Во болниците се лекуваат над 500 позитивни или суспектни на Ковид

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
На инфективното одделение во Куманово се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек…

Read More

Над 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Над 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Со последните бројки, 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 74 076 граѓани, објави Министерството за здравство.
Вчера се вакцинирани 9 123 граѓани, од кои со прва доза 7 963 граѓани.
Според податоците на Министерството, во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92 253 граѓани.
Според Националниот план за вакцинација, во моментов вакцинацијата се спроведува кај возрасни лица, граѓани што се…

Read More

(ВИДЕО) По трет пат „Графити фест“ во Куманово

(ВИДЕО) По трет пат „Графити фест“ во Куманово

Во Куманово трета година по ред ќе се одржи Графити фест. Уметници од градот, но и од останатите општини од државата, во сабота ќе творат на ѕидови од станбени единици во паркот зад економското училиште „Перо Наков“. Но освен што ќе се разубават ѕидовите на станбените единици, организаторите со поддршка на општината и спонзори, ќе работат и на уредување на паркот.
-Целта на настанот ќе биде да се уреди паркот што е меѓу зградиве, имаше таква…

Read More

Приведени две лица заради фалсификуван ПЦР тест

Приведени две лица заради фалсификуван ПЦР тест

МВР информира дека вчера утрото во 05.30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, A.B.(30) од Србија приложил негативен ПЦР тест издаден од лабораторија од Скопје. Поради постоење основи на сомнение дека тестот е фалсификуван не му бил дозволен излез од РСМ.
Според МВР, на граничниот премин дошол и П.Н.(33) од Горно Којнаре, кумановско, работодавец на пријавениот, кој што признал дека го изработил фалсификуваниот ПЦР тест, со цел неговиот вработен да може да патува во странство.
Двајцата…

Read More

Се празнува Ѓурѓовден, празник на пролетта

Се празнува Ѓурѓовден, празник на пролетта

Плетење на венец од растенија, закитување на влезните врати во куќите и дворовите со „ѓурѓовденско цвеќе“, миење со водата во која се потопуваат растенија, капење во река… само се дел од народните обичаи кои се прават на денешното празнување на празникот Ѓурѓовден.
Православните верници денес го прославуваат Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, кој е и симбол на пролетта.
Тој живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар Диоклецијан (284-305 година).
Како голем празник…

Read More

Општина Куманово назначи службеник за млади

Општина Куманово назначи службеник за млади

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Мартин Крстиќ е назначен за службеник за млади во Општина Куманово. Службеникот за млади e лице, кое има континуирана соработка и комуникација со младинските организации, младите луѓе и ресорните институции со цел подобрување на состојбите со млади на локално ниво.
Младите ќе можат да комуницираат преку martin.krstic@kumanovo.gov.mk.
 

Read More

Седумдесет и деветмина кумановци евидентирани без маски

Седумдесет и деветмина кумановци евидентирани без маски

По однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 122 лица не ја почитувалe. Од вкупниот број, 79-мина без заштитна маска се евидентирани на ниво на Куманово , 29 граѓани на Крива Паланка и 14-мина жители на Кратово. За евидентираните ќе следуваат соодветни мерки.
За истиот период,  четири лица  не ја почитувале  забраната за движење,…

Read More

Изложба „Црно и бело“ на Ана Трајковска

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре ( петок) со почеток во 13 часот, ќе биде отворена изложбата „Црно и бело“ на академската графичарка Ана Трајковска. Изложбата е нејзин магистерски труд и е составена од принтови на најлон, изведени во големи формати.
Aна Трајковска е родена во 1995 година во Скопје. Таа е дипломиран графичар во класата на проф. м-р Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Моментално…

Read More

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во Куманово (ВИДЕО)

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во Куманово (ВИДЕО)

„MAN AND MOUNTAIN LLC” – Австрија заедно со Oпштина Куманово и Секторот за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата, ЈП „Чистота и зеленило“, припадници на АРМ, НВО „Кумановски акцијаши”  утре (петок), во 09 часот ќе ја реализира еколошката акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во рамките на проектот „Зелена сончева”, под мотото „За чисто како дома исто”, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
Во проектот веќе учествуваат „Пакомак”, ЕВН, Делегација на ЕУ, Министерство за животна…

Read More

Регистрирани се 2 починати лица и 35 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Регистрирани се 2 починати лица и 35 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети…

Read More
1 421 422 423 424 425 769