Локален клуб на Социјалдемократската младина на Куманово, традиционално по 4-ти пат организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано згаснатиот живот на Мартин Симоновски-Матрикс.
Натпреварите ќе се одржуваат на 17 и 18-ти октомври во салата на СОУ „Перо Наков“. На овој турнир предвидено е да учествуваат 16 екипи.
Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до утре во партиските простории или на телефонскиот број 077 585 800.
Тие ги повикуваат сите граѓани со спортски…
Спорт
Кумановските атлетичари најдобри во државата
Атлетскиот клуб Куманово оваа година ја заврши како најдобар во државата, бидејќи е убедлив победник во екипен пласман. Првото место на конечната ранг листа го потврди и натпреварувањето на Младински куп на Македонија, на кој кумановци освоија неверојатен резултат и ги оставија далеку зад себе Работнички и Лирија. Тренерот Филип Колески не го криеше своето задоволство од постигнатиот успех. Според него и малите екипи, кои работат во скромни услови, со многу труд и желба, можат…
Read MoreПетрушевски реизбран за претседател на Сојуз на спортови
Сашо Петрушевски, повторно е избран за претседател на општинскиот Сојуз на спортови. На неодамнешното собрание, каде што членуваат голем број на спортски клубови од градот, тој едногласно ги доби гласовите за да остане на истата функција. Вели дека во претстојниот период најмногу внимание ќе посвети на најболната точка во овој период, односно финансирањето на клубовите, кои што бележат значителни резултати.
-Овие последни години по едно затишје во спортот покрај сите социјални измени во закон за спорт…
Урош Луковиќ останува да игра во редовите на Куманово
Српскиот кошаркар, Урош Луковиќ, денеска, официјално го продолжи договорот со кошаркарскиот клуб Куманово на уште една година. По потписите на Костовски, Мандиќ, Инграм и Јаневски, тој повторно ја одбра добро позната средина, и покрај тоа што годинава имаше неколку понуди од Романската Крајова. Минатата година Луковиќ беше еден од лидерите во тимот каде во просек имаше по 17,7 поени, 9.2 скока и по 2 блокади по натпревар. Тренерот Љубисав Луковиќ ја остварува примарната цел која…
Read MoreКумановски велосипедисти – шампиони на Македонија
Тројца велосипедисти од кумановскиот клуб Вело-М се стекнаа со титулата шампион на Македонија, на Државното првенство во Стоби. Првак во јуниорската категорија е Денис Колевски во дисциплината хронометар, а Зоран Ристовски е актуелниот шампион во мастерс дисциплината, додека во елитната категорија, Стефан Петровски се стекна со титулата шампион за 2015 година во дисциплината хронометар. Спортскиот директор на Вело-М Куманово, Марјан Петровски, нагласи дека со овие постигнувања, се докажува успешноста на кумановските велосипедисти.
– За самиот клуб…
МЗТ по четврти пат ја освои титулата
Екипата на МЗТ по четврти пат ја освои титулата на кошаркарската Супер лига, откако ја порази екипата на Куманово со резултат од 94-85.
Кумановци не успејаа да го направат најавеното изненадување и загубија на третиот финален меч од кошаркарскиот шампионат. Кошаркарите на Куманово со лошиот старт на почетокот на мечот, дозволија скопјани да ја заземат предноста со 10 поени. МЗТ ја постави и најголемата разлика на синоќешниот натпревар со 22 поени, кои кумановци успејаа да ги…
Куманово по трет пат се среќава со МЗТ
Кошаркарскиот клуб Куманово, вечерва гостува на екипата на МЗТ Скопје во Спортскиот центар „Јане Сандански“, кадешто ќе се одигра третиот финален меч од кошаркарската Супер лига. За сега Куманово во финалните плеј оф натпревари два пати претрпе пораз од кошаркарите на МЗТ, и на домашен и на гостински терен. Финалето се игра на три добиени натпревари, така што во случај на победа на кумановските кошаркари, следниот натпревар би се играл во Куманово, додека во случај…
Read MoreПобедата на МЗТ се должи на задоцнета реакција на записничката маса
Кошаркарите на Куманово загубија на домашен терен од МЗТ Скопје со резултат од 102-107 по продолженијата.
После почетната смена на водството кумановските кошаркари почнаа да го остваруваат ветениот триумф на домашен терен во Куманово. Во средината на втората четвртина кумановци почна достигнаа максимални 11 поени предност. Марко Симоновски беше клучен играч на МЗТ Скопје кој го врати шампионот во игра и со неколкуте тројки успеја да ја разбие разликата на домаќинот. Слободните фрлања скапо го чинеа…
Куманово загуби на првиот натпревар против МЗТ
На првиот натпревар од финалната серија на Супер лигата, кумановските кошаркари на гостински терен загубија од екипата на МЗТ Скопје со резултат од 94-79.
Причината за поразот е лошиот старт на кумановци на почетокот на мечот. Кошаркарите на МЗТ ја завземаа предноста уште на самиот почеток на натпреварот, а нивниот офанзивен скок во стартот ја постави големата предност во нивна корист која кумановци не успејаа да ја постигнат до самиот крај.
Со 12 поени разлика, МЗТ го…
Атлетичарите побогати за 20 медали
Атлетскиот клуб Куманово продолжува да реди успеси на државно ниво. Младите атлетичари освоија бројни медали на првенствата во скок, штафети, атлетски митинг, како и на државното пионерско првенство, кое што се одржа минатата недела. Според статистиките тие освоиле најголем број на медали во историјата на ова натпреварување.
-Имајќи во оглед дека ова ни е најсилна генерација на млади атлетичари беше едноставно безмилосна во поглед на собирање на првите места. Тие освоија 12 златни индивидуални медали покрај…