Кумановец пријавил напад во угостителски објект

Кумановец пријавил напад во угостителски објект

Дваесет и седумгодишен кумановец завчера пријавил во Секторот за внатрешни работи дека во угостителски објект  на улица „Драган Стопаревиќ“ во Куманово бил физички нападнат  од Д.С.(41) и А.М.(41), двајцата од Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Минофрлачка граната пронајдена во „Ајдучка чешма“

Минофрлачка граната пронајдена во „Ајдучка чешма“

Кумановец во Секторот за внатрешни работи завчера пријавил дека пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82мм.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Read More

(ВИДЕО) Mирен изборен ден, без инциденти

(ВИДЕО) Mирен изборен ден, без инциденти

о демократска атмосфера, без поголеми проблеми помина изборниот ден во Куманово и Старо Нагоричане. Во вториот изборен круг функционираа и терминалите за отпечаток на прст.
Општинската изборна комисија и Секторот за внатрашни работи, потврдија дека не се евидентирани нерегуларности.
Во Куманово се гласаше на 167 избирачки места, а право на глас имаа вкупно 93.986 граѓани.
Кумановци посочија дека од идниот градоначалник очекуваат да овозможи подобри услови за живот во градот.
Иако ОИК и СВР Куманово не забележаа инциденти, здружението…

Read More

ЈПДП: Утре ќе биде пуштен сообраќајот по Искрин мост со наизменично пропуштање на возилата

ЈПДП: Утре ќе биде пуштен сообраќајот по Искрин мост со наизменично пропуштање на возилата

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека предвидените работи за санација на критичните столбни места С5 и С6 поради кој беше затворен Искрин мост се завршени. Во текот на утрешниот ден во попладневните часови ќе биде пуштен сообраќајот по мостот кој ќе се одвива по времениот режим на сообраќај како што беше пред да биде затворен, односно одвивањето на сообраќајот ќе биде регулирано со семафорско решение со наизменично пропуштање на возила во еден и…

Read More

1.218 неважечки ливчиња во вториот круг од изборите

1.218 неважечки ливчиња во вториот круг од изборите

Гласачкото право во вториот круг од локалните избори во Куманово го оствариле 49,23 отсто од полнолетните граѓани.
Во бројки, од вкупно 93.986 избирачи во избирачкиот список, на изборите вчера гласале 46.273 лица. Од тоа како неважечки ливчиња се 1.218.
Во соседната општина Старо Нагоричане вчера со право на глас биле 3.262 лица, а на избирачките места се појавиле 1.936, односно излезноста била 59,35 отсто.
Во бројки, правото на глас го искористиле вкупно 1.887 граѓани.
Вкупно 49 од ливчињата во…

Read More

Жаклина Јовановска повторно градоначалничка на Старо Нагоричане

Жаклина Јовановска повторно градоначалничка на Старо Нагоричане

Жаклина Јовановска, aктуелната градоначалничка на Старо Нагоричене од СДСМ, повторно ја доби поддршката од граѓаните да ја води општината уште еден мандат.
Јовановска го победи противкандидатот Власте Димковиќ од ТМРО, во вториот круг на локалните избори со разлика од 200 гласа.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) Јовановска освоила 55,58 отсто или 1.076 гласови, додека Димковиќ 41,89 или 811 гласови.
 

Read More

Максим Димитриевски: СДСМ била и мора да остане државотворна партија, СДСМ многупати се наоѓала во криза и знаела успешно да излезе од таа криза

Максим Димитриевски: СДСМ била и мора да остане државотворна партија, СДСМ многупати се наоѓала во криза и знаела успешно да излезе од таа криза

-Јас сум член на СДСМ, а моето исклучувањето е еднострано или желба на
поединци. Мојата идеологија е социјалдемократска по повеќе наврати тоа
го повторувам. Мојот приоритет во моментов се Кумановчани, граѓаните на
Куманово, проектите и развојот на градот, а во делот на политичките
активности јас сум убеден социјалдемократ и мојот пат е во насока на
развојот на социјалдемократијата, таквата мисла и идеја. Сметам дека
СДСМ била и мора да остане државотворна партија. Верувам дека не
очекуваат суштински реформи за да се надмине…

Read More

(ВИДЕО) Димитриевски: Победија граѓаните на Куманово

(ВИДЕО) Димитриевски: Победија граѓаните на Куманово

Максим Димитриевски останува градоначалник на општина Куманово, но на овие локални избори како независен кандидат од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Државната изборна комисија објави дека Димитриевски освоил 6.119 гласови повеќе од противкандидатот Оливер Илиевски. За старо-новиот градоначалник гласале 55,30 отсто од гласачите или вкупно освоил 25.587 гласови.

Димитриевски синоќа прогласи победа на градскиот плоштад заедно со своите поддржувачи. Пред кумановци вети дека сето тоа што било кажано во кампањата ќе биде реализирано бидејќи станува збор…

Read More

МЗ: 23 новозаболени кумановци и едно починато лице во текот на последното деноноќие

МЗ: 23 новозаболени кумановци и едно починато лице во текот на последното деноноќие

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19, од нив 23 случаи во Куманово.
Регистрирани сe 208 оздравени пациенти, од кои од Куманово се 17 лица.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, од нив еден смртен случај во Куманово, пациентот на возраст од 43 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања…

Read More

До 13 часот излезноста во Куманово околу 23 проценти

До 13 часот излезноста во Куманово околу 23 проценти

ДИК: Во Куманово излезноста до 13 часот е 22,86 проценти од обработените 156 избирачки места од вкупно 167.
Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ.
Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК од досега обработените над 96 проценти до 13:00 часот, излезноста била 22,86 проценти.
Во општината Старо Нагоричане, право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38…

Read More
1 328 329 330 331 332 769