Денот на независноста на Македонија 8 септември, Општина Куманово ќе го одбележи на спомен костурницата. Секторот за култура и спорт по повод државниот празник ќе превземе повеќе активности.
На спомен костурницата со почеток во 11 часот сите основни, средни училишта, јавни претпријатија, јавни установи, невладиниот сектор, државните институции кои се поканети да го празнуваат празникот, ќе положат свежо цвеќе пред паднатите борци од НОВ, нормално и на борците кои што го дадоа животот за денешна слободна…
Култура
Промоција на збирката есеи „Разумни сили“
Збирката есеи, под насловот „Разумни сили“ напишана од Македонскиот амбасадор во Виена, Ѓорѓи Филипов, синоќа беше промовирана во Куманово. Станува збор за претходно објавени лични ставови на авторот, споени во едно дело. Филипов истакна дека во есеите се прикажани негови видувања за љубовта, правдата и вистината.
– На прво место е љубовта како најсилна најголема сила со која е создаден светот, мудроста, добродетелта, правдата и вистината. Во книгата се објаснува зошто тие се така поместени и…
Спомен – куќата на Карпош доделена на Музеј Куманово
Спомен – куќата на народниот херој, Христијан Тодоровски – Карпош, во Куманово е доделена на користење на Н.У. Музеј Куманово. Оваа одлука беше изгласана на 40-та сединца на Советот на Општина Куманово. Директорката на Музејот, Анита Цветановска, истакна дека веќе е подготвен проект со елаборат, преку кој се надева дека ќе се привлече поголем број на посетители. Проектот е влезен во програмата за 2016-та година на Министерството за култура на Република Македонија.
– Ќе биде презентирана…
Фото клуб „Куманово“ организира бесплатен курс по фотографија
Фото клуб „Куманово“, трета година по ред, организира бесплатен курс за уметничка фотографија. Можат да се пријават сите граѓани коишто се заинтересирани за уметничка фотографија, без разлика на годините. Не постои ограничен број на кандидати, а целта, како што велат од клубот, е да се прошири фотографската дејност во Куманово и сите граѓани да добијат можност да ги развијат нивните фотографски вештини.
– Отворена е поканата за сите граѓани. Првин ќе има учење за историјата на…
Фотограф од Куманово доби две награди на фестивал во Чачак
Фотографот од Куманово, Марина Крстиќ, на првиот изложбен салон за уметничка фотографија „Градац 2015“, кој се оддржува во Чачак, доби две награди за две нејзини фотографии. Во конкуренција од триста дела од шеесетина различни земји, нејзините фотографии „Ракија мејкер“ и „Крипс“ се наградени во конкуренцијата монохром, односно црно-бела и колор, односно фотографија во боја.
– Чувството беше прекрасно, најпрвин бев многу изненадена кога ми јавија моите членови од фото клубот дека имам добиено две дипломи. Не…
Промоција на новата песна на Мартинијан Кириловски
Мартинијан Кириловски ќе ја промовира својата нова песна „Јас знам“ и нејзиниот видео запис во среда со почеток во 20:00 часот.
Станува збор за песна со летен ритам во поп-рок стил, а текстот и музиката се на Филип Антевски, додека на аранжманот работел Мартинијан со помош на Филип кој е дел од неговиот бенд.
Сите оние кои ќе сакаат премеиерно да ја слушнат песната се поканети да присуствуваат на промоцијата која ќе се одржи во Nama Caffe…
Утре втор „Малински фото фестивал“
Со изложба на минијатурни фотографии утре ќе се отвори вториот Малински фестивал, кој е единствен од ваков вид во државата.
Љубителите на фотографската уметност ќе имаат можност да проследат шест фото проекции, меѓу кои изложбите „Круг“, и „Тумба“, како и делата на Фото Клуб Битола.
-Имаме учесници од целиот свет вкупно 290 изложени фотографии и 200 автори. Фотографиите ќе бидат во црно-бела и колор техника, авторите имаа слободна тема да изберат како ќе ги излагаат фотографиите-изјави Дарио Королија,…
Отворена изложбата на рачно изработен накит
Во изложбениот салон на Уметничката галерија Куманово, синоќа беше отворена изложбата на рачно изработен накит на Филип Митевски. Под слоганот „Биди различен“, тој ги претстави своите креации на кумановската јавност кои ги изработува користејќи бисери, чипка, стаклени перли и многу други материјали. Митевски дипломирал на медицинскиот факултет во Софија, а веќе пет години се занимава со изработка на накит.
– Ова е моја прва изложба, од ваков тип. Инспирацијата ја црпам од секаде, пред се од…
Гимназијалците освоија три награди на ДАФ
Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ освоија три награди на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Шеснаесет ученици од училишната драмска секција, под менторство на професорката Соња Тодоровска, за прв пат учествуваа на педесет и првото издание на фестивалот, на кој освоија награда за најдобро сценарио, режија и главна женска улога.
Претставата е мјузикл и обработува дејствие кое се случува зад кулисите при подготвување на една претстава и, како што вели режисерот Давид Јовановиќ, сите ликови имаат свое…
Театар Куманово ќе прикаже што се случува „Зад кулисите“
По кратка пауза, кумановскиот театар започнува со подготовка на нов проект. Станува збор за комедијата „Зад кулисите“, работена според текстот на Мајкл Фрејн, во режија на Биљана Радиновска. За прв пат во театарот во Куманово се поставува текст од авторот Фрејн, а воедно ова е првото режисерско остварување на Радиновска во Куманово.
-Започнавме со мало задоцнување поради конфликтите коишто беа во околината на Куманово, така да со мало задоцнување ќе биде и премиерната изведба која ја…