Пелистер поразен од Куманово

Пелистер поразен од Куманово

Кошаркарите на Куманово стигнаа до нова значајна домашна победа откако триумфираа над лидерот Пелистер со резултат 81-73. Охрабрени по убедливиот триумф над Работнички на последниот домашен меч, кумановци вчера одиграа на високо ниво, успевајќи да стигнат до значајна победа со која си ги зголемија шансите во трката за место во плејофот.
„Сино-белите“ беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, а на одмор заминаа со предност од 39-32. Во третата четвртина имаа предност од најубедливи тринаесет…

Read More

Куманово доживеа дебакл на гостувањето во Бугарија кај Академик

Куманово доживеа дебакл на гостувањето во Бугарија кај Академик

Кошаркарите на Куманово го доживеа и третиот пораз во втората фаза на БИБЛ лигата, откако убедливо загубија на гостувањето кај Академик Бултекс со резултат 96-68. Средбата во „Комплекс Сила“ во Плодвив беше „еднонасочна“, домаќинот наметна темпо и поведе убедливо уште на стартот, а низ целиот натпревар играше моќно.
Во наредното коло Куманово е слободен, а Академик ќе игра против Хапоел Холон, кој на стартот од април ќе биде ривал на македонскиот тим.

Read More

Куманово го декласира Работнички (ВИДЕО)

Куманово го декласира Работнички (ВИДЕО)

Екипата на Куманово ја искористи незгодната ситуација во која се наоѓа Работнички за да му го нанесе најтешкиот пораз оваа сезона во домашното првенство.
Центарци заминаа на север со само осуммина сениори откако во текот на неделата клубот го напушти Николиќ, а Торнтон немаше право на настап поради ограничениот број странски кошаркари. Во такви услови Рабнотнички беше конкурентен само околу 16 минути, а на крајот загуби со огромни 25 поени разлика (70-95).
 

Read More

Андреј Стојановски, кумановската гордост во ММА вештини

Андреј Стојановски, кумановската гордост во ММА вештини

Нашиот сограѓанин и ММА борец Андреј Стојановски има само 21год. и веќе неколку победи зад себе. Следната негова борба во ММА ќе биде во Горњи Милановац, Р. Србија, а негов противник ќе биде Миљан Здравковиќ кој доаѓа од клубот Секутор, што важи за еден од подобрите ММА клубови во Србија. Борбата ќе се одржи на 20ти Март.
За одбележување се неколку постигнати успеси на Стојановски: 4 пати е прогласен за државен првак во бразилска Џиу Џица,…

Read More

Куманово му даде 42 гола на Спартак

Куманово му даде 42 гола на Спартак

Тимот на Куманово по убедливите победи во Купот на Македонија, во ист стил продолжи и во Женската лига.
Во првото пролетно коло избраничките на Ненад Краљевски немаа проблеми против тимот на Спартак и победија со 42-21

Read More

Големи безбедносни мерки за Израелските кошаркари

Големи безбедносни мерки за Израелските кошаркари

Како што дознава порталот „Кумановски муабети“, доаѓањето на Израелските кошаркари во Куманово било проследено со највиоск степен безбедносни мерки. Улицата пред спортската сала на СОУ „Перо Наков“ била затворена за сообраќај со низа полициски возила со ротации, а видно било и присуството на возила со дипломатски регистрации. Чуварите на редот во салата биле ригорозни со проверката, па дури била забележана екипа од антитерористичката единица при МВР која со кучиња трагачи го прочешлала теренот пред почетокот…

Read More

Куманово лесно против Пелистер за Ф4 во Купот

Куманово лесно против Пелистер за Ф4 во Купот

Ракометарките на Куманово рутински остварија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија откако ја совладаа екипата на Пелистер во Битола со 49:24 во финалето од групата Д.
Кумановки доминираа во текот на целиот натпревар и уште од почеток најавија убедлив триумф. После 2:2 следуваше огромна серија 11:1 на Куманово за големо и недостижно водство. Со овој триумф кумановки направија уште еден чекор кон одбрана на титулата во Купот на Македонија и обезбедија пласман на фајнал…

Read More

КК Куманово загуби од „Еуро Никел“

КК Куманово загуби од „Еуро Никел“

Кошаркарите на Куманово може да жалат, затоа што во десет минути прокоцкаа двоцифрена предност и доживеаја пораз од Еуро Никел (78-79) во дербито на колото во македонскиот кошаркарски шампионат.
Кумановчани водеа со десет поени предност на самиот влез на последниот период (69-59), но кризата во нападот и многуте грешки му дозволија на Еуро Никел да ги однесе бодовите за Кавадарци во драматична завршница.
 

Read More

Висок пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Висок пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово претрпеа висок пораз вечерва на домашен терен од бугарскиот тим „Академик“ со 87:70 во премиерниот натпревар од втората фаза во регионалната БИБЛ лига.
Куманово лошо ги одигра воведните две четвртини, постигнувајќи само 22 поени, и на полувреме имаше негатива од 15 кошеви (37:22).
Македонскиот тим во следниот натпревар од вториот дел во групната фаза во регионалната кошаркарска лига го пречекува израелскиот тим „Хапоел Холон„, што ќе се игра на 12ти Март.

Read More

Шеста победа за Куманово, подобри од гостиварци

Шеста победа за Куманово, подобри од гостиварци

Кошаркарите на Куманово на домашен терен го совладаа составот на Гостивар со резултат 81:73 во рамките на домашното првенство, со што заедно со натпреварите во БИБЛ лигата впишаа шеста победа во низа.
Лош старт имаа избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски кои во првата четвртина мака мачеа да влезат во ритамот. Тоа го покажа и семафорот на кој по десетте минути на паркетот прикажа резултат 16:29 за гостинската екипа.
Во втората четвртина кумановци се вратија во игра. Доминираа…

Read More
1 3 4 5 6 7 17