(ВИДЕО) Интервју со Никола Котески

(ВИДЕО) Интервју со Никола Котески

„Активен живот со високи психофизички и ментални перформанси“ е стручно-научен труд на авторот Никола Котески, кој неодамна беше промовиран пред кумановската јавност. Вечерва во 20 часот, проследете го интервјуто со Котески, професор во пензија, фудбалски тренер и натпреварувач во маратонско трчање.

Read More

(ВИДЕО) Обичаите поврзани со Василица исчезнуваат

(ВИДЕО) Обичаите поврзани со Василица исчезнуваат

Православните верници денеска го слават споменот на Свети Василиј Велики, а воедно го празнуваат  и почетокот на новата година по Јулијанскиот календар, но и празникот Обрезание Господово. Со празникот Василица се поврзуваат повеќе обичаи кои се практикувале во минатото во Куманово, но, денеска најголем дел од нив се исчезнати. Единствено етнолозите преку документирање со фотографии и видеозаписи и преку презентирање на јавноста се обидуваат да ги зачуваат од заборав, вели Фросина Лазаревска од НУ Музеј…

Read More

( ВИДЕО) Алексовска: Градинка не може редуцирано да користи гас

( ВИДЕО) Алексовска: Градинка не може редуцирано да користи гас

Директорката на детската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска, во врска со откажувањето на затоплување со гас во два објекта, вели дека така одлучиле откако од претходниот директор на ЈП „Куманово- гас “ добиле информација дека не само што цената на гасот е многу зголемена,  туку и дека имаат ограничена количина на гас.
Повеќе од изјавата на Алексовска.
 

Read More

(ВИДЕО) Дел од потрошувачите се откажаа од затоплување на гас

(ВИДЕО) Дел од потрошувачите се откажаа од затоплување на гас

Библиотеката „Тане Георгиевски“, домот за стари лица „Зафир Сајто“, градинките „Развигорче“ и „Синоличка“, се меѓу поголемите објекти кои веќе не користат гас за затоплување, откако цената на природниот енергенс се зголеми за повеќе од двеста проценти, односно од 30 на 80 денари за метар  кубен за потрошувачите, информираше денеска новоназначениот директор на ЈП „Куманово-гас“, Марко Митровски. Најави за откажување од користењето на гас има и од гимназијата „Гоце Делчев“, а болницата распишала тендер за снабдување…

Read More

Санкционирани 112 возачи во Македонија

Санкционирани 112 возачи во Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 112 возачи.
Од нив, две возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 54 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 58 надвор од населено место.

Read More

Јануари- месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката

Јануари- месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката

Месец јануари е месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката кој претставува четврт најчест карцином помеѓу жените. Меѓународната агенција за истражување за рак се фокусира на три приоритети кои имаат влијание врз намалувањето на оптоварувањето од ракот на грлото на матката на глобално ниво. Тоа се: (1) вакцинација против ХПВ, (2) навремено лекување на предраковите промени на грлото на матката (3) унапредување на опфатот на жените со скрининг на рак на…

Read More

29 случаи на сезонски грип во Куманово

29 случаи на сезонски грип во Куманово

Вкупно 29 случаи на сезонски грип биле регистрирани во Куманово во текот на првата недела од 2022 година, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Вкупно оваа сезона во Куманово биле регистрирани 108 случаи, од кои поголемиот дел во декември или вкупно 79.
Најмногу заболени од грип имало во возрасната група од 15 до 64 години или вкупно 62 лица. Дваесет и шест лица биле во категоријата од 5 до 14 години, 11 деца на возраст до…

Read More

(ВИДЕО) Одбележани 78 години од битката кај Пелинце

(ВИДЕО) Одбележани 78 години од битката кај Пелинце

Годинава се навршуваат 78 години од борбата во село Пелинце и загинувањето на Ангел Лазаревски – Шајче и Трифун Ангеловски – Летеќи, борци на Кумановскиот партизански одред.
Традиционалното одбележување е организирано од Општинскиот одбор на Сојуз на борци од Куманово.

Read More

Приведени кумановци осомничени за подметнување пожар

Приведени кумановци осомничени за подметнување пожар

Две лица од Куманово на возраст од 27 и 33 години биле приведени вчера попладне под сомнение дека запалиле автомобил на свој сограѓанин. Според полицијата, на 08.12.2021 на булеварот „Трета МУБ“ двајцата, сега приведените, предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

(ВИДЕО) Две седмици без општински линиски превоз

(ВИДЕО) Две седмици без општински линиски превоз

Граѓаните на Куманово и околината се уште мака мачат како да стигнат навреме на работа, на лекар, во градинка, зависно кој каде има потреба да се оди, откако од први јануари градот остана без општински линиски превоз. Тендерот е отворен, надлежната комисија работи секој ден, постапката е во тек, но и денеска нема одлука кој ќе ги превезува граѓаните во наредните години. На тендерот се пријавиле неколку превозници кои конкурирале за 24 линии во општината.
Граѓаните,…

Read More
1 357 358 359 360 361 885