Дваесет и седумгодишниот Марко Трајковиќ од Куманово почина во САД по незгода со велосипед враќајќи се кон својот дом.
Сега семејството и пријателите на Марко бараат помош од сограѓаните да се покријат дел од трошоците за транспорт на неговото тело во Македонија кој чини 20.000 долари.
Отворен е повик за донација преку платформата GoFundMe каде сите хумани граѓани можат да донираат.
Имено, Марко по завршување на средното образование се упатува на студии во Америка, каде добива стипендија и се стекнува…
Локално
ВИДЕО: Меѓународно првенство во бокс „Отворен Балкан“ во Куманово
На седми октомври годинава во Куманово ќе се одржи Меѓународното првенство во бокс „Отворен Балкан“ на ниво на Србија, Македонија и Албанија. По тој повод, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со претседателот на Боксерскиот сојуз на Србија, Ненад Боровчанин, претседателот на Националната боксерска федерација Фатон Салиху и претставници на боксерскиот клуб „Куманово 84“. На средбата се разговараше и за претстојното учество на Боксерскиот клуб „Куманово 84“ во регионалната лига, во која…
Read MoreКУД „Српски вез“ организира Фолклорна ревиja
По повод 10 години од своето постоење културно -уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово в сабота ќе организира Фолклорна ревија.
На ревијата ќе бидат претставени народни носии кои „Српски вез“ ги изработи и набави изминатите десет години, но и некои нови кои беа изработени за овој повод.
Во рамките на фолклорната ревија е предвиден и соодветна културно-уметничка програма.
На самата манифестација е најавено присуство на министерот во Владата на Р. Србија задолжен за дијаспора Ѓорѓе Миличиќ, амбасадорката на…
Раководител на служба во ЈЗУ ќе одговара за злоупотреба на службена положба
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 51-годишна кумановка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, раководител на служба во Јавна здравствена установа во Куманово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување изготвила потврда на име на дете, каде во вакцинален статус навела дека детето има прележано варичела, но од друга страна лекарите немале податоци за здравствената состојба на детето, врз чија основа би можеле да издадат…
Read MoreКумановка затекната при обид за кражба
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 24-годишна кумановка. Таа била затекната при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Драган Стопаревиќ“ во Куманово. Кумановката била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Read MoreВИДЕО: Отворен Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово
Во полна сала на Центарот за култура вчеравечер свечено беше отворено 26-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“. Честа први да настапат пред кумановската публика ја имаа актерите од велешкиот театар со претставата „Синиот портокал“.
Пред љубителите на комедијата се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потенцирајќи дека Министерството за култура останува партнер и традиционален поддржувач на овој фестивал кој со својата долговечност дава особен придонес кон развојот на македонската култура и културното живеење.
-Од…
ВИДЕО: 6-ти меѓународен саем „Органска трпеза“
Здружението „Живот“ од Куманово шеста година по ред го организира меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“, како и вториот саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро Мак“.
Годинава се очекува да учествуваат околу 10.000 луѓе од кои 300 излагачи од Македонија, соседните држави, но и Унгарија, Црна Гора, Турција.
Многу повеќе на оваа тема ќе слушнеме од изјавата на Драган Цветковиќ, организатор на саемите кое ќе се одржат од петок до недела на…
ВИДЕО: Бесплатен јавен превоз и во октомври
Бесплатниот линиски превоз во Куманово ќе продолжи до крајот на октомври годинава, одлучија советниците на вчерашната седница.
Од Секторот за комунални работи информираат дека дневно линискиот превоз го користат од 10 до 13 илјади граѓани.
За оваа субвенција општината одвои околу пет милиони денари.
ВИДЕО: Коцевска: Младите знаат што е најдобро за младите!
-Во изминатите години, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реализираше низа мерки и младински политики, со кои се подобри статусот на младите луѓе во сите сфери од општественото живеење.
Како движечка сила и носители на промените во нашето општество, една од главните цели на оваа Влада беше да ја зголеми довербата кај младите луѓе дека тука, во родната земја, можат да имаат сигурна и извесна иднина. Дека нивната татковина ќе направи се’ за нивниот глас…
ВИДЕО: ЈП „Пазаришта“ оствари добивка
Јавното претпријатие „Пазаришта“ работело со добивка во периодот април – јуни годинава, покажува финансискиот извештај за работата на претпријатието. Како што беше посочено на вчерашната седница, станува збор за добивка во износ од 34.856 денари, но она што повеќе ги интересираше советниците се расходите, особено трошоците од 53.645 денари за отпис на побарувања, расходите за сметководствено – финансиски услуги, трошоците за Агенцијата за привремени вработувања и за какви профили станува збор, но и дали во…
Read More