(ВИДЕО) Гимназијата – домаќин на ученици и наставници од европски држави

(ВИДЕО) Гимназијата – домаќин на ученици и наставници од европски држави

Ученици и наставници од Турција, Литванија и Бугарија неделава престојуваат во Куманово во рамките на Еразмус + проектот „Заштита на животната средина“. Домаќин на активностите е гимназијата „Гоце Делчев“, а освен спомнатите држави, партнер во проектот е и училиште од Италија, но заради тамошните строги ковид протоколи, нивните претставници не пристигнаа на третата мобилност во Македонија.
-Денеска за почеток прво го претставивме нашето училиште, земја, нашиот град, учениците се запознаа, а потоа ќе дебатираат на тема…

Read More

Избрана компанија за санација на спортската сала

Избрана компанија за санација на спортската сала

Избрана е компанијата што ќе ја санира внатрешноста на спортската  сала. Станува збор за компанијата „Мастер ДООЕЛ“.  Според договорот објавен на електронскиот систем за јавна набавка, вредноста на склучениот договор со вклучен данок на додадена вредност е над 12 милиони денари.

Read More

40 новозаболени кумановци, 207 во изолација

40 новозаболени кумановци, 207 во изолација

40 новозаболени од коронавирусот во Куманово, а 813 нови случаи во државата регистрира министерството за здравство во последните 24 часа. Оздравени се 18 кумановци, а меѓу починатите во изминатото деноноќие нема наши сограѓани. Бројот на активни случаи во Куманово изнесува  259.
Инаку, на подрачјето на Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане според евиденциите на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица , додека 40 лица потпишале изјави за самоизолација. Поднесени се 18 кривични пријави за…

Read More

(ВИДЕО) Куманово подготвено за зимско одржување на улиците

(ВИДЕО) Куманово подготвено за зимско одржување на улиците

Куманово е подготвено за зимско одржување на патиштата и улиците, информираа денеска надлежните од општина Куманово. Покрај градот, избраната компанија е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово. Во чистењето на градот вообичаено се вклучуваат и екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“.
 

Read More

Снежни врнежи во Куманово, службите за зимско одржување на терен

Снежни врнежи во Куманово, службите за зимско одржување на терен

Интензивни врнежи од снег денеска напладне го зафатија кумановско.
„Службите  за зимско одржување се на терен, распрскуваат течност против подмрзнување на коловозот“, објави на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.
Екипите на ЈП „Чистота и зеленило” се распоредени во централното градско подрачје, се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони, додава Димитриевски.

Read More

(ВИДЕО) И Карап маала со заедничка прослава на Бадник

(ВИДЕО) И Карап маала со заедничка прослава на Бадник

Заедничко празнување на Бадник денеска организираа и граѓаните на Карап маала. Традиционално, со осветување на бадниковата трпеза, кршење на лепче со паричка и останатите обичаи поврзани со денешниот празник, овие кумановци уште еднаш покажаа дека ги негуваат добрососедските односи.
Кума за наредната година на Бадниковата прослава е Даниела Димковска.
 

Read More

(ВИДЕО) ЗГ „Коледари“ ја продолжи традицијата

Здружението на граѓани „Коледари“, по повод Бадник, предвесникот на Христовото раѓање ја продолжи традицијата со организирање Бадников собир.
Од црквата Свети Никола коледарите се упатија на плоштадот кај центарот за култура, каде што празнувањето продолжи со оро и песна. На присутните граѓани им беа поделени бадникови гранчиња, овошје, топол чај и ракија.
Кумови на манифестацијата се членовите на мото клуб „Мечки“.
 

Read More

(ВИДЕО) „Празниците зближуваат“ во гимназијата „Гоце Делчев“

(ВИДЕО)  „Празниците зближуваат“ во гимназијата „Гоце Делчев“

Гимназијата „Гоце Делчев“  денеска беше домаќин на традиционалната манифестација „Празниците зближуваат“ од проектот Безбедни училишта, на Отсекот за превенција при СВР Куманово.
Следната година Бадник ќе се прославува во државното средно училиште„ Киро Бурназ“, а и паричката денеска се падна кај директорката Весна Трајковска.
 

Read More

(ВИДЕО) Божиќната пештера на градскиот плоштад

(ВИДЕО) Божиќната пештера на градскиот плоштад

Здружението„ Бадникови поворки“  по седми пат го одбележа денешниот празник Бадник. На градскиот плоштад беше поставена Божиќната пештера, а беа поделени бадникови колачиња и божиќни ѕвезди на случајните минувачи. Претходно, на неколку локации во градот беа поставени кутии за донации, а со средствата беа подготвени пакети за семејствата во социјален ризик. Химна на Бадниковите поворки е песната Вечниот Бог.

Read More

Денеска е Бадник, утре е Божиќ

Денеска е Бадник, утре е Божиќ

За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејтството.
Бадниковата вечера, која е посна, треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него. Во нашиот регион, обичај е на Бадниковата вечера да се дели лепче со паричка, а верувањето е дека оној на кого…

Read More
1 360 361 362 363 364 885