Промовиран проектот „Кумановци за Куманово“ (ВИДЕО)

Промовиран проектот „Кумановци за Куманово“ (ВИДЕО)

„Кумановци за Куманово, староградска разгледница“ е насловен носачот на звук и документарниот филм, кој синоќа беше промовиран во Занаетчискиот дом.  Иницијативата за проектот е на Здружението Мултиарт од Куманово, во кое се инволвирани околу 40 истакнати музички имиња од градот. Проектот доби поддршка од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.
-Во документарните материјали кои вечерва се емитуваат повеќето учесници преку своите куси но пригодни говори ги истакнаа сите потребни информации со кои би требало…

Read More

Утре ќе се одржи „Мајски салон 2021”

Утре ќе се одржи „Мајски салон 2021”

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 12 часот ќе се отвори клупската изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2021“. Организатор на изложбата е Фото Кино клубот „Козјак“ од Куманово, а изложбата содржи 21 фотографија.
По повод изложбата членовите на клубот ќе запишат:
“…Уметноста е продукт на културата, таа е вид на естетска комуникација помеѓу авторот и публиката, а нејзина главна цел е презентација на едно субјективно видување на постоењето. Пораката…

Read More

„По што га препознавамо Куманово“ на Мирко Зафировски

Во Занаетчиски дом утре со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „По што га препознавамо Куманово”, од авторот Мирко Зафировски.
Настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од Ковид 19.

Read More

(ВИДЕО) Промовиран зборникот „Навраќање кон Конески“

(ВИДЕО) Промовиран зборникот „Навраќање кон Конески“

Општина Куманово се приклучи кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, во рамките на културни настани во Националната програма “2021–Година во чест на Блаже Конески”, која е дел и од календарот на значајни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Денеска во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа промоција на Зборникот “Навраќање кон Конески”, на приредувачите Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски…

Read More

Центарот за култура со иницијатива до младите

Центарот за култура со иницијатива до младите

Центарот за култура покренува иницијатива, при што ги повикува младите артисти кои се вклучени во одреден вид на уметност на средба, да дадат своја идеа, а тие ќе им понудат логистика, да организираат културни настани во периодот што следува.
-Ги повикуваме сите кои имаат креативни идеи, изложби, промоции на книги, театарски претстави, се што можеме да направиме  тука на отворено со оглед дека состојбата со пандемијата е таква, ќе се потрудиме сите заедно да направиме нешто…

Read More

Изложба од Меѓународна колонија „Неготино 2020“

Изложба од Меѓународна колонија „Неготино 2020“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во петок ќе се отвори изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“.
На изложбата ќе бидат претставени околу триесеттина слики од авторите учесници на колонијата. Отворањето ќе се спроведе со сите здравствени протоколи пропишани за овој вид на галериска активност.
Во изминатите две години во Неготино, во последната недела од месецот јуни, се одржуваше ликовната меѓународна колонија „НЕГОТИНО“ во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“.
Проектот е  подржан од Министерството…

Read More

Во подготовка поставката „Црно и бело“ на Ана Трајковска

Во подготовка поставката „Црно и бело“ на Ана Трајковска

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Црно и бело“ на академската графичарка Ана Трајковска.
Изложбата е магистарски труд и е составена од принтови на најлон, изведени во големи формати (site-specific инсталација, составена од 56 парчиња со вкупна должина од 116 метри) и претставува дел од најновото творештво на Трајковска којашто пак за прв пат се претставува пред кумановската публика.
Aна…

Read More

Изложба на слики од Ацо Таневски во „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Изложба на слики од Ацо Таневски во „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Се отвори изложбата на слики „Марини“ од авторот кој прв пат изложува во Куманово, а припаѓа на средната генерација ликовни уметници и кој во своето портфолио има остварено многу изложби и ликовни колонии. Неговиот основен концепт за изложбата „Марини“ е да ја претстави морската шир на централно место на платното, втемелен со основна боја што понатаму градира и апстрахира. Релацијата е повеќе од јасна во сликите на Таневски: деградирачкиот човек наспроти невиноста на природата.

Read More

Ацо Таневски со изложба на слики „Марини“

Ацо Таневски со изложба на слики „Марини“

Во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово на втори април, петок, со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Марини“ од скопскиот автор Ацо Таневски. Авторот се претставува со 28 пејсажи во техника масло на платно што биле изработени во периодот од  2002-та до 2012-та. Таневски за своите дела вели дека се инспирирани од морето и езерото, што биле негова преокупација петнаесетина години и што претставуваат негова лична филозофија за човекот како…

Read More

Отворена изложбата „Magna mater“ (ВИДЕО)

Отворена изложбата „Magna mater“ (ВИДЕО)

Денес во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово се отвори изложбата „Голема мајка“ од авторот Љубе Алексовски, на поставката се наоѓаат дела кои се работени во последните 40 години. Кумановските љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја посетат се до 30 март.
 

 

Read More
1 20 21 22 23 24 35