Жител на Старо Нагоричане паднал од кров на куќа и починал

Жител на Старо Нагоричане паднал од кров на куќа и починал

Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на кровот од куќата,  паднал М.К.(51 години) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото. Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, информира полицијата. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено  на обдукција.

Read More

Без вода десет локации во Куманово

Без вода десет локации во Куманово

Поради дефекти во водоводната мрежа, десет локации во градот се без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Според РУЦК, станува збор за следните улици: „Никшиќка“, „Благој Илиев Гуне“ (круг на поранешна фабрика „Киро Фетак“), „Ѓуро Пуцар Стари“ бр. 64 и околни објекти, булеварот „Октомвриска Револуција“ (сектор „Стокомак“), улицата „11 Ноември “, м.в. Палестина во населбата Долно Којнаре, м.в. Стари лозја, улиците „Никола Вапцаров“ и „Веселин Вуевски“ и булеварот „Трета МУБ“ бр.114.
Екипите на ЈП…

Read More

Приведен крадец за издржување затворска казна

Приведен крадец  за издржување затворска казна

Вчера во 23 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода E.Р.(25 години) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната, информираат од полицијата.

Read More

СДСМ: По коалицијата, Димитриевски ќе го плаќа долгот кон ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: По коалицијата, Димитриевски ќе го плаќа долгот кон ВМРО-ДПМНЕ

Во Куманово има нова коалиција и тоа Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ. Се изгласа претседавач на Совет на Општина Куманово. Новиот претседавач на Совет на Општина Куманово е Ивана Ѓорѓиевска со гласовите
на ГИ За Наше Куманово, Вмро-Дпмне и А/АА. ГИ „За Наше Куманово“ воопшто и не комуницираа со советничката листа на СДСМ за било какво коалицирање, туку Максим Димитриевски преговараше со ВМРО-ДПМНЕ и А/АА.
Маските паднаа, Максим Димитриевски призна дека во Куманово имал предизборен договор со ВМРО-ДПМНЕ…

Read More

Одложен годишниот концерт на Младинскиот оркестар

Одложен годишниот концерт на Младинскиот оркестар

„Поради тридневната жалост се одлага концертот на Младинскиот оркестар. За нов термин ќе информираме дополнително“, соопштија од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
-Уште еднаш изразуваме сочувство на семејствата на трагично загинатите наши сограѓани, велат од НУЦК.

Read More

17 новозаболени и две починати лица од КОВИД-19 во Куманово во изминатото деноноќие

17 новозаболени и две починати лица од КОВИД-19 во Куманово во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира за регистрирани 490 нови случаи на КОВИД-19 во изминатите 24 часа на ниво на државата, од нив 17 новозаболени во Куманово.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 9 починати лица, меѓу нив 2 починати лица од Куманово (88 г. и 76 г.).
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени  се 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021, меѓу нив едно…

Read More

(ВИДЕО) Ивана Ѓорѓиевска – нов претседател на Советот на општина Куманово

(ВИДЕО) Ивана Ѓорѓиевска – нов претседател на Советот на општина Куманово

Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ e новата претседателка на Советот на општина Куманово со одлука донесена од мнозинството на денешната конститутивна седница. Ѓорѓиевска доби поддршка од советниците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, БЕСА и Левица.
„Чест е да се биде претседател на Советот во најголемата општина бидејќи тоа е можност да се даде придонес за подобар живот на граѓаните. Ние советниците ќе го оправдаме секој добиен…

Read More

Русинка приложила лажен ПЦР тест на Табановце

Русинка приложила лажен ПЦР тест на Табановце

На граничниот премин „Табановце“, вчера полициски службеници ја привеле А.К.(25 години) од Русија, затоа што при контрола приложила ПЦР тест за кој по извршена контрола било констатирано дека е фалсификат, информира полицијата.
Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија Куманово за понатамошна постапка.

Read More

ВИДЕО: Саем на социјални претпријатија од Североистокот

ВИДЕО: Саем на социјални претпријатија од Североистокот

Во Занаетчискиот дом денеска се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Североисточниот регион. На саемот, во организација на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ и Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија од Куманово, своите производи и услуги ги презентираа 20-тина социјални претпријатија и граѓански организации кои се занимаваат со економска активност.
Тим лидерот на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, и претседател на Фондацијата Барка од Полска, Барбара Садовска истакна дека е посебно задоволена што…

Read More

Димитриевски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа

Димитриевски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа

– Нема зборови кои може да ја искажат болката и тагата по страшната трагедија која се случи утрово во Бугарија. Тешко е да се најде утеха во овие моменти. Сочувство до семејствата на сите загинати и брзо опоравување на повредените во трагичната автобуска несреќа, напиша градоначалникот Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил.
 

Read More
1 315 316 317 318 319 769