ВИДЕО: „Куманово Паркинг“ со позитивен извештај

ВИДЕО: „Куманово Паркинг“ со позитивен извештај

Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“ има подобрување на финансиското работење. Ова беше истакнато на последната седница на Советот на општина Куманово, каде беше разгледан извештајот за работа за 2022 година и за последното тромесечје. Истото остварило зголемување од над 4 милиони денари, како резултат на остварени поголеми приходи од расходи. Разликата како што посочија советниците во споредба со претходната година кога биле 24 милиони денари, сега приходите изнесуваат 31 милион денари.

 

Read More

Промовиран најновиот роман на Венко Андоновски

Промовиран најновиот роман на Венко Андоновски

Пред голем број љубители на пишаниот збор вчеравечер  во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ се одржа промоцијата на најновиот роман на авторот Венко Андоновски – Папокот на светлината.
Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ до сега е печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Делата му се преведени на десетина јазици. Досега најновиот роман Папокот на светлината е продаден во…

Read More

ВИДЕО: Книжевна вечер со Мома Стефановиќ

ВИДЕО: Книжевна вечер со Мома Стефановиќ

„О жени коју волиш“,  е насловена книгата од српскиот писател, публицист и книжевник Мома Стефановиќ што ќе биде претставена пред кумановската јавност на сосема поинаков начин од вообичаените промоции в понеделник во просториите на Занаетчискиот дом во 19 часот. Стефановиќ доаѓа во Куманово на покана на Катрин Михајловиќ, член на граѓанското здружение „За наше Куманово“ која, како што вели, сосема случајно почнала да го следи на социјалната мрежа Инстаграм, откако вниманието и го привлекло еден…

Read More

Приведена кумановка, осомничена за кражба

Приведена кумановка, осомничена за кражба

Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24 години) од Куманово.
Таа се сомничи дека на 07-ми март влегла во приватен имот на улицата „100“ во Куманово и одзела пари.
М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Read More

Приведен кумановец, осомничен за пожар

Приведен кумановец, осомничен за пожар

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.В. (18 години) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово предизвикал пожар, при што била запалена трева. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

ВИДЕО: Сточари од неколку села повторно на протести, не дозволуваат уништување на свињите

ВИДЕО: Сточари од неколку села повторно на протести, не дозволуваат уништување на свињите

Сточари од неколку кумановски села денеска повторно излегоа на протест. Тие порачаа дека нема да дозволат да се уништуваат свињите, откако добиле сознанија дека надлежните планираат да влезат во селата. Информираат дека овие месеци не добиле никакво решение за присуство на африканската чума кај нивните животни. Појаснуваат дека голем дел од селата живеат токму од сточарството.

Read More

ВИДЕО: Невработените ќе го дооформат образование преку „Втора шанса“

ВИДЕО: Невработените ќе го дооформат образование преку „Втора шанса“

Седумнаесет невработени лица од Куманово ќе имаат можност да го дооформат своето образовние во кумановските средни училишта, во рамки на проектот „Втора шанса“ кој го спроведува Центарот за вработување со поддршка на ИПА фондовите од Европската унија.  На лицата ќе им се овоможи полесно да се вклучат на пазарот на труд.

Read More

ВИДЕО: СТАВ со Бобан Бојковски и Зоран Пешевски

ВИДЕО: СТАВ со Бобан Бојковски и Зоран Пешевски

-Кој ќе ја понесе одговорноста за нападот на осумте граѓани од расно куче „азијат“ во централното градско подрачје, пет дена по немилиот настан откриен ли е сопственикот на кучето, ја тужат ли кумановци општината доколку се нападнати од бездомно куче?
Ова се само дел од темите на кои што вечерва разговараме со раководителот на Одделението во Секторот за инспекциски надзор, Бобан Бојковски и со генералниот директор на Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово, Зоран Пешевски.

Read More

МВР: 230 санкции за брзо возење

МВР: 230 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 123 возила ја пречекорилe брзината…

Read More

Боксери од Куманово освоија награди на меѓународни турнири

Боксери од Куманово освоија награди на меѓународни турнири

Бајрам Мамутовски  од Боксерски клуб Куманово е прогласен за најдобар боксер на меѓународен турнир во Бујановац. Мамутовски и боксерот Фурхан Јашаровски своите борбени вештини ги демонстрирале во повеќе категории во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, освојувајќи златен и сребрен медал на меѓународните турнири одржани во Бујановац и Бања Лука. Тие вчера осварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека општина Куманово продолжува да го поддржува неуморниот труд на нашите спортисти, кои редат бројни успеси и…

Read More
1 3 4 5 6 7 769