Изградбата на канализациона мрежа во Тромеѓа може да се случи најрано на почетокот на 2019-та година, истакна на денешната седница на Советот на Општина Куманово, првиот човек на градот, Максим Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање. Имено советникот Ненад Ѓорѓевиќ го праша градоначалникот на Куманово, дали се планира изградба на водоводна и канализацизиона мрежа во руралните средини, но и до каде е постапката со Тромеѓа.
-Првото прашање се однесува директно до градоначалникот дали имате конктретни информации кога…
Ротатор
„Лежечки полицајци“ –отстранување или легализирање ?!
-Дали и кога општината ќе преземе нешто во врска со обликот и начинот на поставување на т.н . лежечки полицајци во градот ?, беше едно од трите прашања на кое што советникот Драган Петковски бараше одговор од градоначалникот Максим Димитриевски на денешната седница за советнички прашања. Петковски го поздрави поставувањето на средствата за забавување на сообраќајот кај гимназијата „Гоце Делчев“, но како негативен пример ја потенцираше улица 100 во населбата Карпош каде што веќе изградените…
Read MoreАтлетичарите повторно најдобри во државата
На Младинскиот куп во Атлетика кој викендов се одржа во Скопје, Атлетскиот клуб Куманово повторно прикажа целосна доминација врз останатите клубови од државата.
Машката конкуренција го освои првото место, додека женскиот дел не успеа да брилира доволно. Сепак збирно со сениорските категории, клубот на крајот на оваа година повторно ќе ја добие наградата за најуспешен атлетски состав во Македонија
– Поените се собираат од сите четири екипи, на крајот на годината се пресметува кој е клубот со…
Утревечер ќе игра претставата „Вдовицата се мажи“
Во рамки на фестивалот Денови на комедија утревечер во 20 часот, во Центарот за култура ќе игра претставата Вдовицата се мажи, која е во режија на Младен Крстевски, а во изведба на театарот Јордан Хаџи Костантинов Џинот од Велес. Комедијата е адаптација на едночинката Мечка од Антон Павлович Чехов.
Претставата на комичен начин за гледање ја раскажува приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од…
Закочи доградбата на училници во „Христијан Карпош“
Деталниот и генералниот урбанистички план ја закочија доградбата на училници во основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, информираше на последната седница на Советот на Општина Куманово, директорката Лидија Костиќ.
Имено се работи за проект на кој аплицираше училиштето уште во 2014-2015-та година, а кој предвидуваше изградба на 10 училници, кои требаше да се градат на локација, каде пред неколку години беше отпочната изградба на сала.
Како што објасни директорката, по доставување на целосната документација проектот…
Црвениот крст освои второ место на државен натпревар
Општинската организација на Црвениот крст со својата екипа по прва помош учествуваше на 27-от по ред државен натпревар кој се одржа минатата недела во Кичево. Во исклучително силна конкуренција на 28 екипи од исто толку општински организации од Македонија, екипата од Куманово го освои високото 2 место.
-Нашата екипа се состоеше од шест члена јас бев тим лидерот и навистина беше тешко. Минатата година имаме освоено шесто место од првите пет мислам дека беа екипите на…
Се одбележува детската недела
Под мотото „ Градиме мостови, чекориме напред “ годинава се одбележува детската недела. По тој повод , градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска на Светскиот ден на детето организираше свечен прием за децата од градинките, учениците и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата.
Димитриевски им посака успех во образованието, а пак децата се интересираа за работните обврски на градоначалникот, колку трае работното време на вработените во општината и други интересни прашања, а му подарија и рачно изработена…
Утре започнува фестивалот „Денови на комедија“
Со претставата „Kако да се ограби банка “ во изведба на Драмски театар Скопје, утревечер во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе започне 21- от Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија 2018“. На годинешнава манифестација ќе учествуваат 14 театри, од кои девет од Македонија и пет од Србија, Црна Гора, Бугарија и Ерменија. Фестивалот кој е во организација на центарот за култура има ревијален карактер и ќе трае до 18 -ти октомври.
-Претставата од Ерменија ќе…
89,9 отсто од граѓаните на Куманово гласаа „ЗА“
На прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, вчера позитивно се изјасниле 89,9 отсто од граѓаните на Куманово кои излегле на гласање, против биле 6,73 отсто од гласачите, а процентот на неважечки ливчиња изнесува 3,36.
На гласањето излегле само 36,29 отсто од граѓаните со право на глас, чија што бројка изнесуваше 92.691. „ЗА“ гласале 30.243 граѓани, „ПРОТИВ“ се изјасниле 2.265 кумановци, а неважечки биле…
„Инклузива“ со неколку забелешки од референдумот
Осумдесет проценти од објектите за гласање беа непристапни за лицата со инвалидска количка, констатираа од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива, кое го набљудуваше референдумот со 40 акредитирани набљудувачи. Од здружението истакнаа дека и покрај сите заложби и овој пат лицата со попреченост биле спречени да го остварат своето право на глас. Додаваат дека иако во училиштата имало празни училници на првиот кат, гласањето се спроведувало на вториот. Освен непристапноста, нотирале и…
Read More