„Крепост“ со божиќни пакетчиња за сиромашни граѓани

Хуманитарното здружение „Крепост“ за Бадник додели божиќни пакетчиња на 12 социјално загрозени семејства од градот. Донацијата се состоеше од храна, овошје и зеленчук, а има за цел да ја збогати традиционална бадникова трпеза на овие категорија граѓани. Од организацијата потенцираат дека на ваквите големи христијански празници, граѓаните не треба да ги забораваат лицата кои се во лоша економска состојба.
-Tрадиционалната бадникова трпеза со овошје, зеленчук, грав, компири, за повеќе семејства поточно 12 од кои 3-4 беа…

Read More

Намален бројот на новороденчиња во Куманово

На одделението за гинекологија при Општата болница, минатата година се родиле 1.540 бебиња, 60-ина помалку во однос на претходната година. Во 2015 во кумановската болница се родиле 12 пара близнаци. Началникот на акушерското одделение, Нисо Тасов смета дека намалувањето на бројот на новороденчиња, може да биде од различни причини, но не исклучува дека тоа може да биде и породувањето во приватни клиники.
-Низ градот слушам дека нема кој да породува во болницата. Јавноста нека знае, сите…

Read More

Посна трпеза за среќа, здравје и бериќет

Посна трпеза за среќа и бериќет и благослови за здравјето на семејството се дел од обичаите, кои ги практикуваат верниците за одбележување на Бадник, ден пред големиот христијански празник, Божиќ. За бадниковата вечер во секој дом се меси лепче во кое се става паричка, која домаќинот откако ќе се прекрсти и благослови, ја крши на толку делови, колку што има членови во семејството, оставајќи дел за Господ и куќата. Постои верување дека кај оној што…

Read More

Бадник – празник на пост и молитва

Православните верници утре го слават Бадник, денот пред  роденденот на Исус Христос  според христијанската традиција. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Според свештените лица, православните христијани се наоѓаат во период на исчекување на раѓањето на Исус Христос.
-Празникот Бадник е настан со кој што се подготвуваме за Христовото раѓање, ден кој што треба да го поминеме во пост и во молитва, за што подостојно и што блиску да го пречекаме тоа славно христово раѓање,…

Read More

СДСМ ќе организира прослава на Бадник

Традиционално по 22 пат општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз утревечер ќе организира прослава на Бадник. На градскиот плоштад со почеток во 21 часот ќе биде запален бадниковиот оган. Вообичаено оваа манифестација ја следат неколку илјади граѓани.
-На овој празничен ден, од свое лично име и од името на општинската организација на СДСМ ги повикувам сите граѓани на Куманово да ни се придружат и заедно во мир, спокојство и радост да го дочекаме Христовото раѓање, изјави Сашо…

Read More

Фрлени педесетина тони сол на улиците во градот

Првата снежна покривка донесе и отежнато одвивање на сообраќајот. Но, за разлика од вчера кога улиците, а посебно тротоарите беа лизгави, во текот на денот се работеше на нивното расчистување. Повеќе од 50 тони сол и ризла се фрлени последниве 24 часа по улиците во Куманово. За зимско одржување на улиците се задолжени кумановската фирма „КООП Инженеринг“  која ја одржува западната зона од градот и фирмата „Катинг“ од Скопје, која досега потрошила 35 тони сол…

Read More

Екплозија во шахта од гасовод

Експлозија предизвикана од пиротехничко средство вчера изутрина  ги разбуди  кумановци кои живеат во станбените објекти на булеварот „Октомвриска револуција“. Засега се уште непознат сторител вчера  околу 4 часот фрлил пиротехничко средство-топовски удар  во близина на бетонска шахта од дистрибутивен гасовод и при испуштање на дозволената  количина  на гас од шахтата дошло до експлозија во приземниот дел. Ова се случило спроти спорската сала, на просторот помеѓу пешачката патека на градскиот кеј и патеката на булеварот.
Од настанатата…

Read More

Кумановци повикуваат да се исчисти снегот

Кумановци со поделени мислења за исчистените улици и тротоари од снег. Додека едни сметаат дека надлежните служби не ја исполниле својата должност, бидејќи не фрлиле доволно сол на улиците, па се принудени да одат по мраз, а уличките во периферијата се како лизгалишта, други тврдат дека немаат проблем да се движат низ централното градско подрачје.
-Улиците  не се исчистени, имаме среќа што не падна многу снег, ги гледате автомобилите шлајфуваат, се лизга за граѓаните е опасно.
Возачите велат…

Read More

Коледарите во среда ќе го одбележат Бадник

Традиционално 16-ти пат по ред и оваа година на Градскиот плоштад пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи бадникова прослава, која ја организира Здружението на Коледари Куманово. На прославата која ќе започне во 11 часот ќе бидат поделени бадникови гранчиња, како и топла ракија и чај. Во 12 часот е планирано коледарите да ја посетат црквата Свети Никола, каде ќе се освети погача која подоцна ќе им биде поделена на граѓаните, а најсреќниот…

Read More

Во Куманово првото бебе е машко

Првото бебе во Новата 2016 година во Куманово е машко. Тоа е тешко  2.900 грама, а долго 50 сантиметри. Инаку бебето е прво дете на дваесет и седумгодишната Марија Ѓорѓиевиќ од Речица. 
-Родив синче за нова година, прво бебе, се уште нема име, чекаме од кумот да ни го каже името-изјави среќната мајка.
Началникот на акушерското одделние, доктор Нисо Тасов потенцираше дека и бебето и мајката се во одлична состојба.
-Бебето е родено половина час по полноќ, со…

Read More
1 433 434 435 436 437 486