Намалени гужвите за пасоши

Намалени гужвите за пасоши

Повеќе од триста барања за издавање патна исправа дневно биле поднесувани минатата недела во Секторот за внатрешни работи во Куманово. Ова најверојатно е последица на настанатата ситуација во населбата Тоде Мендол, па во периодот од 11 до 15 –ти мај бројот на подносителите на барањата беше зголемен дури за четири пати од вообичаената бројка. За да се избегне метеж по ходниците во  полицијата и да не се одолговлекува постапката, во посочениот период, за сликање за…

Read More

Куманово го пречекува Работнички без публика

Куманово го пречекува Работнички без публика

Куманово утревечер го пречекува тимот на Работнички во кумановската спортска сала. Натпреварот ќе биде одигран без присуство на публика, поради поголема безбедност на граѓаните. Ова е одложениот натпревар од деветото коло на кошаркарската Суперлига кој требаше да се одигра на 13 мај, но беше презакажан поради вооружените напади во Куманово на 9ти и 10ти месецов.Овој меч нема натпреварувачко значење, бидејќи веќе се познати полуфиналните двојки за натпреварување во кошаркарскиот шампионат.
Кошаркарите на Куманово сметаат дека отсуството на граѓаните и навивачката група…

Read More

Заврши евиденцијата на оштетените куќи

Заврши евиденцијата на оштетените куќи

Заврши евиденцијата на оштетените куќи и помошни објекти во населбата „Тоде Мендол“. Според надлежните, тоа значи врз основа на фактичката состојба да се утврдат штетите односно членовите на комисијата да евидентираат што и колку има оштетено во 48 часовната полициска акција за разбивање на терористичката група.
-Самата евиденција се состоеше од евиденција на градежни објекти и движните предмети. За движните ствари само имаме сознание дека она што имало во куќите најверојатно ќе се дава некоја нивна…

Read More

Кумановци аплицираат за субвенции

Кумановци аплицираат за субвенции

Околу 40 проценти од вкупниот број евидентирани земјоделци во кумановскиот регион поднеле барање за субвенции во подрачното министерство за земјоделство. Дел од кумановци со поплаки дека и годинава нема подобрувања во однос на ажурноста на службите и најмалку по два пати доаѓаат да поднесат барање. Велат, формуларите наместо бесплатно да ги добиваат од надлежното министерство- ги купуваат, а некои земјоделски производители самоиницијативно плаќаат и за потполнување на барањата, од 50 до 100 денари за образец.
-Пред…

Read More

Улицата „11 октомври“ под полициска блокада

Улицата „11 октомври“ под полициска блокада

Од ноќеска улицата „11 Октомври“ е блокирана за сообраќај. Полициската станица, општината, основниот суд,  фондот за пензиско и здравствено осигурување, поштата, џамијата, уметничката галерија се под силно полициско обезбедување. Но, и покрај зголеменото присуство на безбедносните сили во центарот на Куманово, вработените во сите државни и општински институции  кои се наоѓаат на посочената улица се на своите работни места и нормално функционираат. За разлика од „11 Октомври“, улицата „Тодор Велков“ која поминува кај Агенцијата за…

Read More

Премиерно изведена претставата „Сомнително лице“

Премиерно изведена претставата „Сомнително лице“

Друштвото на пензионери на Куманово, синоќa премиернo ja  изведe претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Лазар Ѓорѓевиќ. Театарската претстава се игра по повод 150 години од раѓањето на Нушиќ. Присутната публика во МКЦ „Козјак“, кадешто се оддржа премиерната изведба, со аплаузи ги поздрави своите постари сограѓани. Режисерот Ѓорѓевиќ, вели дека претставата е разбирлива и наменета за сите грѓани, бидејќи во нејзината содржина е претставено бирократското однесување на едно општество од минатото, кое…

Read More

СДСМ повикува на масовен протест

СДСМ повикува на масовен протест

Општинската организација на СДСМ ги повика сите заинтересирани граѓани да се приклучат на масовниот и ненасилен протест, кој треба да се одржи  во недела во Скопје. Тие истакнаа дека на 17-ти ќе излезат на улица, каде што планираат да останат се додека не се случи пораз на власта, за која што велат дека од ден на ден им ја одзема иднината.
-Македонија е земја во која демократијата е мртва, а граѓаните се жртви на насилниот режим…

Read More

Зголемено присуство на полиција во Куманово

Зголемено присуство на полиција во Куманово

Низ улиците во градот е забележливо зголемено полициско присуство. Припадници на безбедносните сили ги блокираа улиците „11 Октомври“ и „Тодор Велко“, каде што се наоѓаат повеќе државни и локални институции и на истите не е дозволено движење на возила.
Од МВР изјавија дека преземаат мерки поради безбедносната состојба во градот.
За потсетување, минатиот викенд полицијата спроведе акција за разбивање на терористичка група во „Тоде Мендол“. Во истата загинаа осум припадници на безбедносните сили, а 40-ина беа повредени,…

Read More

Штрајк во ФЗЦ

Штрајк во ФЗЦ

Прекинат е процесот на производство во фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„. Вработените во ФЗЦ од утрово протестираат заради 10 неисплатени плати и придонеси. Тие денеска блокирајќи го влезот на фабриката не дозволија надлежните да влезат во управната зграда. Заостанатите плати ги бараат од актуелното раководство.
– Ние со Квалитет -пром немаме ништо, Квалитет-пром на овие луѓе ништо не им е должен. На фабриката е должен Слободан Богдановски, извршен директор, кој е должен  на…

Read More

Продолжуваат проценките на оштетените куќи

Продолжуваат проценките на оштетените куќи

Интензивно се врши проценка на штетите во населбата „Тоде Мендол“. Општинската комисија од утрово повторно е на терен. Од 66- те оштетени куќи во текот на вчерашниот ден се проценети 14 домови, а слична бројка надлежните очекуваат и за денеска.
-Во тие 66 домови имаме околу 121 до 128 семејства, со таа првична бројка располагаме. Овој список ќе биде по основ за првичната помош што треба да ја добијат граѓаните во тој дел на градот, што…

Read More
1 358 359 360 361 362 369