Започна новогодишно украсување на градот

Започна новогодишно украсување во централното градско подрачје. Светилки и украси најдоцна до утре треба да бидат поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција, и дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне Божинов. Во тек е и поставување на новата шестметарска елка во близина на споменикот Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад, како и една фонтана. Во новогодишни бои ќе се украси и плоштадот „Маршал Тито“, кој се наоѓа во близина на Центарот за култура…

Read More

Земјоделците се информираа за ИПАРД кредитите

Триесетина земјоделци од кумановскиот регион синоќа се информираа за ИПАРД програмата, односно гарантниот фонд кој им стои на располагање. Тие имаа можност да се запознаат како можат да аплицираат, кои се условите и поволностите. Предавањето го организираа Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Здружението на земјоделски производители.
-Земјоделците коишто сакаат ќе можат да аплицираат за ИПАРД програмата доколку им е претпоставуваме според анализите дека единствен проблем при аплицирање им било обезбедување на хипотеката за…

Read More

Прикажан документарниот филм за човекови права

„Приказна за човековите права“ е насловот на документарниот филм  кој синоќа беше прикажан во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а го организираше Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Десетминутниот филм е презентиран по повод меѓународниот Ден на човекови права, 10-ти декември.
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Емилија Трајковска истакна дека сакаат да запознаат нивните членови со значењето на човековите права, да потсетат кој ги гарантира, на кој начин се уредени и каков бил нивниот…

Read More

Игор Митевски – нов командир на ПС Општа надлежност

Игор Митевски е новиот командир на полициската станица од општа надлежност Куманово. Тој е избран со поддршка од 17 советници на денешната седница на советот на општината. Митевски е еден од тројцата кандидати предложени од министерот  за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а воедно и предлог на надлежната комисија. Советникот Драги Караџински побара образложение зошто се менува командирот кога последните неколку извештаи за работата на полициската станица од општа наделжност биле позитивни.
Според претседателот на Советот, Максим…

Read More

„Куманово-паркинг“ ќе купи ново пајак возило

Да се подобри и прошири јавното осветлување во градот и околината, замена на постојните светилки со штедливки, поставување на светлосни сензори, ставање во функција на зоната Б и Ц за зонско паркирање како и намалување на цената за паркирање беа дел од забелешките на советниците при денешното усвојување на програмата за работа и за одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на јавното претпријатие „Куманово -паркинг“.
Советниците ги интересираше и колку е рентабилна пајак службата  и…

Read More

Кумановски лекари ќе се едуцираат во странство

Околу десет лекари, специјалисти од Здравствениот дом и Итната помош, како и една медицинска сестра, наскоро ќе заминат на едукација во реномирани медицински центри во Бугарија и Турција.  Едукацијата е со цел проширување на знаењата, вештините и искуствата на докторите и нивна примена во македонскиот здравствен систем. Овој проект континурано, веќе три години го спроведува Министерството за здравство.
-Во Здравствен дом е во тек одредување на доктори кои ќе бидат упатени на едукација во Истанбул има…

Read More

Поделени мислењата што нема новогодишен концерт

Кумановци со поделени мислењa зашто годинава нема да има организиран пречек на Нова година на Градскиот плоштад.  Дел од граѓаните не се согласуваат со одлуката на Општината, тврдејќи дека традицијата треба да продолжи, бидејќи тоа се практикува во сите градови, но има и такви што сметаат дека наместо да се трошат пари за познати група или пејач од балканските простори, подобро да се употребат за проекти во градот.
Наместо организиран пречек, Општината одлучи годинава на 30-ти…

Read More

Нема организиран пречек на Нова година

Годинава нема да се организира пречек на Нова година на градскиот плоштад. Со ваквата одлука на општината се укинува повеќегодишната традиција граѓаните заеднички како и досега со песните на некоја истакната група или пејач од Македонија или балканските простори да влезат во 2016-та година. Освен финансиските можности на локалната самоуправа, како причина се посочува и се послабата посетеност на организираниот пречек.
-Има повеќе причини, неспорна работа е дека една од нив се и финансиите бидејќи општина…

Read More

ЛДП: Кумановци имаат право да знаат каков воздух дишат

Недопустливо е во период кога Македонија се наоѓа на врвот на светските листи по загаденост, во Куманово како најголема локална самоуправа  да не функционира мерната станица, истакнаа од Либерално демократската партија. Според портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ неработењето на  станицата е пример за игнорантскиот однос на владата кон градот.
-Праксата од другите градови покажува дека во зимскиот период интензитетот на загадување на воздухот е уште поголем. Денеска во Куманово има над 30.000 регистрирани патнички моторни возила…

Read More

Се реновираат училници и тоалети во „Христијан Карпош“

Се реконструираат простории на месната заедница Иго Тричковиќ, училници и санитарни јазли во основното училиште „Христијан Карпош“, со пари на УНИЦЕФ и Општина Куманово. На овој начин ќе им се овозможи на мештаните да ја користат месната заедница, додека учениците ќе имаат подобри услови за следење на наставата. Дел од училниците ќе бидат прилагодени за настава за ран детски развој за деца од три до шест години, кои не посетуваат градника, но и за ученици…

Read More
1 436 437 438 439 440 486