(ВИДЕО) „Фронт“ е коректив на најголемите партии, порачува Аткинс

(ВИДЕО) „Фронт“ е коректив на најголемите партии, порачува Аткинс

„Независната листа „Фронт“  ја формиравме да ја разбудиме надежта, да ја разбиеме партизацијата во ова општество, да ги вратиме насмевките и да бидеме коректив на најголемите политички партии. Оптимисти сме дека потребните потписи ќе ги собереме во предвидениот рок, а се бориме и ќе се избориме барем за едно советничко место во Советот на општината“, вели Ивана Аткинс од граѓанската иницијатива „Фронт“ која собира потписи за независна листа на советници за претстојните локални избори.
-Ние ништо…

Read More

Димитриевски ги собра потребните граѓански потписи за независен кандидат за градоначалник

Димитриевски ги собра потребните граѓански потписи за независен кандидат за градоначалник

За само неколку часа актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски ги собра потребните граѓански потписи за независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Тој на денешната прес-конференција се заблагодари за масовната поддршка бидејќи тоа за него претставува,  како што рече,  „мотив повеќе да продолжиме во заложбите заедно да го развиваме Куманово и заедно да работиме на развојот на демократијата во нашата држава“.
-Затековме општина со долгови, а дополнително ги решивме тие финанисски…

Read More

Градоначалникот Максим Димитриевски оди по втор мандат како независен

Градоначалникот Максим Димитриевски оди по втор мандат како независен

Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, на претстојните локални избори ќе настапи како независен кандидат.
Димитриевски за „Фокус“ ја потврдил оваа информација, додавајќи дека во текот на денот ќе одржи прес конференција на која ќе ги образложи причините за ваквата одлука.
Инаку, СДСМ се уште не промовирал кандидат за градоначалник на Куманово.
 

Read More

(ВИДЕО) Се собираат потписи за советнички листи за локалните избори

(ВИДЕО) Се собираат потписи за советнички листи за локалните избори

Во Куманово веќе се собираат потписи за советнички листи во Советот на Општина Куманово за локалните избори. Носител на листата на граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ е Милош Стаменковиќ, а на граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“ ,   Сузана Ѓорѓевиќ.
Во Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово посочуваат дека има интерес кај граѓаните за давање потписи за двете независни листи, а потребната бројка е 450 потписи.  Канцеларијата на ДИК  работи од 8 до…

Read More

(ВИДЕО) Се собира ли сметот редовно, прашуваат советниците

(ВИДЕО) Се собира ли сметот редовно, прашуваат советниците

Сметот во централното градско подрачје се собира по два пати во три смени за 24 часа, дел од оштетените контејнери во централното градско подрачје се заменети со нови 150 пластични, сите камиони се функционални и се на терен, вклучувајќи ги и добиените како донација, а кога ЈП „Чистота и зеленило“ ќе добие дозвола ќе ги распореди и новите 1300 контејнери кои што во моментов се сместени на паркингот на пајак службата кон населбата Карпош, рече…

Read More

Пожарникарите со две интервенции во текот на вчерашниот ден

Пожарникарите со две интервенции во текот на вчерашниот ден

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале на две локации во градот.
Запалена сува трева пожарникарите вчера гаснеле во населбата „ Перо Чичо“ , а во попладневните часови интервенирале и на улицата „Индустриска“, каде исто така, горела сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Read More

(ВИДЕО) Да се повлечат точките за вработување, предложи опозицијата

(ВИДЕО) Да се повлечат точките за вработување, предложи опозицијата

Да се повлечат од дневниот ред точките за давање согласност на Предлог – Годишниот  план за вработување во 2022 година во јавните претпријатија, основните и средните училишта, домот за стари лица, предложи советничката од ВМРО -ДПМНЕ , Невена Величковска на денешната седница на Советот. Според Величковска, плановите за вработување за наредната година до сега требало да бидат донесени, а не в пресрет на локалните избори, особено кога станува збор за образованието, бидејќи како што рече,…

Read More

(ВИДЕО) „Тумба фест 2021“ по деветти пат во Куманово

(ВИДЕО) „Тумба фест 2021“  по деветти пат во Куманово

Љубителите на народната шегобијна песна вчеравечер имаа можност да уживаат во 21 композиција од естрадни уметници од Македонија, учесници на деветотто издание на „Тумба фест 2021“. Годинава на фестивалот освен на кумановски дијалект, се пееше и на битолскиот, прилепскиот и валандовскиот дијалект, а интенцијата е наредната година преку песна да се слушнат повеќе дијалекти, вели уметничкот директор Игор Трајковски, додавајќи дека различноста е она што го разубавува фестивалот кој во моментов е единствен од ваков…

Read More

ВИДЕО: Расте бројот на заболени во Куманово, здравствените работници со апел да се почитуваат мерките

ВИДЕО: Расте бројот на заболени во Куманово, здравствените работници со апел да се почитуваат мерките

Расте бројот на новозаболени од ковид 19 во Куманово. Од центарот за јавно здравје Куманово потврдуваат дека состојбата е загрижувачка. Станува збор за кластери во семејства, кои биле на прослави и летни одмори. Здравствените работници со апел да се почитуваат мерките и препораките за заштита. Само последнава седмица регистрирани се 454 заразени.
-Станува збор за тренд на зголемување на бројот на заболени, само за две недели промена во инциденца е за 354 проценти. Минатата недела има…

Read More

Пет интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Пет интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Кумановските пожарникари вчера интервенирале на пет локации. Сува трева во текот на вчерашниот ден горела во атар на селото Режановце, Ваксинце, Лопате, Агино село, а интервенција имало и во близина на Дуле Комерц.
ТППЕ Старо Нагоричане во текот на изминатиот период немаше интервенции, информираат од РЦУК.

Read More
1 369 370 371 372 373 769