Саем на книга на „Антолог“

Саем на книга на „Антолог“

Издавачката куќа „Антолог“ денеска го отвори саемот на книга во Куманово кој што ќе трае три дена заклучно со четврток од 10 до 19 часот.Саемот е поставен по иницијатива и организација  на  библиотеката „Тане Георгиевски“ која што има одлична соработка со издавачката куќа, а од Антолог посочија дека втора година по ред организираат летен саем на книги во Скопје, со што годинава првиот летен саем надвор од главниот град е токму во Куманово. Антолог е…

Read More

Изложба на Агрон Салиу во „Центарот за култура“

Изложба на Агрон Салиу во „Центарот за култура“

Во Центарот за култура вчеравечер беше отворена изложбата на портрети на младиот сликар Агрон Салиу кој што по втор пат се претставува пред кумановската публика. Изложбата е составена од петнаесетина портрети кои што авторот ги има изработено во претходните неколку години, а целиот циклус претставува дел од неговата постојана работа уште од раното детство кога Салиу преку нив навлегува во светот на ликовната уметност. Портретите се работени во техника јаглен, а големо влијание врз неговото…

Read More

„Македоника“ распишува конкурс за млади автори

„Македоника“ распишува конкурс за млади автори

Во Центарот за култура вчеравечер фондацијата „Македоника“ го презентираше проектот „Воведување на младите автори во дигиталната издавачка индустрија“ кој што финсиски и институционално е подржан од „Меѓународниот фонд за подршка на културата“ на УНЕСКО. Проектот на фондацијата е единствениот проект од Македонија кој што е избран од УНЕСКО освен проектите кои што светската организација ги има доделено за Охрид. Можност за учество имаат  автори од Република Македонија, а формата на книжевното дело може да биде…

Read More

Јавен час на „Студио Серафимовски“

Јавен час на „Студио Серафимовски“

Во Центарот за култура вчеравечер се одржа завршниот концерт на музичкото училиште, едукативниот центар „Студио Серафимовски“ насловен како Јавен час. На завршниот час големиот број на ученици за прв пат во своето музичко образование настапија пред публика и покажаа што научиле во текот на часовите за време од една година. Пред присутните настапија триесетина ученици кои што се под менторство на професорите Боби Серафимовски, оние што свират гитара или кларинет, професорките Милена Гиевска и Биљана…

Read More

Концерт на дуото „Еквилибриум“

Концерт на дуото „Еквилибриум“

Во „Центарот за култура“ вчеравечер се одржа концерот на дуото „Еквилибриум“ составено од пијанистките Магдица Димитровска и Александра Стојкова кои што го започнаа својот проект на изведување на дела од класична музика токму од градот Куманово. Целта на самиот проект покрај нивното претставување како изведувачи на класична музика е и промовирање на истата.
-Се изведуваат дела Моцарт „Соната“, Дебиси „Петит суита“ и Брамс „Унграски танци g – moll и d – moll. Сепак ова ни е…

Read More

Промоција на книга „Светлината од Назарет“

Промоција на книга „Светлината од Назарет“

Во Центарот за култура вчера се одржа промоција на третата книга на Јовица Ивановски, „Светлината од Назарет“. Ова е втора прозна книга по ред по првата „Монолог на небото“ која што беше објавена 2013 година. Ивановски дебитира на македонската литературна сцена со збирка поезија која што е објавена 1995 година. Прозната книга „Светлината од Назарет“ се одликува со стилот кој што авторот го негува во текот на целото негово творештво. Прозниот наратив има поголема романескна…

Read More

Гимназијалците солидно го владеат англискиот јазик

Гимназијалците солидно го владеат англискиот јазик

Средношколците од Гимназијата „Гоце Делчев“ ги очекуваат резултатите од полуфиналето на меѓународниот натпревар во организација на здружението „Глобал Хипо“ кое што се одржа во Скопје.  На натпреварот има вкупно пет категории во кои учество можат да земат ученици од 10 до 19 годишна возраст. Гимназијалците по втор пат учествуваат на натпреварот. Минатата година најуспешниот претставник на гимназијата беше Стефан Соларски кој во конкуренција од над 2 000 ученици го освои шестото место на натпреварот во…

Read More

Биенална изложба на слики и графики на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“

Биенална изложба на слики и графики на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“

Во Центарот на култура денеска се одржа биенална изложба на слики  на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“.На изложбата имаше слики на различни теми на ученици од сите основни училишта, кои изведуваат настава на различни јазици.Сликите беа изработени од учениците кои учествуваа на колониите од 2014 и 2015 година кои беа создавани во комплексот Етно село каде што децата покрај сликањето имаат и други културни и спортски активности. Претходните три колонии беа одржани во рекреативниот центар АСНОМ…

Read More

Десетти Фото Салон на Фото клуб Козјак

Десетти Фото Салон на Фото клуб Козјак

Во уметничката галерија утре со почеток од 19 часот и 30 минути ќе се одржи традиционалната меѓународна изложба на Фото клубот Козјак на која што ќе бидат поставени 120 фотографии. Изложбата ќе биде со посебен карактер затоа што ќе се одржи десетиот јубилеен „Фото – Салон Куманово 2015“. Изложбата потекнува уште од 1974, но од 2003та до денеска се одржува секоја година. Десетиот Фото-Салон е под патронат на повеќе светски организации и домашниот Фото Сојуз…

Read More

Новогодишен и божиќен концерт на градскиот детски хор

Новогодишен и божиќен концерт на градскиот детски хор

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ викендов градскиот детски хор одржа новогодишен и божиќен концерт. Граѓаните имаа можност да слушнат неколку композиции меѓу кои Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, Се посврши сербес Донка, Кој да ми запее, Тажна љубов, среќна песна, Еуфорија, Мерси и други. Кумановскиот детски хор активно функционира под диригентската палка на Милена Строимановска, а Марко Митковски корепетитор.
-Хорот веќе постои 3 години со него работиме јас како диригент Милена и мојот брат…

Read More
1 5 6 7 8 9 10