било од Македонија може да дојде и да ги остави своите пораки и впечатоци за хероите кои…