Едукативни работилници за дијабетес утре во Занаетчискиот дом

Едукативни работилници за дијабетес утре во Занаетчискиот дом

Здружението на дијабетичари од Куманово и Центарот за дијализа, ДИАВЕРУМ Куманово утре ќе организираат едукативни работилници во Занаетчискиот дом.
Предавач и едукатор на темата „Дијабетес и исхрана“ ќе биде дипломираната мед.сестра Татјана Ѓорговски од Центарот за дијабетес при Универзитетска клиника за ендокринологија, а за „Превенција на хронични компликации предизивикани од дијабет“ ќе зборува доктор Моника Јакимовска од ДИАВЕРУМ Куманово.
Предавањето започнува во 17 часот, а освен членовите на здружението на дијабетичари, можат да присуствуваат и останати заинтересирани…

Read More

Приведено лице, пронајдена сомнителна материја

Приведено лице, пронајдена сомнителна материја

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.К. (26 години) од Валандово. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Read More

Од полноќ поевтинуваат бензините

Од полноќ поевтинуваат бензините

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за два денари по литар, соопшти Регулатарона комисија за енергетика.
Така ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 88,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 86,5 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ останува со иста цена 90 денари по литар. Останува иста цената и на екстра лесното масло за домаќинство 85,5 денари по литар, и мазутот 43 денари по литар.

Read More

ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

Куманово од неодамна доби советувалиште за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Советувалиштето е во рамки на проектот „Комфор зона за жени“ на хуманитарното Здружение „Мајка“ во партнерство со Национален ромски центар, а се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, РеЛОад2, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.  Проектот е финансиски поддржан и од Општина Куманово.
Во советувалиштето корисничките добиваат совети за…

Read More

Дисеминациски работилници на Црвен крст

Дисеминациски работилници на Црвен крст

Општинската организација на Црвен крст Куманово минатата седмица одржа седум дисеминациски работилници од кои по две во основните училишта „Наим Фрашери”, „Јероним Де Рада’’ село Черкези, „Рилиндја‘‘ село Лојане и една во основно училиште „ Христијан Карпош” Куманово.
На работилниците присуствуваа вкупно 157 ученици и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на Општинската организација Куманово и активностите на…

Read More

Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово садат нов дрворед покрај улицата „Братство и Единство“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Во моментов на локацијата се сади јасен.
Изминатиов период екипите од „Чистата и Зеленило“ насадија зимзелени садници кои претставуваат звучна изолација и го штитат воздухот од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце кај зградите кај поранешен Монопол. Од претпријатието повикаа граѓаните совесно да се однесуваат, потсетувајќи дека дел од садниците на дрворедите и кај градскиот…

Read More

ВИДЕО: Пуштен во употреба патот Ропаљце-Матејче

ВИДЕО: Пуштен во употреба патот Ропаљце-Матејче

Во присуство на високи владини функционери се пушти во употреба реконструираната делница Ропаљце и Матејче од државниот пат во општина Липково. Делницата во должина од скоро три километри ги поврзува двете населени места, обезбедувајќи безбедно движење за возачите.

Read More

(ВИДЕО) СТОРИЈА НА ТВ ПЛУС: Тргнал од САД кон Света Гора, со месеци пешачи

(ВИДЕО) СТОРИЈА НА ТВ ПЛУС: Тргнал од САД кон Света Гора, со месеци пешачи

Вербата и желбата да стане подобар човек, го натера 23-годишниот Зеин Јурески од Монтана, САД да започне голема авантура. Од својот дом заминал во април. Над 50-дена патува, повеќето пеш. Целта е Света Гора. Патот го доведе и во Куманово, каде престојува еден ден. За телевизија Плус ексклузивно раскажа со какви настани се соочил периодов.

Read More

ВИДЕО: Отворена изложбата „Фото Салон 2022“

ВИДЕО: Отворена изложбата „Фото Салон 2022“

Љубителите на уметничката фотографија вчаравечер имаа можност да присуствуваат на отворањето на меѓународната изложба „Фото салон 2022„ во Занаетчискиот дом. Организатор на изложбата на која со свои дела се претставија 94 автори од седум балкански држави е Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово. Фотографите твореа на слободна тема, а наградени се вкупно 24 фотографии, информира претседателот на клубот „Козјак“, Милош Нешковски.

Изложбата е дел од културните настани организирани во чест на празникот 11-ти Ноември.

-Пристигнати се 302…

Read More

Европска ознака за извонредност во управувањето и за Куманово

Европска ознака за извонредност во управувањето и за Куманово

Девет општини од Македонија, меѓу кои и Куманово денеска ќе добијат Европска ознака за извонредност на управувањето.
Европската ознака за извонредност на управувањето е воспоставена од Советот на Европа, а доделувањето го организира Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) која од минатата година е акредитирана да го спроведува проектот во Северна Македонија, Хрватска и Косово.
Како што информира АЛДА, општините Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа…

Read More
1 2 3 4 5 6 612