„На колена“ нов филм кој е во подготовка

„На колена“ нов филм кој е во подготовка

Три недели од снимањето поминаа, остануваат уште три пред да започне финалното монтирање на филмот на кој работат млади ентузијасти, аматери. „На колена“ обработува теми кои ги засегаат младите од нашето време, а опфатени се и проблемите со кои се соочуваат. Повеќе за филмот ќе дознаете вечерва во интервјуто кое што го снимивме со продуцентот на филмот, а за процесот на работа и се она што повеќе ве интересира може да ги побарате на нивните…

Read More

Куманово ќе финансира проекти за невладини и граѓански организации за пет клучни области (ВИДЕО)

Куманово ќе финансира проекти за невладини и граѓански организации за пет клучни области (ВИДЕО)

Општина Куманово годинава ќе финансира проекти кои ќе ги спроведуваат граѓанските и невладините организации. Денеска се одржа јавна дебата на која претставниците на секторот за евроинтеграции, меѓународна соработка и локален економски развој ги презентираа приоритетните области на кои ќе можат да аплицираат невладините организации од Куманово.
За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 300.000 денари. Организациите можат да работат проекти од неколку области, заштита на животна средина, заштита на човекови права, социјална кохезија и намалување…

Read More

Оглас за консултантски услуги од Општина Куманово

Оглас за консултантски услуги од Општина Куманово

Општина Куманово објави јавен повик за доставување консултантски услуги за изработка на две стратегии за локален економско социјален совет и за рурален развој на општината за периодот од 2021-2025 година, информираа од општината. Заинтересираните можат да аплицираат до утре.
Јавните повици се објавени согласно програмата за 2021 година која произлегува од стратегија за локален економски развој на Општина Куманово која има важност до 2024 година.
Повиците во кои се опфатени задачите, роковите на изработка, потребните документи се…

Read More

Како здружени до модерно и урбано Куманово?

Како здружени до модерно и урбано Куманово?

Почна со работа партиципативното тело коешто го формираше општина Куманово и чиишто членови треба да придонесат за подобро урбанистичко планирање и уредување на градот. Во согласност со Законот за урбанистичко планирање за обезбедување инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање – во телото доброволно учествуваат претставници на граѓанските организации, од урбани и месни заедници. Учесниците од граѓанските организации велат дека ова е одлична можност да се вклучат и дадат сугестии кои се однесуваат…

Read More

Кои проекти се издвојуваат во годишната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“?

Кои проекти се издвојуваат во годишната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“?

Министерството за култура одвои 12 милиони и 450 илјади денари за реализација на инфраструктурни проекти за Националната установа- Центар за култура „Трајко Прокопиев“,Куманово, под чии ингеренции се зградата на центарот и кумановскиот театар, информираа надлежните од установата. Дополнително, над пет милиони денари, Министерството одвои за реализација на годишната програма. Според зборовите на директорот, Сашо Тодоровски, годинава ќе започне проектот за гасификација на центарот за култура, за којшто се подготвува тендерската документација за првата фаза, односно проверката на…

Read More

Кумановец претепан во Скопје

Кумановец претепан во Скопје

45-годишен кумановец бил претепан за време на викендот, во Скопје, од засега непознато лице. Во СВР Скопје, С.К.(45) од Куманово пријавил дека околу 12.20 часот на подрачјето на Општина Карпош, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице, појаснуваат од МВР, од каде што наведоа дека работат на расчистување на случајот.

Read More

Приведен кумановец баран со потерница

Приведен кумановец баран со потерница

Во полицискиот билтен стои дека на 12.03.2021, во 17:30 часот, од страна на полициски службеници од полициската станица „Гази Баба“, бил приведен Т.К.(21) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор.
Тој бил спроведен до Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Еден починат и шест нови случаи во Куманово

Еден починат и шест нови случаи во Куманово

Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и…

Read More

Колку кумановци го почитуваат полицискиот час?

Колку кумановци го почитуваат полицискиот час?

Во текот на изминатите пет дена колку што е на сила забраната за движење по 22 часот, кумановската полиција регистрирала вкупно 16 прекршувања.
Популарно наречениот полициски час, во периодот од 10.03, заклучно денеска го прекршиле 16 лица, кои биле приведени од полицијата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави поради непочитување на здравствените протоколи во време на пандемија.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите…

Read More

Колку полицискиот час делува превентивно на ширење на Ковид 19?

Колку полицискиот час делува превентивно на ширење на Ковид 19?

Дали и колку полицискиот час превенира во ширењето на Ковид 19, може да се согледа во статистиката за изминатата недела, каде што на подрачјето на Куманово (заедно со Липково) пријавени биле вкупно 197 нови случаи на коронавирус, а шест лица ја загубиле битката со болеста.
Споредбено со неделата претходно бројот на новозаболени е ист, и тогаш биле регистрирани точно 197 случаи. Кај починатите се бележи мал пораст, со оглед дека во првата недела од март починале…

Read More
1 459 460 461 462 463 769