ВИДЕО: Започна еко-акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

ВИДЕО: Започна еко-акцијата  „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Утрово започна акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ во која се вклучени општината, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, АРМ и невладини организации поддржани од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Целта е преку расчистување на дивите депонии и засадување на дрвја да се зазелени градот, но и да се крене еколошката свест на граѓаните на повисоко ниво.
 

Read More

ВИДЕО: Болницата доби возило за брза интервенција

ВИДЕО: Болницата доби возило за брза интервенција

Општата болница во Куманово денеска доби донација-возило, од хуманитарното здружение „Јас сум Матејче“. Станува збор за возило кое е во сопственост на болницата Базел, Швајцарија.  Инаку од оваа здравствена установа информираат дека се стабилизира епидемиолошката состојба. Размислуваат и за намалување на ковид одделите.
-Вчера имаше 94 прегледи во амбуланта што воопшто не е мала бројка, но минатата и претходната недела имавме околу 150 до 200 прегледи, што сепак е намалување. Како што подоцна почна третиот бран…

Read More

Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

– Бојкотот на наставата од страна на средношколците продолжува и затоа бараме од Министерството за образование и наука да го слушне нашиот глас. Бараме создавање услови на враќање на средношколците во училишните клупи и откинување од концептот за дигитализација на образованието кое што е предвидено сега. Сметаме дека образованието има посериозни проблеми како немање на материјални услови и немање на елемантарни услови за настава во одредени региони во земјава. Исто така неопремени лаборатории како и…

Read More

ВИДЕО: Со едукативна акција се одбележува Денот на полицијата

ВИДЕО: Со едукативна акција се одбележува Денот на полицијата

Со едукативна акција за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата, Отсекот за превенција го одбележа 7-ми мај, Денот на полицијата. Ученици, членови на училишни сообраќајни единици, заедно со припадници на полицијата, како и претставници на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, денеска запираа возачи и случајни минувачи и им укажуваа на почитување на сообраќајните правила и прописи, делејќи едукативни флаери и маички.

–Спроведуваме една превентивна акција, која всушност ќе се реализира на повеќе различни…

Read More

Бране Петрушевски вечерва во „СТАВ“

Бране Петрушевски вечерва во „СТАВ“

Пратеникот и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски вечерва гостува во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус, која почнува во 20 часот.
Тој ќе зборува за актуелните случувања во државата, аферите поврзани со вакцини, пасоши, но ќе се осврте и на проектите во Куманово.
Прашање на пратеникот ќе постави и неговата колешка од СДСМ, Лидија Тасевска.
Гледајте ТВ Плус во 20 часот.

Read More

ФОТО: Одбележан празникот Балаклија

ФОТО: Одбележан празникот Балаклија

Во црквата Света Петка во населбата Бедиње денеска православните верници го одбележаа празникот Источен петок или Балаклија. Граѓаните ја посетија црквата каде што се празнува денот поврзан со Пресвета Богородица и нејзините молитви кон Бога.

Овој празник не се определува според датум, туку секогаш се празнува во петокот по Велигден. Средата и петокот од Светлата недела, односно по Велигден се јаде мрсна храна. Верниците се причестија, исекоа колач, запалија свеќи и се помолија за здравје и…

Read More

Три лица не го почитувале полицискиот час

Три лица не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на Министерството за внатрешни работи, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово  132 лица не ја почитувалe.
Од нив од Куманово 91, во Крива Паланка 26 и  во Кратово 15. За истите ќе следуваат соодветни мерки.
За истиот период  3 лица  не ја почитувале  забраната за движење.

Read More

Средба на локален економско-социјален совет

Средба на локален економско-социјален совет

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски присуствуваше на работна средба со членовите на Локален економско-социјален совет-Куманово, информира општината.
На средбата беа презентирани досегашните активности на советот и неговата улога за време на пандемијата со COVID-19.
Беа разгледани и областите на делување во изработка на Стратегијата, како и Дијагностика на пазарот на труд во општина Куманово, документ со анализи на постоечки податоци на невработени лица во Куманово, на побарувачка на пазар на труд и останати значајни ставки, кои…

Read More

Двајца починати и 44 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Двајца починати и 44 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка,…

Read More

(ВИДЕО) Нови асфалтни површини во Ајдушка чешма и Карпош

(ВИДЕО) Нови асфалтни површини во Ајдушка чешма и Карпош

Улицата „252“  во населбата Ајдушка чешма денеска доби нова асфалтна површина. Увид во градежните работи за реконструкција на улицата изврши градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период.
-Денеска во рамките на реализација на годишната програма на Општина Куманово сме присутни во населбата Ајдучка чешма, а потоа и во населбата Карпош. Го реализираме проектот за реконструкција, санација и обновување на улица „120“ и улица „252“. Во рамките на тој проект ќе…

Read More
1 420 421 422 423 424 769