Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација

Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација

Полициски службеници при извршена контрола на крстосница за село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, на  патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки управувано од Д.С. (34 години) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, откриле поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација. За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна. Против лицето ќе…

Read More

Ограбен деловен објект на улицата „Ленинова“

Ограбен деловен објект на улицата „Ленинова“

Ограбен деловен објект на улицата „Ленинова“, информира Секторот за внатрешни работи Куманово.
Утринава нешто пред 08 часот, И.Ј во кумановската полиција пријавил дека во деловен објект на улица „Ленинова“, било влезено со употреба на сила и биле одземени повеќе предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

(ВИДЕО) Услужните дејности да работат во недела, бара Занаетчиската комора

(ВИДЕО) Услужните дејности да работат во недела, бара Занаетчиската комора

Занаетчиската комора на Македонија бара да им се овозможи на услужните дејности да работат во недела.
Според претседателот на комора, Агрон Фазлији, станува збор за фризерите, козметичарите, одредени пекарски и слаткарски производители.
Повеќе од прилогот во видеото.
 

Read More

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на ДСУ „Киро Бурназ“

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на ДСУ „Киро Бурназ“

Започна реконструкцијата на државното средно училиште „Киро Бурназ“. Проектот за целосна реконструкција на Регионалниот центар за стручно образование чини околу три милиони евра, финансиран од министерството за образование и наука. Санацијата на главната зграда на училиштето ќе отпочне напролет, односно во мај месец, информира директорката Весна Трајковска.
Повеќе во видеото.
 

Read More

Вршеле меѓународен превоз без соодветна документација

Вршеле меѓународен превоз без соодветна документација

При извршена контрола на граничниот премин Табановце на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници, било откриено дека не поседувале соодветна документација. Имено, завчера при контрола на возилата „форд транзит“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27 години) од Прилеп и „опел“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.С.(31 година) од село Романовце, кумановско, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за…

Read More

Цигарите поскапи за десет денари

Цигарите поскапи за десет денари

За дури 10 денари се поскапи цигарите. Поскапувањето  беше најавено уште минатиот месец.
Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.
Секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Read More

Фирмите што аплицирале за државна помош, не може да добијат субвенции за минимална плата

Фирмите што аплицирале за државна помош, не може да добијат субвенции за минимална плата

Компании кои веќе добиле државна помош за време на пандемиската криза, сега нема да можат да добијат субвенции за минималната плата. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи признава дека тоа е направено за да нема концентрација на државна помош на исто место и за иста намена.
Клучен услов кој ја ограничува можноста за субвенции на дел од придонесите од 1.197 денари по вработен, е фирмиата да не биде корисник на државна помош за зголемени плати од…

Read More

(ВИДЕО) Со проширување на зоната Б, до повеќе паркинг места

(ВИДЕО) Со проширување на зоната Б, до повеќе паркинг места

Приоритет на јавното претпријатие „Куманово паркинг“ оваа година ќе биде проширување на Б зоната за паркирање, и намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, информираше новиот директор Сашо Петрушевски. Тој нагласи дека програмата за тековната година е изгласана на Советот, па јавното претпријатие веќе е во фаза на подготовка на нови паркинг места на јавно прометните површини.
-Општина Куманово заедно со јавните претпријатија кои се задолжени за таа работа „Куманово План“ пред се, потоа ЈП…

Read More

Можен штрајк, доколку не се покачи платата на наставниците

Можен штрајк, доколку не се покачи платата на наставниците

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков најави дека деновиве ќе се одржи средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и доколку не се најде заедничко решение, ќе следува штрајк.
Тој додава дека имаат текст од колективен договор подготвен од работни групи на МОН и на СОНК, а тоа што го бараат во однос на усогласувањето со минималната плата од 18.000 со колективните договори, ќе биде вградено и во колективните договори, каде што основица за пресметка…

Read More

Поскапе автобускиот билет за релацијата Куманово -Скопје

Поскапе автобускиот билет за релацијата Куманово -Скопје

За 30 денари во еден правец поскапе автобуската карта за релацијата Куманово- Скопје и сега чини 150 денари.  До лани напролет билетот беше 100 денари, по што беше покачен за 20 денари, а сега достигна 150.
Цените во меѓуградскиот превоз со автобуси имаат нова цена, па така најатрактивната тура до туристичкиот појас покрај Охридското Езеро скокна над 11 евра. Односно релацијата Скопје-Охрид е со билети од 680 денари. Повратната е поефтина варијанта и за два правци…

Read More
1 329 330 331 332 333 885