Промоција на книга „Емотивен талог“ од Ана Јовковска

Промоција на книга „Емотивен талог“ од Ана Јовковска

Во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Емотивен талог“ од Ана Јовковска. Промотор на книгата е Александар Прокопиев. Настанот е дел од годишната литературна програма за 2022 година подржана од Министерство за култура.
Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност, докторантка по Културолошки студии и тренер по комуникациски вештини. Со сето богато…

Read More

Промоција на делото „Тиховање, Тихување“

Промоција на делото „Тиховање, Тихување“

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Тиховање, Тихување“ од Наташа Радосављевиќ Нара од Србија. Промотор на книгата е Љупка Стојменова.
Авторката е родена во Јагодина, завршила колеџ за ликовна и применета уметност во Белград, кадешто денес живее и работи. Освен во областа на ликовната уметност се занимава и со пишување на поезија.
Член е на Здружението на српски писатели, авторка на неколку…

Read More

Нова реприза на комедијата „Секс и лаги“

Нова реприза на комедијата „Секс и лаги“

Поради големиот интерес кај публиката, Театар Куманово организира уште една реприза на комедијата „Секс и лаги“.
Претставата ќе се репризира утре во Центарот за култура со почеток во 20 часот. Комедијата која што е работена според текстот на Марк Камолети, а во режија на Драгана Таневска, ја доби наградата за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“.
Во неа играат  Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ, Анастасија Величковиќ, Александра Михајловска, Нина Максимова и Никица Јанковски.

Read More

ВИДЕО: Над 6.000 посетители годинава на „Денови на комедија“

ВИДЕО: Над 6.000 посетители годинава на „Денови на комедија“

Над 6.000 посетители годинава го посетија меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“. Кумановци уживаа во 12 претстави и една стенд ап комедија. Фестивалот традиционално го затвори кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“.

Read More

Меѓународна изложба „Без дистанца”

Меѓународна изложба „Без дистанца”

Меѓународна изложба на уметнички дела, насловена „Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена на 18-ти месецов, во Уметничката Галерија-Русе, Република Бугарија.
На изложбата ќе бидат изложени 40 дела а учество ќе земат 10 македонски и 10 бугарски академски уметници. Оваа изложба е заеднички проект на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничката Галерија-Русе, Република Бугарија.
Изложбата која најпрвин ќе се отвори во градот Русe, планирано е да биде…

Read More

Theatre: deconstructed – Уметничката инсталација која го красеше МТФ „Денови на комедија“

Theatre: deconstructed – Уметничката инсталација која го красеше МТФ „Денови на комедија“

Theatre: deconstructed претставува уметничка инсталација која изминатите две недели го красеше фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокоппиев“ на годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022“.
Инсталацијата изработена од Давид Стојановски, Крсто Богојевски и Кристина Лозановска има за цел да ја ослика театарската реалност.
Инсталацијата  има за цел низ мисловна интеракција да ја предизвика публиката, набљудувајќи ја да создаде слика за содржината, костимографските и сценографските сегменти трансформирајќи ги во сопствена театарска режија.

Read More

(ВИДЕО) Фестивалот „Денови на комедија“ е бренд на Куманово и заслужува поголема поддршка

(ВИДЕО) Фестивалот „Денови на комедија“ е бренд на Куманово и заслужува поголема поддршка

Фестивалот „Денови на комедија“  заслужува посериозна финансиска поддршка, бидејќи е бренд на Куманово.  Би било добро да се збогати програмата, да има и тематски трибини како оваа годинава, истакна актерот Јордан Витанов од велешкиот театар, кој со својата екипа ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“.
-Ние во нашиот град имаме два фестивали театарски, често се соочуваат со недостаток на финансиски средства, не значи дека организиаторите немаат креативни идеи за да ги направат поквалитетни, многу зависи…

Read More

Вечерва „Слуга на двајца господари“ на Театар Велес

Вечерва „Слуга на двајца господари“ на Театар Велес

Во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ вечерва ќе се изведе претставата „Слуга на двајца господари“ на актерската екипа од велешкиот театар.
Станува збор за комедија според текстот на Голдони, а во режија на Ненад Витанов.
Фестивалот завршува во петок со премиерата на кумановскиот театар „Секс и лаги“. Првата реприза на оваа комедија е закажана веќе за сабота.

Read More

ВИДЕО: КУД Српски вез на турнеја во Србија и Хрватска

ВИДЕО: КУД Српски вез на турнеја во Србија и Хрватска

Културно уметничкото друштво Српски вез на покана на Туристичката организација од Топола и Куд Опленац, и Куд Слога од Вуково, викендов со Детскиот и Младинскиот ансамбл и Етно групата, беше на турнеја во Србија и Хрватска.
Детскиот ансанбл настапи на отворањето на познатите 59.ти Опленачки берби, една од најпосетените есенски манифестациии во Србија.
Ансамблот на Српски вез заедно со нивните пријатели од Куд Опленац се сретнаа и со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој ја посети…

Read More

ВИДЕО: Васиќ и Бабовиќ: Куманово има театарска публика која наградува, затоа со задоволство играме

ВИДЕО: Васиќ и Бабовиќ: Куманово има театарска публика која наградува, затоа со задоволство играме

Кумановската публика ја познава комедијата и знае да ги награди актерите, затоа со задоволство учествуваме на овој фестивал. Се коментарите на актерите од Приштинско народно позориште, кои синоќа во рамки на фестивалот „Денови на комедија“  ја изведоа претставата „Сумљиво лице“. Станува збор за дело работено по текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Милан Нешковиќ. Играа Милан Васиќ, Игор Дамњановиќ, Александра Цуциќ, Тамара Томановиќ, Аника Грујиќ, Бранко Бабовиќ, Никола Ѓорѓевиќ, Александар Михаиловиќ, Зоран Мијатовиќ,…

Read More
1 8 9 10 11 12 35