Промовирана најновата книга на Оливера Доцевска

Промовирана најновата книга на Оливера Доцевска

„Естер Ихаз“
е насловот на најновата поема на кумановката Оливера Доцевска која синоќа беше
промовирана во Центарот за култура Трајко Прокопиев. Стиховите во вид на пиеса
ги изведоа младите актери Мики Јаневски и Симона Атанасовска, по сценарио на
Ана Љубиќ, а во режија на Тони и Кристина Станковски.

– Навистина бидејќи оваа
година чествуваме 500 години Куманово јас навистина ова го чуствувам како дар,
на мојот најдраг град, иако голем дел од животот го поминувам во Скопје. Навистина
сум трогната што сум во…

Read More

Наредната недела ќе се одржи изложбата „Шарено јајце“

Наредната недела ќе се одржи изложбата „Шарено јајце“

Наредната недела, односно 25-ти месецов, четврток во Центарот за култура ќе се одржи традиционалната манифестација „Шарено јајце“.

Надлежните информираа дека пријавувањето е во тек, а трае до 22-ри. На изложбата можат да се пријават ученици од основните и средните училишта, но и сите заинтересирани повозрасни граѓани.

– Обично имаме интерес од градските училишта меѓутоа
неретко учествуваат и децата од поодалечените училишта. Секоја година во просек
од 250 до 400 трудови пристигнуваат. Најголем дел од нив се решени…

Read More

Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа „Женидба“

Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа „Женидба“

Учениците од драмската група при СОУ „Перо Наков“ синоќа во кумановскиот театар ја изведоа претставата „Женидба“ од Николај Гогољ. „Женидба“ е претстава за љубовта, односно потрагата по неа.  Ја обработува темата за бракот, и одлуката за препознавање на вистинскиот човек.

Во
претставата играат учениците:  Николај Павловски, Стефан Павличек, Димитар
Петрушевски, Кристина Петрушевска, Дејвид Стоилковски, Никола Петковиќ,
Илијана Митровска, Леонид Стојановски, Меланија Мркоњиќ, Мартина Михајловска.

-Мојата улога во оваа претстава е стројник, јас го женам младоженецот. Улогата многу ми…

Read More

КУД „Панче Пешев“ отворено за младите кои го сакаат фолклорот

КУД „Панче Пешев“ отворено за младите кои го сакаат фолклорот

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ е отворено да ги прими сите младите кои го сакаат фолклорот. Иако уписите официјално се реализираат во септември, сите заинтересирани можат да се пријават во нивните простории, кои се наоѓаат во дворот на гимназијата „Гоце Делчев“, информираат надлежните од ова друштво.

Со младите работат успешни, долгогодишни кореографи, а пробите во моментов се изведуваат три дена во текот на неделата. Чланарината во КУД Панче Пешев изнесува само 200 денари.

Со цел…

Read More

Балетската претстава „Либертанго“ наскоро во Куманово

Балетската претстава „Либертанго“ наскоро во Куманово

Првенци, истакнати солисти, како и целиот балетски ансамбл при Македонска опера и балет утре наскоро, односно на 16-ти месецов во Куманово ќе ја изведат балетската претстава „Либертанго“.

Настанот се реализира во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Композитор на претставата е Астор Пјацола, кореограф Сабриба Боско, костимографија и сценографија на Александар Ношпал, а под режисерска палка на Наташа Поплавска.

„Либертанго” не води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен…

Read More

(ВИДЕО) Одговор, прва авторска песна на Александра Јанева

(ВИДЕО) Одговор, прва авторска песна на Александра Јанева

На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“ поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна.

Текстот на песната „Одговор“ е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов Iwayo. Видеото е изработено од Pinestel продукција.

„За мене „Одговор“ е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства.

„Одговор“ е за изневерената толеранција, доверба, љубов“, вели пејачката…

Read More

(ВИДЕО) Александра Јанева со нов сингл „Срце отвори“

(ВИДЕО) Александра Јанева со нов сингл „Срце отвори“

Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна со видео-запис насловена „Срце отвори“. 

По успехот на минатогодишниот сингл „Ќе се вратам некој ден“, Александра ја продолжува соработката со авторите Панче Илиев и Иле Спасев, а текстот е на Огнен Неделковски. 

„Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм“, вели Јанева.

Песната има ретро лирик видео изработено…

Read More

Овации предизвика српската претстава „Свиња“

Овации предизвика српската претстава „Свиња“

Со овации и громогласен аплауз кумановската публика синоќа ја награди актерската екипа од продукцијата  „Мој траг“, која во рамки на фестивалот Денови на комедија, ја изведе претставата „Свињa“ од Бранислав Нушиќ, а е во режија на Соња Кнежевиќ. Познатите, долгогодишни актери на духовит начин ја изнесоа „Свиња“, еден од последните романи на прославениот комедиограф, напишан во стилот на најдобрите француски водвиљи.
Претставата зборува за белградски инжинер во среќен брак, кој по долго време го среќава својот…

Read More

Промоција на книга на Силвана Бојковска

Промоција на книга на Силвана Бојковска

Во просториите на Занаетчискиот дом, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата Традиционалното и современото културно живеење во Куманово, на авторката Силвана Бојковска.
Промотори на настанот ќе бидат проф. Д-р Маја Јакимовска Тошиќ и проф. Д-р Илија Велев.
Промоцијата е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Read More

Самостојна изложба на Ангелина Поповска

Самостојна изложба на Ангелина Поповска

Во Изложбениот салон на Уметничката галерија вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов “ Landscapes “ нa авторот Ангелина Поповска.
Поповска е  родена во 1967, Деж, Романија. Во 1991 годинадипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во 2005 година магистрирала на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелaјни слики . Во 2012 година докторирала на Институтот за национална…

Read More
1 2 3 4 10