Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во месната заедница во населбата Железничка станица. Претседателот на Здружението, Стефан Јовановски истакна дека според последните податоци во Општина Куманово има над 6.500 лица заболени од дијабетес, од кои повеќе од 2.000 се на секојдневна инсулинска терапија.
-Како приоритетна цел и улога на нас како здружение, кое освен Куманово ги покрива и Липково и Старо Нагоричане ни е навремено откривање…
Ротатор
Мештаните на Железничка станица немаат асфалт
Жителите на двете улици во населбата Железничка станица, со години се без асфалт. Иако на ова место се доселиле уште во 70-тите години, револтирано раскажуваат дека се принудени секојдневно да се движат по дупки, а кога ќе завре газат кал до колена. Велат дека до сега не наишле на разбирање кај надлежните за решавање на овој сериозен инфраструктурен проблем.
-Не е само пат, јас сум од 70-ти години овде, ништо нема, сами струја воведовме, вода, телефон,…
Десетина мигранти вратени од српската граница
За десетина мигранти и денеска остана затворена српската граница. Откако биле пропуштени 390 мигранти кои што утрово пристигнале со воз од Гевгелија, на последната група не им бил дозволен влез на српската територија.
-Имаме документи, но не не пуштаат. Велат да се вратиме назад, а не ни објаснуваат зошто. Јас сум од Сирија и веќе седум дена сум во транзитниот центар Табановце. Други доаѓаат од Гевгелија и заминуваат, а мене не ме пуштаат.
– Од утринава сме…
Се намалува бројот на заболени од грип
187 граѓани заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје во Куманово последнава недела. Во однос на претходните седум дена кога биле регистрирани 247 заболени од грип сега бројката е намалена. Според надлежните на Центарот за јавно здравје, се уште не може да се каже дека сезоната на грипот завршува, но веќе почнува да се чувствува благо намалување на заболените од грип. Најзастапената возрасна група вообичаено е од 15 до 64 години, а потоа следи…
Read More„Даја“ со проект за интеграција на малцинствата на пазарот
„Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ е насловот на новиот проект кој започна да го реализира ромска невладина организација за жени „Даја“. Целта на проектот е да се подобри процесот на интеграција на младите лица и жени од етничките малцинства, преку зголемување на конкурентноста, зајакнување на капацитетите за вработување и самовработување, поттикнување и формирање на нови бизниси и еднаков пристап за искористување на можностите кои постојат….
Read MoreНедостигаат дефектолози за лицата со посебни потреби
Иако постојано се зголемува бројот на деца со посебни образовни потреби, во градот од 22, само во четири училишта, има вработено дефектолози. Ова беше истакнато на денешната трибина на тема „Состојбата и предлог мерки за олеснување на инклузијата во образовниот процес на лица со посебни потреби во Куманово“, којашто ја организираше Секторот за образование при локалната самоуправа. Според податоците во основните и средни училишта во Куманово, дури 400 деца се со посебни потреби, а нема…
Read MoreСтечајците започнуваат со протести
Со блокади на влезовите пред Куманово и Скопје, и протести на главните крстосници, стечајците од здружнието УНИТ, од наредната недела планираат да ги бараат своите права. Лицата кои останале без работа по основ на прогласување ликвидација, стечај или технолошки вишок во претпријатија во кои работеле, бараат да бидат обезбедени со само 100 евра месечно до пензија.
-Ако не вроди плод и тие блокади и протестите останува онаа опција што сме договорени координатори од сите градови да…
Лајонс клуб Куманово ќе организира „Чваркаријада “ во сабота
„Чваркаријада“ со хуманитарен карактер ќе биде организирана в сабота со почеток во 12 часот во ресторан Грација. Забавата ќе биде отворена за сите заинтересирани граѓани и љубители на чварките и другите кумановски традиционални специјалитети, вели организаторот Влајко Стојчевски.
-Оваа забава ја правиме на ниво на Македонија и вообичаено сите 20 лајонс клубови од Македонија доаѓаат на манифестацијата со која сакаме да ја одржиме нашата македонска традиција , тука во дворот ќе има казан во кој ќе…
Изработка на Регистар на потенцијали за рурален туризам
Во рамки на активностите за изработка на „ Регистар на потенцијали за рурален туризам во СИП Регион денеска се одржа првата работилница на која беа презентирани моделите на квантитативно истражување и методологија на спроведување на квалитативно истражување. На презентацијата која беше во организација на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, учествуваа преставници од општините од североисточниот регион,земјоделци,граѓански здруженија како и преставници на бизнис заедницата.
-Денес започнуваме со нов проект финансиран од Министерството за локална самоуправа и УНДП за квалитативно…
Демант на Вукашин Мандиќ
Кошаркарот на Куманово Вукашин Мандиќ кој по претходните превирања во клубот беше прозван во некои медиуми, одлучи да даде демант на обвинувањата упатени на негова адреса. Мандиќ денеска одговори во однос на критиките сметајќи дека на тој начин ќе се смират страстите.
Read More