(ВИДЕО) Опомени за дуќанџиите кои не го исчистиле снегот пред објектите

(ВИДЕО) Опомени за дуќанџиите кои не го исчистиле снегот пред објектите

Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово апелира до со сопствениците на дуќаните да ги исчистат снежните наноси на јавните површини пред нивните објекти.
Комуналните инспектори и редари се на терен и опоменуваат, а потоа ќе следуваат и казни.
 

Read More

(ВИДЕО) Чисти улици, тротоари, плоштади по вчерашниот снег

(ВИДЕО) Чисти улици, тротоари, плоштади по вчерашниот снег

Проодни улици, чисти тротоари и плоштади во Куманово по вчерашните интензивни снежни врнежи. Службите за зимско одржување во текот на вчерашниот ден распрскуваа течност против подмрзнување на коловозот, а екипите на ЈП „Чистота и зеленило” беа распоредени во централното градско подрачје каде што прскаа со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони. Вработените во комуналното претпријатие и денеска продолжија со нанесување на средството за одмрзнување.
-Јавното претпријатие за оној дел за кој што е надлежно за…

Read More

Стота емисија „За Куманово“ на авторот Марјан Стошевски

Стота емисија „За Куманово“ на авторот Марјан Стошевски

Вечерва со почеток во 22.30 часот ќе имате можност да ја проследите стотата емисија „За Куманово“ на авторот Марјан Стошевски. Низ емисиите преку разговорите со кумановци, секој од нив познат во одредена област, професија, хоби и слично, дознавме  многу интересни податоци и корисни информации кога станува збор за нашиот град.
Во јубилејната -стота емисија гостува музичката легенда Нино Величковски, а пред две ипол години кога започна емитувањето на емисијата на ТВ Плус, гостин беше кумановецот Мирослав…

Read More

(ВИДЕО) Гимназијата – домаќин на ученици и наставници од европски држави

(ВИДЕО) Гимназијата – домаќин на ученици и наставници од европски држави

Ученици и наставници од Турција, Литванија и Бугарија неделава престојуваат во Куманово во рамките на Еразмус + проектот „Заштита на животната средина“. Домаќин на активностите е гимназијата „Гоце Делчев“, а освен спомнатите држави, партнер во проектот е и училиште од Италија, но заради тамошните строги ковид протоколи, нивните претставници не пристигнаа на третата мобилност во Македонија.
-Денеска за почеток прво го претставивме нашето училиште, земја, нашиот град, учениците се запознаа, а потоа ќе дебатираат на тема…

Read More

Избрана компанија за санација на спортската сала

Избрана компанија за санација на спортската сала

Избрана е компанијата што ќе ја санира внатрешноста на спортската  сала. Станува збор за компанијата „Мастер ДООЕЛ“.  Според договорот објавен на електронскиот систем за јавна набавка, вредноста на склучениот договор со вклучен данок на додадена вредност е над 12 милиони денари.

Read More

40 новозаболени кумановци, 207 во изолација

40 новозаболени кумановци, 207 во изолација

40 новозаболени од коронавирусот во Куманово, а 813 нови случаи во државата регистрира министерството за здравство во последните 24 часа. Оздравени се 18 кумановци, а меѓу починатите во изминатото деноноќие нема наши сограѓани. Бројот на активни случаи во Куманово изнесува  259.
Инаку, на подрачјето на Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане според евиденциите на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица , додека 40 лица потпишале изјави за самоизолација. Поднесени се 18 кривични пријави за…

Read More

(ВИДЕО) Куманово подготвено за зимско одржување на улиците

(ВИДЕО) Куманово подготвено за зимско одржување на улиците

Куманово е подготвено за зимско одржување на патиштата и улиците, информираа денеска надлежните од општина Куманово. Покрај градот, избраната компанија е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово. Во чистењето на градот вообичаено се вклучуваат и екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“.
 

Read More

Снежни врнежи во Куманово, службите за зимско одржување на терен

Снежни врнежи во Куманово, службите за зимско одржување на терен

Интензивни врнежи од снег денеска напладне го зафатија кумановско.
„Службите  за зимско одржување се на терен, распрскуваат течност против подмрзнување на коловозот“, објави на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.
Екипите на ЈП „Чистота и зеленило” се распоредени во централното градско подрачје, се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони, додава Димитриевски.

Read More

(ВИДЕО) И Карап маала со заедничка прослава на Бадник

(ВИДЕО) И Карап маала со заедничка прослава на Бадник

Заедничко празнување на Бадник денеска организираа и граѓаните на Карап маала. Традиционално, со осветување на бадниковата трпеза, кршење на лепче со паричка и останатите обичаи поврзани со денешниот празник, овие кумановци уште еднаш покажаа дека ги негуваат добрососедските односи.
Кума за наредната година на Бадниковата прослава е Даниела Димковска.
 

Read More

(ВИДЕО) ЗГ „Коледари“ ја продолжи традицијата

Здружението на граѓани „Коледари“, по повод Бадник, предвесникот на Христовото раѓање ја продолжи традицијата со организирање Бадников собир.
Од црквата Свети Никола коледарите се упатија на плоштадот кај центарот за култура, каде што празнувањето продолжи со оро и песна. На присутните граѓани им беа поделени бадникови гранчиња, овошје, топол чај и ракија.
Кумови на манифестацијата се членовите на мото клуб „Мечки“.
 

Read More
1 289 290 291 292 293 769