Чевларите го слават „ Свети Спиридон“

Чевларите денеска го слават Свети Спиридон, светецот кој тие го сметаат за свој заштитник . Сопствениците на чевларските претпријатија утрово пресекоа колач во црквите во Куманово. Во црквата „Свети Ѓорѓи“  беше извршено и примопредавање на кумството. Традицијата на примопредавање на кумството потекнува од 1936 година од  одржувањето на Државен чевларски  курс во Соколана, а во градот се празнува од 1990 –та година велат чевларите.  Фотографијата која сведочи  за тој настан чевларите ја примопредаваат секоја година…

Read More

„Дедо мраз на мотор “ во Куманово

Хуманоста на моторџиите повторно се покажа на дело.  Стотина моторџии од Куманово, Скопје и Свети Николе денеска се собраа на градскиот плоштад  со цел да ја реализираат акцијата „Дедо Мраз на мотор“. Моторџиите беа вистинска атракција за минувачите, како за најмладите кои се радуваа на подароците, така и за повозрасните кои уживаа во глетката на Дедо Мразовците со своите мотори. Точно напладне организирано се упатија кон Дневниот центар за лицата  со посебни потреби да им…

Read More

Часови по македонски и математика за децата Роми

Околу 80 ученици Роми од четврто, петто и шесто одделние, следат дополнителна настава по македонски јазик и математика. Ова е дел од проектот во кој е вклучен Центарот за ромска заедница, ДРОМ, а кој има за цел да им помогне на учениците при совладување на наставните содржини. Во програмата се опфатени ученици од основните училишта 11-ти октомври, Браќа Миладиновци, Христијан Карпош и Крсте Мисирков, а идната година е планирано  програмата да се прошири и во…

Read More

Усвоен буџет на општината за 2016-та година

Една милијарда и 700 милиони денари  изнесува буџетот на општина Куманово за 2016-та година. Буџетот се изгласа на денешната седница на советот како и одлуката за извршување на буџетот. Според надлежните, буџетот е развоен бидејќи се планира финансирање на повеќе инфраструктурни проекти, обезбедување на средства за јавните претпријатија, за улично осветлување, за справување со сообраќајниот хаос. Планирани се средства на основниот буџет, средства од дотации, донации и самофинансирачки активности на општинските буџетски корисници.
 
-Главен акцент на…

Read More

Новогодишен хепенинг за сите генерации

„Наши тамбураши“ со Нино Величковски, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски се само дел од богатата новодишна програма што ја организираат Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура и спорт при општина Куманово. 12 часовниот новогодишен хепенинг ќе се одржи на 30 декемри со почеток во 11 часот. Целокупната програма ќе се состои од три дела. Најмладите ќе ги забавува Дедо Мраз, напладне градоначалникот ќе им ги честита празниците на граѓаните, потоа ќе следува блок…

Read More

Куманово во новогодишна магија

Кумановци се задоволни што градот блеска во новогодишен сјај. Велат дека овој пат за разлика од претходните години, со различните украси и светилки, навистина  е доловена новогодишна атмосфера, поради што градот наликува на светските метрополи. Најмногу внимание им привлекува новата шестметарска елка која го разубавува Градскиот плоштад, како и големата фонтана.
Додаваат дека им се доаѓаат и украсите кои се поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција,  дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне…

Read More

Цивил: Граѓаните имаат право на слободно гласање

Законот, уставот и сите демократски правила и стандарди мора да се почитуваат за време на изборите. Тие не смеат да бидат манипулација, туку празник на демократијата, е пораката која што синоќа пред кумановци ја упати Центарот за слобода Цивил, на јавниот настан насловен „Сите за слободни избори“. Од Цивил нагласија дека граѓаните мора да се охрабрат и да зборуваат низ што се поминуваат во контиурираната предизборна кампања, која е постојано присутна во нивното секојдневие.
-Поткупот, политичката…

Read More

Партиите започнаа со предизборни активности

Политичките партии во градот ги интензивираа активностите за престојните парламентарни избори.  Додека дел од партиите веќе започнаа со штабско работење, други се уште се сконцентрирани на внатрепартиската организација. СДСМ досега отвори неколку штабoви, а се најавува дека во наредниот период ќе се интензивира работата. Од таму, додаваат дека за време на редовната кампања која трае 20-ина денови, на територија на општината ќе имаат околу 40 штабови.
-На старт пред почеток на Нова година ќе започнеме со…

Read More

Кумановскиот музеј слави 51 година постоење

Националната установа Музеј Куманово одбележа 51-годишнина од формирањето.  Во повеќегодишно постоење овој музеј се афирмираше како значајна институција од музејската, научната и културно-образовна институција чии стручни лица, се ангажирани во теренски истражувања, за обработка на техничка и фото документација, духовната и материјалната култура во Куманово и регионот. Установата располага со над 6.000 експонати, почнувајќи од праисторијата па се до денеска. Навраќајќи се во минатото, директорката Анита Цветановска истакна дека со растот на музејот, се зголемува…

Read More

Дедо мраз ја посети градинката „Бубамара“

По повод претстојните новогодишни празници, денеска Дедо мраз ја посети градинката Бубамара, која се наоѓа во близина на поранешен Чик. Дечињата играа и пееја новогодишни песнички, а имаат можност да ја проследат и куклената претстава Новогодишна бајка. Во наредните шест денови Дедо мраз ќе ги посети и останатите градинките низ градот.
-Ние сме една мултиетничка градника со различни заедници, Македонци, Срби, Албанци така што ќе биде доста интересно и се обидовме сите да бидат весели.  Претставата…

Read More
1 435 436 437 438 439 486