Бурни аплаузи за „Жена од минатото“

Бурни аплаузи за „Жена од минатото“

Кумановската публика со бурни аплаузи ја поздрави екипата на претставата „Жена од минатото“, која на синоќешната премиера покажа извонредна игра на сцената на кумановскиот театар. Текстот на претставата е напишан од Роланд Шимелфених кој е еден од поистакнатите европски драматурзи. Претставата ги опфаќа темите на отуѓеноста, осаменоста, губењето на интегритетот на поединецот и преку користење на филмски јазик, претставува распаѓање на едно семејство кое грешките од минатото го следат во иднината. Актерската екипа е составена…

Read More

Се одржа концерт на млади музички уметници

Се одржа концерт на млади музички уметници

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа во 19 часот, се одржа концерт на млади музички уметници. На концертот кој што е дел од проектот „Приближување на класичната музика до младите“, со оперски арии настапија студенти од Факултетот за музичка уметност, како и две гостинки од Куманово.
Присутните со силен аплауз ги поздравија младите уметници, за кои што сметаат дека во иднина ќе бидат гордост за држава. Но тие истакнаа дека на градот му недостасуваат повеќе вакви…

Read More

Саем на книги во Куманово

Саем на книги во Куманово

И лјадници наслови и книги од книгоиздателството Матица Македонска  ќе бидат изложени во четврток пред библиотеката „Тане Георгиевски“ . Мини-саемот односно турнејата на книгите која се организира низ целата држава го носи името  „ДА“ за КНИГА. Настанот се совпаѓа со одбележувањето на Светскиот  ден на книгата и авторското право, 23 април.
-Во нашата земја се одбележува со разни пригодни активности. Ова се совпаѓа со тоа на 23 април  во 11 часот пред библиотеката ќе биде отворен…

Read More

Кумановски фотограф со меѓународни награди

Кумановски фотограф со меѓународни награди

Петнаесетгодишниот Дарио Каролија од Куманово, кој е ученик прва година во средното техничко училиште  „Наце Буѓони“, вртоглаво се искачува на врвот за најдобар млад фотограф. Иако само три години се занимава со фотографијата, тој веќе има постигнато значителен успех. Дарио освои прво место за колекции, на меѓународниот натпревар, кој што се одржа во Србија, но и на натпреварот во Полска, на крајот на минатата година.
-Сега за сега ми се тие две награди и тоа ме…

Read More

Изложба на графики на Момчило Аврамовски

Изложба на графики на Момчило Аврамовски

Академскиот сликар Момчило Аврамовски ги почести љубителите на уметноста со триесетина графики работени во техника линорез и комбинирана техника со наслов ,, Чудесен свет,,. Долгогодишниот уметник и поранешен професор по ликовно образование сеуште активно твори иако се вбројува во групата на академски сликари од  постарата генерација.
 -Во уметноста годините не се најважни човек кој има мерак да твори тој наоѓа време и начин за работење и успева во она што го замислил. Сликите што се поставени…

Read More

Започна новата сезона во кумановскиот театар

Започна новата сезона во кумановскиот театар

Со осум нови вработувања и четири предвидени проекти, започнува новата сеозна во кумановскиот театар. Како што наведе продуцентот, Симона Тоскиќ, годинава, публиката ќе може да проследни двојно поголем број на изведби на сцената на театарот. Таа изјави дека, како и секоја година, две претстави се финансирани од Министерството за култура, додека останатите се од сопствени средства.
-Планираме повеќе претстави од минатата година. Се работи за текстот „Жена од минатото“ во режија на Нела Витошевиќ и потоа…

Read More

„Жените и фотографијата“ во „Трајко Прокопиев“

„Жените и фотографијата“ во „Трајко Прокопиев“

Во кумановскиот центар за култура, „Трајко Прокопиев“ , Фото клуб Куманово, во петок, организираше меѓуклубска изложба насловена „Жените и фотографијата“ на која жените од сите фото клубови низ Македонија имаа изложени свои дела. На изложбата имаше над 40 фотографии на 20 авторки од најразлична возраст и како што истакнаа организаторите, оваа изложба ја докажува сериозноста и успешноста на Фото клуб Куманово.
Селекторот на фотографиите, Стефан Петровски изјави дека тие се одберени според нивната можност да раскажат одредена…

Read More

Голем интерес за електронскиот сајт на библиотеката

Голем интерес за електронскиот сајт на библиотеката

Повеќе од 5.000 книги минатата година набави градската библиотека „Тане Георгиевски“, што e едно од најголемите збогатувања на книжниот фонд, во последните неколку години. Како што информираше директорката на библиотеката, Нада Ивановска 3.700 книги се купени, а другите се добиени од донатори, издавачи, Министерството за култура и Министерството за образование. Од набавените околу 920 лектири, но и стручна литература  се на албански јазик.
-Главно нашиот акцент последниве години е ставен на дигитализација на библиотеката. Па сите…

Read More

Библиотеката го зголеми книжниот фонд

Библиотеката го зголеми книжниот фонд

Со нови 5.000 дела, во текот на минатата година, е збогатен книжниот фонд на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово. Директорката на библиотеката, Нада Ивановска информираше дека книгите се купени со сопствени средства, дел се од владини проекти или подароци од најразлични македонски автори.
– Библиотеката располага со книжен фонд од над 190.000 книги, меѓутоа за забележување е тоа што минатата година набавивме задоволителна бројка на книги. 486 книги со 353 наслови се подарок од Министерството за…

Read More
1 6 7 8