На првиот натпревар од финалната серија на Супер лигата, кумановските кошаркари на гостински терен загубија од екипата на МЗТ Скопје со резултат од 94-79.
Причината за поразот е лошиот старт на кумановци на почетокот на мечот. Кошаркарите на МЗТ ја завземаа предноста уште на самиот почеток на натпреварот, а нивниот офанзивен скок во стартот ја постави големата предност во нивна корист која кумановци не успејаа да ја постигнат до самиот крај.
Со 12 поени разлика, МЗТ го…
Локално
КК Куманово се подготвува за финалните натпревари
Кумановските кошаркари, утре на гостински терен, ќе го играат првиот финален меч од кошаркарската Супер лига против актуелниот првак МЗТ Скопје. Кумановските кошаркари интензивно се подготвуваат за утрешниот натпревар. Триумфот на клубот е многу значаен, бидејќи за прв пат по петнаесетина години, Куманово се наоѓа во финалето на кошаркарскиот шампионат.
– За мене е значајно многу многу повеќе од се друго до сега што сум направил, зашто ова клуб што го сакам од срце. Клубот и…
Куманово и без публика го победи Работнички
Кошаркарите на Куманово без публика, на домашен терен, синоќа го победија Работнички на одложениот натпревар од 9-то коло со резултат од 108-98 по продолжението.
Ниту една екипа не успеја да завземе значителна предност во текот на целиот меч, со што крајниот резултат беше неизвесен. Поради тоа се одигра продолжен период во кој Кумановци се истакнаа со резултат од дополнителни 18-8 поени.
Во празната сала во Куманово најефикасен беше Тодор Гечевски со постигнати 26 поени, додека во победничкиот…
Недоволна победа на Куманово за полуфинале во БИБЛ Лигата
КК Куманово не успеја да извојува победа со 13 поени разлика против КК Рилски Спортист од Бугарија. Иако резултатот беше 107-101, тоа не беше доволно за Куманово да си овозможи место во полуфиналето. По реванш натпреварот, кој се одржа вчера во кумановската спортска сала, кошаркарите на Куманово завршуваат со понатамошното натпреварување, а Рилски продолжува да се бори во полуфиналето на БИБЛ Лигата.
Клубот од Самоков го започна мечот со забележителна разлика во однос на Куманово, а…
Победа на КК Куманово над КК Работнички
КК Куманово, на домашен терен успеа да извојува забележителна победа против КК Работнички со резултат 94-88 во натпреварот кој се одигра во сабота.
По достигнати максимални 24 поени разлика пред крајот на третата четвртина, Димитар Мираковски со две врзани тројки успеа да го врати Работнички на достижни 14 поени разлика.
Куманово успеа да ја оддржи предноста преку Луковиќ, Караџовски и Јанески, со резултат 78-63 на 5 минути пред крајот на мечот.
Иако за кумановци, во овој момент, натпреварот…
Општината ќе одвои 18 милиони денари за спортот
За развој на спортот и рекреативните активности за Кумановци, Општина Куманово ќе издвои 18 милиони денари. Како што е планирано средства ќе се одвојат за развој на натпреварувачкиот спорт, за поддршка на новите клубови, училишниот спорт, спортски манифестации и турнири, кои што се одржуваат во општината.
Претседателот на Здружението на граѓани Општински сојуз на спорт од Куманово, Сашо Петрушевски истакна дека акцент е ставен на врвниот спорт.
-Знаете дека ние имаме кошаркарски клуб кој членува во првата…