Горан Димитријевиќ – нов тренер на КК Куманово

Горан Димитријевиќ – нов тренер на КК Куманово

Горан Димитријевиќ се враќа на тренерската позиција во Кошаркарскиот клуб Куманово и ќе го предводи клубот во борбата за излез од Втората лига сезонава.
Помошник тренер ќе му биде Тино Шаботиќ, кој воедно и ќе биде дел од играчкиот состав на клубот.
Како што информираше претседателот на клубот Виктор Божиновски, клубот ќе биде составен од играчи од Куманово и Скопје.
Натпреварите започнуваат во сабота, кога во првото коло КК Куманово му гостува на Мега Баскет во Скопје, додека…

Read More

Пријава против сопругот за физички напад

Пријава против сопругот за физички напад

21-годишна жена викендов пријавила дека во Куманово била физички нападната од нејзиниот триесет и четиригодишен сопруг, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Read More

Кумановец нападнал и ограбил сограѓанка

Кумановец нападнал и ограбил сограѓанка

Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода 38 годишен жител на кумановско, поради тоа што физички ја нападнал 21-годишна кумановка и ѝ ја одзел чантата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Read More

Од денеска почнува исплатата на пензиите

Од денеска почнува исплатата на пензиите

Од денеска почнува исплатата на пензиите на филијалите на комерцијалните банки. Пензионерите ќе земаат повисоки пензии за 5,3 отсто согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова зголемување најмногу ќе искористат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски примања на своите сметки ќе добијат само 700 денари плус.
Во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари.

Read More

Кумановец се обидел да обљуби сограѓанка

Кумановец се обидел да обљуби сограѓанка

Во полициската станица во Куманово викендов бил извршен службен разговор со 47-годишен жител на кумановско, по пријава од страна на 49-годишна жена, според која, тој на 21 септември годинава во Куманово се обидел да изврши обљуба врз неа, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Read More

Седум интервенции на пожарникарите

Седум интервенции на пожарникарите

Пожарникарите во текот на изминатото деноноќие имале седум интервенции: опожарен контејнер на улицата „Трета МУБ“  кај Рамстор,  запален магацин за керамика Балканика во Доброшане, интервенција на запалена сува трева во Никуштак и Слупчане, опожарен контејнер во Проевце и кај Поток Серава.

Read More

ВИДЕО: Успешно десетгодишно постоење на КУД „Српски вез“

ВИДЕО: Успешно десетгодишно постоење на КУД „Српски вез“

Со ревија на народни носии од повеќето српски реони – од Банат до Скопска Црна Гора, културно -уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово викендов го одбележа своето десетгодишно успешно постоење. Фолклорната ревија која ја организира „Српски вез“ исто така е дел од проектот „Денови на српската култура во Куманово – работилница за изучување на српски јазик“ кој е поддржан од Владата на Република Србија, односно кабинетот на министерот без ресор задолжен за координација на активностите…

Read More

ВИДЕО: Отворени саемите „Органска трпеза“ и „Агро Мак“

ВИДЕО: Отворени саемите „Органска трпеза“ и „Агро Мак“

Во Куманово е отворен шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“, како и 2-от саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро Мак“, кои ги организира здружението „Живот“ Куманово. На саемот кој ќе трае наредните три дена е предвидено да учествуваат над 300 излагачи од Македонија, соседните држави, но и Унгарија, Словачка, Црна Гора, Турција.
Саемите вклучуваат повеќе компоненти, освен штандови со изложбен дел на произведувачи, откупувачи и преработувачи на храна, земјоделски производи,…

Read More

Нов апарат на одделот офталмологија

Нов апарат на одделот офталмологија

Општа болница Куманово ги информира граѓаните дека на одделот офталмологија по скоро година и половина откако не беше во функција поради дефект, рефрактометарот со кој се вршеа основни дијагностички методи за одредување на рефрактивен статус, на располагање е нов модерн мултифункционален апарт. Од болницата најавуваат дополнително опремување во наредниот период.

Read More

Бензинот еуросупер 98 со нова цена од полноќ

Бензинот еуросупер 98 со нова цена од полноќ

Бензинот еуросупер БС-98 од полноќ поевтинува за два денара и ќе се продава по цена од 89 денари за литар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на останатите горива денеска нема да се менуваат. Па така, литар еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава по 87 денари, литар дизел ќе се продава за 85,5 денари, екстра лесното масло за 85 денари за литар, а килограм мазут ќе чини 48,715 денари.

Read More
1 2 3 834