Утревечер „Дајте музика“, Тајзи и Сара Јо

Утревечер „Дајте музика“, Тајзи и Сара Јо

Утревечер со почеток во 20 часот ќе се одржи првиот концерт по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово. Пред кумановци ќе настапат учесниците од „Дајте музика“, по што ќе следи локалниот артист Тајзи и вечерта ќе ја затвори младата музичка ѕвезда од соседна Србија, Сара Јо.
Во 20 часот, по повод Ноемвриските денови ќе се отвори и ликовната изложба „Карпино“ во Центарот за култура.

Read More

ВИДЕО: Два мега концерти по повод 11-ти Ноември

ВИДЕО: Два мега концерти по повод 11-ти Ноември

Со два мега концерти Куманово ќе го одбележи Денот на градот, 11-ти Ноември. На градскиот плоштад во среда и четврток ќе настапат ѕвезди од земјава и соседството.

Read More

Во среда ќе се отвори изложбата „Карпино 2022“

Во среда ќе се отвори изложбата „Карпино 2022“

Со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во среда ќе биде отворена изложбата на слики – “Карпино 2022“.
Се работи за реномирана меѓународна ликовна колонија и нејзиното јубилејно издание во организација на Мултимедијалниот Центар – Карпино, Општина Куманово и секако во традиционалната соработка со Центарот за култура.
Јубилејната 20 -сета Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2022“ се одржа на локацијата „Етно село Тимчевски“ – Куманово во периодот од 17-ти…

Read More

Куманово празнува со културни и спортски манифестации

Куманово празнува со културни и спортски манифестации

Со бројни културни и спортски манифестации ќе се одбележи Денот на градот. Одбележувањето започнува со настан за дигитализирање на археолошки содржини за локалитетот Градиште, село Младо Нагоричане и локалитет Црквиште, село Клечовце, потоа со проектот Едукација и за нас невидливите, проекција на документарниот филм Мека душа за тврдо железо, Денови на Балканска етно ризница, фолклорен концерт на КУД Бајрам Шабани, меѓународен позитивен турнир во пинг понг. Следуваат и двата концерти на 9-ти и 10-ти ноември…

Read More

55 години музичко творештво на Маргица Антевска

55 години музичко творештво на Маргица Антевска

Во Занаетчискиот дом концерт по повод 55 години музичко творештво синоќа одржа кумановската музичка ѕвезда, Маргица Антевска. Пред присутната публика беа интерпретирани стари македонски народни и забавни музички нумери и преработки на познати стихови. Антевска настапи придружувана од Марко Митковски на пиано, Бојан Трајчев- гитара, Никола Петковски- виолина и Милена Митковска-вокална придружба. Концертот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Read More

ВИДЕО: Отворена изложба на фотографии од Македонската револуционерна борба

ВИДЕО: Отворена изложба на фотографии од Македонската револуционерна борба

Во просториите на Занаетчискиот дом денеска беше отворена изложба на фотографии од Македонската револуционерна борба, по повод празникот, 23-ти Октомври.
Изложбата е во организација на Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и секторот за култура, информира Марио Арангеловски, директор на Фондацијата за култура и спорт.
 

Read More

Отворена изложбата „Фото Приказна 2022”, на ФК Куманово

Отворена изложбата  „Фото Приказна 2022”, на ФК Куманово

Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, се отвори шестата по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Приказна 2022”, организирана од Фото клуб Куманово.
Photo Story 2022 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓу кои ПСА и ИААП. Овие покровителства претставуваат вистинско и големо признание за осумгодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово.
На изложбата пристигнаа фотографии од 171 автори од вкупно 39 земји, а изборот на најдобрите и наградените уметнички фотографии го направи…

Read More

Промоција на книга „Во главата пишувам расказ“

Промоција на книга „Во главата пишувам расказ“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  утревечер со почеток во 18 часот, во малата сала, ќе биде промовирана книгата „Во главата пишувам расказ“ од авторите Елизабета Баковска и Сашо Димоски. Промотор на книгата е Оливера Ќорвезироска.
Промоцијата е дел од годишната литературна програма за 2022 година поддржана од Министерство за култура.  Книгата „Во главата пишувам расказ“ е фото книга или  фотографска мапа, која е резултат на соработка помеѓу авторката и фотографот.
Нарацијата е дополнета со фотографии, со…

Read More

Промоција на книга „Радоста на постоењето“ на Симона Петреска

Промоција на книга „Радоста на постоењето“ на Симона Петреска

Вечерва со почеток во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура, ќе се одржи промоција на книгата „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска. Промотор на книгата е Александра Филиповска Јанковиќ. Настанот е дел од годишната програма за литература за 2022 година поддржана од Министерство за култура.
Симона Петреска е родена во 1980 година, во Скопје. Дипломирала педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Денес е автор, мотиватор и животен тренер.
 

Read More

Изложба на скулптури „Акт“ на Ненад Тонкин

Изложба на скулптури „Акт“ на Ненад Тонкин

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово  утревечер, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури на авторот Ненад Тонкин. Се работи за најновата продукција од 8 скулптури работени со комбинирани материјали.
Ненад Тонкин е воспитувач во градинка и академски скулптор. Неговата магистерска теза од областа на скулптурата го истражува и анализира уметничкиот предизвик при создавање скулптури инспирирани од цртежи на деца од градинка. Дизајнира сценографија за театар….

Read More
1 7 8 9 10 11 35