ЖРК Куманово го совлада Металург и се искачи на врвот

ЖРК Куманово го совлада Металург и се искачи на врвот

Со резултат 38:27 ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против екипата на Металург и се искачија на првото место во табелата, како единствен тим кој по 10 кола не бележи пораз. Избраничките на тренерот Симе Симовски го решија натпреварот уште во првото полувреме, па вториот дел од средбата беше чиста формалност во која ракометарките на Металург иако се трудеа не можеа да го достигнат големото водство на домаќинот.

-Во првото полувреме бевме значајно подобри и во…

Read More

Аикидо семинар по повод 500 години Куманово

Аикидо семинар по повод 500 години Куманово

Аикидо Клубот „Агатсу” Куманово викендов организираше аикидо семинар, по повод програмата за одбележување на ноемвриските денови, односно пет века постоење на градот. Семинарот кој се одржа во средното училиште Перо Наков, како и претходните години го водеше јапонскиот учител Тоширо Суга, а покрај претставници на општината и сојузот на спортови, присуствуваше и амбасадорката на Јапонија, Кеико Хенада. Јапонскиот учител Тоширо Суга последниве години активно соработува со кумановскиот клуб. Изрази задоволство од досегашната успешна соработка.

-Куманово има…

Read More

Во недела ќе се одржат три атлетски трки

Во недела ќе се одржат три атлетски трки

По повод празникот на градот, „11-ти Ноември“ и јубилејот пет века Куманово, Атлетскиот клуб Кумaново, заедно со општински Сојузот на спортови и Сојузот на училишен спорт, организираат три улични трки, кои ќе се одржат во недела во централното градско подрачје. Стартот на трките ќе биде од олимписката чешма, а истите се наменети за различни возрасти и категории. На првата трка која ќе започне во 12 часот, а е од ревијален карактер, ќе настапат околу 100…

Read More

(ФОТО) ОУ „Крсте Мисирков“ пушти во употреба мини атлетски полигон

(ФОТО) ОУ „Крсте Мисирков“ пушти во употреба мини атлетски полигон

Во основното училиште „Крсте Мисирков“ се пушти во
употреба мини атлетски комплекс, односно простор за скок во далечина, сектор за
фрлање на ѓуле и терен за одбојка.

Директорот на училиште Александар Јовановиќ истакна дека дошле на идеа руинираниот простор, целосно да го уредат и да создадат нови терени кои можат да придонесат за развој на спортот.

-Потреба е пред се да се има ваков сегмент за вежбање бидејќи претходно овие атлетичарски елементи ги работеа професорите на атлетскиот полигон…

Read More

Средношколци се запознаа со функционирањето на ТВ Плус

Средношколци се запознаа со функционирањето на ТВ Плус

Средношколци
од економското училиште „Перо Наков“ денеска ја посетија Телевизија Плус, во
рамки на петтиот Медиумски ден кој го организира Институтот за комуникациски
студии,.

Учениците се запознаа со начинот на подготвување на вестите, почитувањето на новинарските стандарди, предизвиците со кои што секојдневно се соочуваат новинарите на терен, но и со улогата на медиумот во општеството.

Главниот уредник, Драган Ивановски зборуваше со нив за медиумската писменост, препознавањето на лажните вести, но и со темите кои што ги обработува кумановската…

Read More

Велосипедистот Ристовски нов балкански шампион

Велосипедистот Ристовски нов балкански шампион

Кумановецот Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб „Вело-М“ Куманово е нов балкански шампион, откако го освои првото место на Балканското првенство во друмски велосипедизам кое се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина. На трката која била во должина од 100 километри, Ристовски настапи како дел од националната репрезентација.  

-Трката беше од типот на кружни трки кои се возеа низ градот Требиње и беше технички напорна. Имаше мали нагорнини, спустови, концентрацијата мораше да биде на високо ниво…

Read More

(ФОТО)Одлични резултати на младите атлетичари

(ФОТО)Одлични резултати на младите атлетичари

Одлични резултати остварија младите атлетичари на екипното првенство за пионери, деца под 14 години, кое се одржа викендов на атлетскиот полигон во Куманово. Учесниците се натпреварувале во дисциплините спринт на 60 и 300 метри, најдолга дистанца 600 метри, фрлање ѓуле, скок во височина и далечина и штафета во машка и женска конкуренција 4 х 50 метри.

Тренерот Филип Колевски од Атлетски клуб Куманово,
истакна дека е задоволен од настапот на најмалите, и се надева дека во иднина
ќе…

Read More

Кумановци со телесен инвалидитет најдобри во пинг понг

Кумановци со телесен инвалидитет најдобри во пинг понг

Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово, во соработка со Општина Куманово и ОССК викендов беше домаќин на петтото и шестото коло од државната лигата во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет за 2019 година.

Натпреварот се одржа во рамките на Куманово-Европски град на спортот за 2019 година, а посветен на јубилејот 500 години Куманово.

Нашите спортисти Страшко Коцевски, Зоран Трајановски и Небојша Ташиќ, предводени од тренерот Мики Трендафиловски извојуваа максимално победи над…

Read More

(ФОТО) Започна првиот тениски турнир на ветерани

(ФОТО) Започна првиот  тениски турнир на ветерани

На тениските терени кои се наоѓаат во близина на Спортската сала започна првиот тениски турнир на ветерани во Куманово. На турнирот кој го организираат рекреативци, љубители на тенисот, учествуваат 27 натпреварувачи од градот.

-Не сме членови на некој тениски клуб, туку рекреативци, ветерани што го сакаме и поддржуваме овој спорт, направивме мала иницијатива за да организираме вакво нешто.  Досега има пријавено 27 учесници, турнирот започна, ќе трае до недела, ќе се игра секој ден…

Read More

Ракометарките со Славија Прага го започнуваат ЕХФ купот

Ракометарките со Славија Прага го започнуваат ЕХФ купот

Ракометарките
на Куманово викендов освен што ги започнуваат натпреварите во домашното
првенство, ќе ги пречекаат и ракометарките на Славија Прага од Чешка во рамките
на првото коло од Купот на ЕХФ.

Претседателот
на клубот Бобан Пеовски ги повика сите љубители на ракометот во Куманово утре
да ги поддржат домашните ракометарки со почеток во 18:30 часот.

– Се работи
за една многу квалитетна екипа ние во овој период донесовме неколку нови
ракометарки мислам дека оваа година имаме добро засилување, очекуваме рамноправно
да се носиме…

Read More
1 22 23 24 25 26 37