15 денари за пластичните кеси од декември

15 денари за пластичните кеси од декември

Пластичните кеси, од 1 декември оваа година, во маркетите ќе се наплаќаат по 15 денари. На седница на Собранието се усвоени законите за управување со отпад, отпад од пакување, дополнителни текови на отпад и за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.
Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември  година пластичните ќеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на…

Read More

ВИДЕО: Заврши четвртиот тениски турнир „Новак“, Еманоил Ивановски победник

ВИДЕО: Заврши четвртиот тениски турнир „Новак“, Еманоил Ивановски победник

Заврши четвртиот рекреативен аматерски тениски турнир, кој го организираше тениското здружение „Новак“ од Куманово. Еманоил Ивановски славеше во финалето над Александар Павловиќ, со резултат 2:1 (0:6, 6:3, 6:4). На турнирот кој се играше на тениските терени во близина на Спортската сала, поради пандемијата учествуваа 16 рекреативци, додека претходните години се натпреваруваа над 30 љубители на тенисот од Куманово.
-Да се заблагодарам до целото здружение „Новак“ Куманово, до сите тенисери, учесници, рекреативци. Ова е четврти турнир што…

Read More

ВИДЕО: Спортски турнир по повод 8-ми септември

ВИДЕО: Спортски турнир по повод 8-ми септември

Учениците од основните и средните училишта од градот имаат можност да учествуваат на спортскиот турнир во одбојка, футсал и кошарка кој го организираат Сојузот на спортови на Куманово, заедно со училишниот сојуз и здружението на спортски педагози од Куманово. Турнирот е по повод претстојниот државен празник, 8-ми септември. Натпреварите се одвиваат на четирите спортски терени, во основното училиште „Вук Караџиќ“, гимназијата „Гоце Делчев“, економското „Перо Наков“ и Соколана.
-Целта беше да се искористи убавото време, новоизградените…

Read More

Два сребрени медали за кумановските кик-боксери

Два сребрени медали за кумановските кик-боксери

Кумановските кик боксери од клубот Куманово 2006, Лука Велковски и Александар Стоилковиќ освоија сребрен медал на Балканското првенство кое изминатиот викенд се одржа во Скопје. Во сениорската конкуренција настапи Јован Димковски кој загуби во четвртфинале, но прикажал добра борба. Станува збор за квалитетно првенство во кое учествуваа над 200 натпреварувачи од осум држави. Како тренер со оглед на конкуренцијата сум презадоволен од резултатот и очекуваме настапи и успеси и во иднина, изјави Сашо Илиевски, тренер на Кик-бокс клубот Куманово 2006.

Read More

ЖРК Куманово убедливо против Чаир

ЖРК Куманово убедливо против Чаир

Ракометарките на Куманово вчера во пријателски натпревар, одигран на домашен терен, го совладаа составот на ЖРК Чаир со резултат 36:26. Ова е еден во низата пријателски натрпревари со кои ЖРК Куманово се подготвува за претстојната ракометна сезона која се очекува да започне во втората половина на септември. Формирањето на екипата за претстојната сезона е при крај.
 

Read More

Кик-боксерите ќе учествуваат на Балканското првенство

Кик-боксерите ќе учествуваат на Балканското првенство

Четворица кик боксери од Куманово, од 3-ти до 5-ти месецов во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе учествуваат на балканското кик бокс првенство. Кик-бокс клубот Куманово 2006 ќе го претставуваат Лука Велковски, Јован Димковски, Ненад Димковски и Александар Стоилковиќ, кои заедно со својот тренер Сашо Илиевски активно се подготвуваа во изминатиот период.
Четворицата кумановцки, вели тренерот, се подготвени да дадат се од себе за да го претстават градот и клубот во најдобро издание.
– Голема благодарност до…

Read More

ВИДЕО: Се одржа првиот државен Street Workout натпревар

ВИДЕО: Се одржа првиот државен Street Workout натпревар

Во сабота се одржа првиот државен Street Workout натпревар. Организатори на настанот се Street Workout Club „Bar Gladiators“ од Куманово.
-Станува збор за прв државен натпревар од ваков вид. Претходно имавме меѓународни но овој пат одлучивме да биде само на државно ниво. Натпреварот е во соработка со општината, општинскиот сојуз на спортови. Првична очекувана бројка беше околу 20, но еве сега веќе влеговме над 30. Ова го правиме заради промоција на спортот, развивање на регионално ниво-посочи…

Read More

(ВИДЕО) Во сабота ќе се одржи првиот меѓународен меморијален боксерски турнир

(ВИДЕО) Во сабота ќе се одржи првиот меѓународен меморијален боксерски турнир

Меѓународен меморијален боксерски турнир „Mирослав Петровиќ“ ќе се одржи во Куманово на 17-ти јули на терените на Спортскиот комплекс „Соколана“. Настанот е во организација на Боксерски клуб Куманово 84, Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово. Доколку се влошат временските услови, турнирот ќе се одржи во новата спортска сала на техничкото училиште.
-Се знае дека Мирослав Петровиќ е човек кој создал плеада боксери во таа чест се организира и…

Read More

Почнаа подготовките за Европски ден на спортот

Почнаа подготовките за Европски ден на спортот

На иницијатива и под покровителство на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во соработка со Секторот за образование, а во организација на Општински сојуз на спортови, Општински сојуз на училишен спорт и Здружението на спортски педагози Куманово, се одржа првата работна средба за успешна организација и реализација на активностите по повод Европски ден на спортот 2021 во училиштата.

Овој настан традиционално се одржува во рамките на Европска недела на спортот, а оваа година општина Куманово е град домаќин…

Read More

Можни се рестрикции за невакцинираните граѓани

Можни се рестрикции за невакцинираните граѓани

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се размислува за евентуално воведување рестрикции од наесен за невакцинираните граѓани.
„Нашите анализи покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран во висок процент. И ги чекаме анализите од опфатот на вакинација во градинките и училиштата. Свесни дека можеби и покрај тоа се што правиме нема да се зголеми интересот, затоа размисуваме за некаква форма на рестрикција.  Не може да биде вакцинација задолжителна, за жал. Никаде во…

Read More
1 11 12 13 14 15 37