Во текот на вчерашниот ден во домот за стари лица се вакцинирани 33 корисници, додека останите 48 пријавени се вакцинираат во текот на денешниот ден. Во домот има вкупно 131 лице од кои 80 од нив решиле да се имунизираат. Вакцинирањето се одвива вo просториите на домот за стари лица „Зафир Сајто“, а инаку досега од почетокот на пандемијата вкупниот број на заболени вработени бил 6, а бројот на корисници изнесувал 11, од кои 4…
Read MoreЛокално
Липково доби грант за детска градинка (ВИДЕО)
Министерката за труд и социјална политика , Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи денеска потпишаа Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.
Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи информираше дека според официјалните статистички податоци на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка во Матејче е вистински…
И во Куманово ќе има масовна вакцинација
Министерот Венко Филипче најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во „А1 Арената Борис Трајковски„ и во здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес.
Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.
„Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат…
Во Куманово се регистрирани 69 нови случаи и двајца починати
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11,…
Во кумановската болница се лекуваат 111 пациенти од корона вирусот
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1059 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Куманово се лекуваат 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават…
Телото на исчезнатиот кумановец пронајдено
На 13.04.2021 во 12.32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека, додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош, пронашол починато машко лице. Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15.02.2021 во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот, информираат од Секторот за внатрешни работи…
Read MoreПоради наводен мобинг млад полицаец ја напуштил работата
Синдикатот на полиција во Македонија информира дека поради притисоци, малтретирање и мобинг неодамна МВР го напушти уште еден нивни член, полициски службеник од СВР Куманово. Се работи за млад и чесен припадник на полицијата, којшто учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната идиница на при СВР Куманово, при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето, соопштуваат од Синдикатот.
Од таму…
Повторно прекршен полицискиот час во Куманово
По однос на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во Куманово биле казнети 85 лица.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (13.04/14.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 113 лица не ја почитувалe.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 85, во Крива Паланка 24 и во Кратово 4…
Постои сомнеж дека зачестените пожари преиодов се подметнати
Пожарот, кој вчера избувнал во атарот на селото Матејче, во близина на манастирот „Пресвета Богородица“, целосно е изгаснат. Пожарот бил пријавен во 15.40 часот, по што екипи на противпожарната единица Куманово излегле на терен.
Пожарот е локализиран околу 18 часот кога почна да врне дожд и екипите се повлекоа од терен. Од ТППЕ изјавија дека во раните утрински часови ќе направат контрола на опожарената површина, а во случај на повторно активирање на пожарот соодветно ќе се…
Пронајден арсенал оружје кај кумановец
Кумановец во својот дом чувал пушки, пиштоли од различни марки делови од оружје и муниција. Полицијата му поднесе кривична пријава бидејќи се сомнева дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Полицијата при претрес пронашла и одзела пет воздушни пушки, една полуавтоматска пушка, три пушки, пиштол непозната марка, две рамки, една кутија со делови од стартни пиштоли, една цевка од непознато оружје и 147 куршуми.