Усвоени финансиските извештаи на „Пазаришта “

Усвоени финансиските извештаи на „Пазаришта “

Колку лица се вработени преку Агенцијата за привремени вработувања во јавното претпријатие „Пазаришта“, колку вкупно вработени има, зошто доцнат платите, но и кога ќе бидат ставени во функција тоалетите на зелениот пазар беа дел од прашањата кои што советниците од опозицијата во советот ги упатија до директорот Илир Саити , на вчерашната седница.
-Ако се спореди првиот  квартал во 2017-та  и првиот  квартал во 2018 –та година се гледа драстична разлика , петкратно зголемување на средствата…

Read More

Амбасадорот Бејли во посета на општината

Амбасадорот Бејли во посета на општината

„Подолг временски период во Куманово недостасуваат капитални инвестиции во делот на воспитно – образовниот процес“ , констатирале заедно на денешната средба во општината , градоначалникот Максим Димитриевски и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли . Димитриевски му се заблагодари на американскиот амбасадор за посетата , но истовремено, како што вели градоначалникот и за сето она што американските граѓани го прават за нашиот град во делот на имплементацијата  на голем број на проекти претставени преку…

Read More

Петковски: Спасовски да се заложи за криминалитетот во градот

Петковски: Спасовски да се заложи за криминалитетот во градот

Координаторот на советничката група на Коалицијата за подобра Македонија, Драган Петковски упати апел до министерот за внатрешни работи да обрне внимание на својот град, бидејќи во последните шест месеци криминалитетот во Општина Куманово е зголемен дури за 20 проценти.
-На денешната седница на Советот на Општина Куманово како прва точка се разгледа извештајот за работата на полициската станица од општа надлежност Куманово. Во овој извештај видовме еден фрапантен податок дека во последните шест месеци криминалитетот во…

Read More

Спасовски: Да заокружиме „за“ за нашата иднина

Спасовски: Да заокружиме „за“ за нашата иднина

Секој глас „за“ носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови, повисоки плати, нови работни места, влог во инфраструктурата, посочи на денешната прес-конференција членот на надзорниот одбор на СДСМ, Марјан Спасовски.
Тој истакна дека Македонија со влегување во Европската унија добива можности за развој, кој ќе придонесе државата да го фати текот со светот.
-Сите држави кои се членки на овие организации имаат нагорен раст на економијата. Со влегувањето во НАТО и ЕУ нашата држава станува сигурен партнер…

Read More

Доделени решенија за субвенции за комунални давачки на 78 лица

Доделени решенија за субвенции за комунални давачки на 78 лица

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска на 78 лица, самохрани родители,семејства во кои едниот родител е починат,  каде татковството не е признаено, а  кои имаат деца, вклучително и ученици и студенти и додели решенија за субвенции за комунални давачки кои ќе изнесуваат 1.200 денари.
Субвенцијата изнесува 900 денари за вода и 300 денари за ѓубрарина на месечно ниво. Тој посочи дека од општинскиот буџет до крајот на годината за оваа намена ќе бидат одвоени 374.000…

Read More

Вандализиран штабот на СДСМ во центарот на Куманово

Вандализиран штабот на СДСМ во центарот на Куманово

Штабот на Социјалдемократскиот сојуз кој се наоѓа во центарот на градот, поточно во зградата на Поранешен комитет, денеска неколку минути пред 11 часот е искршен од страна на засега непознат сторител.
Според очевидците непознато машко лице излегло од автомобил и со безбол палка удрило врз фотографијата на градоначалникот Максим Димитриевски.

– Закани, вандализми, демолирање. Што ѓавол влезе во нас луѓето? Зошто? Можеш да ме сретнеш слободно на улица секојдневно и да ми кажеш што имаш, да дебатираме…

Read More

Изложба „ Landscapes “ на Ангелина Поповска

Изложба „ Landscapes “ на Ангелина Поповска

Академскиот сликар Ангелина Поповска повеќе од две ипол децении работи и го дава својот придонес на полето на науката и уметноста во РМ. Освен што работи на ликовно поле, таа е истражувач, конзерватор, вработена во Националниот  конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони. На последната,  четврта самостојна изложба на слики од Поповска во Куманово, љубителите на уметноста имаа можност да видат дваесетина дела изработени на плексиглас и на стакло со комбинирана техника .
-Природата секогаш…

Read More

Димитриевски: Бизнисмените да помогнат на лицата со попреченост

Димитриевски: Бизнисмените да помогнат на лицата со попреченост

Бизнис заедницата има општествена одговорност да се вклучи во поддршка за полесна инклузија на лицата со попреченост во Куманово, порача градоначалникот Максим Димитриевски, на промоцијата на проектот „Локална прегратка“. Преку вакви проекти општината се обидува да ја разбуди свеста на граѓаните, на државните институции, но и на приватниот сектор за потребите и помошта која треба да им се пружи на овие категории на граѓани, бидејќи ,како што вели , ниту државата, ниту општината финансиски се…

Read More

Божиновски: Нема да излезам на претстојниот реферeндум!

Божиновски: Нема да излезам на претстојниот реферeндум!

„Не, јас нема да излезам на претстојниот референдум„  – рече Игор Божиновски , член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, гостувајќи во емисијата Став.
Зошто ВМРО ДПМНЕ поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, зошто договорот од Преспа, според опозициската партија е капитулантски и какви пораки испрати лидерот на ДПМНЕ , Христијан Мицкоски до своето членство од протесниот марш во Штип, ќе слушнете вечерва од Божиновски во Став, со почеток во 20 часот.

Read More

Тасевска: Младите нема да се иселуваат

Тасевска: Младите нема да се иселуваат

Членството во ЕУ и НАТО ќе значи повеќе инвестиции кои ќе отворат нови работни места, рече денеска на прес конференција пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска, која ги повика граѓаните на 30ти септември да излезат и да се изјаснат позитивно по однос на референдумското прашање.
Младите нема повеќе да сонуваат да се иселат од Македонија и да ја бараат Европа надвор од границите, рече Тасевска, која потенцираше дека Европа ќе стане наш дом, а европските…

Read More
1 731 732 733 734 735 885