22 авганистанци и 18 мигранти од Ирак изминативе два дена избегале од транзитниот центар Табановце. Тоа се случило во период кога поради лошите временски услови кампот останал без електична енергија. Мигрантите од Авганистан кои што повеќе од три недели се на Табановце велат дека вакви случаи имало и порано.
-25 дена сум во кампот, не сакам да се вратам назад. Ние изгубивме се што имаме, сакаме да живееме мирен и безбеден живот во Германија. Ги…
Ротатор
Програма за туристичка промоција на Куманово
Општина Куманово годинава ќе работи на програма за туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот. Оваа предлог програма вчера се најде на дневниот ред на Советот.
За таа цел веќе е изработена веб страна насловена „Визит Куманово“. Страницата во моментов функционира на македонски и англиски јазик, а наскоро ќе биде преведена и на албански. На неа може да се видат речиси сите туристички локалитети во североисточниот регион, угостителски објекти, односно се…
Жените рамо до рамо со колегите во армијата
Меѓународниот ден на жената -8 март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да…
Марш за родова рамноправност
По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, денеска во центарот на градот, по втор пат се одржа марш за родова рамноправност. Членови на невладини организации, ученици и граѓани од Градскиот плоштад се упатија пред споменикот на Жена борец, кадешто закачија пораки со клучни прашања кои се однесуваат на жените. Целта на маршот е да се анимира јавноста, особено младата популација за разликите во рамноправноста помеѓу мажите и жените, и да се слушнат пораките од…
Read MoreСе мереше шеќер во крв во населбата Железничка
Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во месната заедница во населбата Железничка станица. Претседателот на Здружението, Стефан Јовановски истакна дека според последните податоци во Општина Куманово има над 6.500 лица заболени од дијабетес, од кои повеќе од 2.000 се на секојдневна инсулинска терапија.
-Како приоритетна цел и улога на нас како здружение, кое освен Куманово ги покрива и Липково и Старо Нагоричане ни е навремено откривање…
Мештаните на Железничка станица немаат асфалт
Жителите на двете улици во населбата Железничка станица, со години се без асфалт. Иако на ова место се доселиле уште во 70-тите години, револтирано раскажуваат дека се принудени секојдневно да се движат по дупки, а кога ќе завре газат кал до колена. Велат дека до сега не наишле на разбирање кај надлежните за решавање на овој сериозен инфраструктурен проблем.
-Не е само пат, јас сум од 70-ти години овде, ништо нема, сами струја воведовме, вода, телефон,…
Десетина мигранти вратени од српската граница
За десетина мигранти и денеска остана затворена српската граница. Откако биле пропуштени 390 мигранти кои што утрово пристигнале со воз од Гевгелија, на последната група не им бил дозволен влез на српската територија.
-Имаме документи, но не не пуштаат. Велат да се вратиме назад, а не ни објаснуваат зошто. Јас сум од Сирија и веќе седум дена сум во транзитниот центар Табановце. Други доаѓаат од Гевгелија и заминуваат, а мене не ме пуштаат.
– Од утринава сме…
Се намалува бројот на заболени од грип
187 граѓани заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје во Куманово последнава недела. Во однос на претходните седум дена кога биле регистрирани 247 заболени од грип сега бројката е намалена. Според надлежните на Центарот за јавно здравје, се уште не може да се каже дека сезоната на грипот завршува, но веќе почнува да се чувствува благо намалување на заболените од грип. Најзастапената возрасна група вообичаено е од 15 до 64 години, а потоа следи…
Read More„Даја“ со проект за интеграција на малцинствата на пазарот
„Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ е насловот на новиот проект кој започна да го реализира ромска невладина организација за жени „Даја“. Целта на проектот е да се подобри процесот на интеграција на младите лица и жени од етничките малцинства, преку зголемување на конкурентноста, зајакнување на капацитетите за вработување и самовработување, поттикнување и формирање на нови бизниси и еднаков пристап за искористување на можностите кои постојат….
Read MoreНедостигаат дефектолози за лицата со посебни потреби
Иако постојано се зголемува бројот на деца со посебни образовни потреби, во градот од 22, само во четири училишта, има вработено дефектолози. Ова беше истакнато на денешната трибина на тема „Состојбата и предлог мерки за олеснување на инклузијата во образовниот процес на лица со посебни потреби во Куманово“, којашто ја организираше Секторот за образование при локалната самоуправа. Според податоците во основните и средни училишта во Куманово, дури 400 деца се со посебни потреби, а нема…
Read More