(ВИДЕО) Стечајците задоволни, ќе се обештетат уште 1.100 лица

(ВИДЕО) Стечајците задоволни, ќе се обештетат уште 1.100 лица

Членовите на здружението на стечајни работници УНИТ од Куманово се задоволни од усвоените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. По измените на ниво на државата ќе бидат опфатени дополнителни 1.100 стечајци. Тие ќе добиваат месечен надоместок од над 9.000 денари. Најголем број од лицата кои по овие законски измени ќе бидат обештетени се од Куманово, Велес и Штип.
-Петти пат како се поднесува ова решение…

Read More

Седум лица казнети заради маска на подрачјето на СВР Куманово

Седум лица казнети заради маска на подрачјето на СВР Куманово

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.07/16.07.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово седум лицa не ја почитувалe, од кои четири во Крива Паланка и три лица во Кратово.  За истите ќе следуваат  соодветни  мерки, информира СВР Куманово.
 

Read More

Нема новозаболени кумановци, 18 нови случаи во државата

Нема новозаболени кумановци, 18 нови случаи во државата

18 нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани изминатото деноноќие, информира министерството за здравство. Најмногу новозаразени има во Тетово – 8, потоа Скопје – 4, Гостивар и Охрид по 2,  Радовиш и Дебар по 1.
Оздравени се 5 пациенти, а починати нема. Бројот на активни случаи во државата изнесува 236. Во Куманово има 11 активни случаи на ковид-19.
 

Read More

Приведен кумановец баран по потерница

Приведен кумановец баран по потерница

СВР Куманово информира дека синоќа околу 22 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, бил лишен од слобода  32 годишен кумановец бидејќи по извршена контрола било констатирано дека се барал по потерница од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за…

Read More

(ВИДЕО) Предности и недостатоци на селото Пчиња

(ВИДЕО) Предности и недостатоци на селото Пчиња

Дали е подобро да се живее во градска средина или на село, кои се предностите и недостатоците на таквиот начин на живот?, прашање кое што честопати го поставуваат голем број граѓани. Телевизија Плус деновиве го посети селото Пчиња кое што се наоѓа на осум километри од центарот на Куманово. На прв поглед, селото е толку близу до градот, но доколку прошетате низ Пчиња прво ги забележувате недостатоците, а дури потоа убавините на селото. Ова го…

Read More

(ВИДЕО) СДСМ: Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени

(ВИДЕО) СДСМ: Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени

-Владата предводена од СДСМ се грижи за граѓаните. Деновиве е претставен новиот предлог на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Со овој предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена која се донесе, речиси 13 илјади лица…

Read More

Изгласани законските измени за намалување на ДДВ за струја, од 18 на 5 отсто

Изгласани законските измени за намалување на ДДВ за струја, од 18 на 5 отсто

Парламентарното мозинство вчера попладне ги усвои измените во Законот за додадена вредност. Со нив, ДДВ за струјата, од 18, се намалува на 5 отсто, со што сметките на граѓаните нема да бидат зголемени, и покрај покачувањето на цената на струјата од 1 јули, за 12,3 отсто. Намалената стапка ќе важи од денот на влегување во сила на законските измени до 30 јуни 2022 година.

Read More

МЗ: Вакцијацијата ги намалува компликациите и смртен исход од болеста

МЗ: Вакцијацијата ги намалува компликациите и смртен исход од болеста

Вакцините против Ковид 19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста, за да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани.
Вакцини во нашата земја има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично, за релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста : 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над…

Read More

36 возачи казнети за пребрзо возење на територијата на Крива Паланка

36 возачи казнети за пребрзо возење на територијата на Крива Паланка

СВР Куманово информира дека вчера во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на Крива Паланка спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 36 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. СВР Куманово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Read More

(ВИДЕО) Нема сериозни индиции за раст на мигрантскиот бран

(ВИДЕО) Нема сериозни индиции за раст на мигрантскиот бран

Не постојат сериозни индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантскиот бран, но државата е подготовена да одговори на секој предизвик, смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по најновите случувања во Авганистан.

Read More
1 476 477 478 479 480 885