2020 година релативно безбедна поради намален криминалитет

2020 година релативно безбедна поради намален криминалитет

Повикувајќи се на статистичките податоци кои покажуваат намалување на криминалитетот, Секторот за внатрешни работи Куманово ја бележи минатата година како релативно поволна од безбедносен аспект.
Како што информираат од кумановската полиција, намалувачкиот тренд на кривичните дела е за 13,9 отсто, а зголемување на вкупната реализација за 0,5 проценти.
– Во текот на 2020 година превземени се организирани превентивно-репресивни мерки, од кои посебно се истакнуваат зголемување на заплена на наркотични дроги на подрачјето, намалување на извршените тешки кражби…

Read More

Двајца кумановци добија кривична пријава за фалсификување пари

Двајца кумановци добија кривична пријава за фалсификување пари

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (43) и Н.С. (32) од Куманово
– Пријавените, на 22 јануари 2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23 јануари 2021, во периодот од 05:00 до 06:00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари,…

Read More

81 е бројката казнети кумановци за вчерашниот ден

81 е бројката казнети кумановци за вчерашниот ден

Поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска, вчера казна добиле вкупно 81 лице во Куманово.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26.01/27.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 111 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од издадените прекршочни налози најмногу биле од Куманово 81, во Крива Паланка 16 и во Кратово…

Read More

14 нови случаи на Ковид 19 во Куманово, од вкупните 394

14 нови случаи на Ковид 19 во Куманово, од вкупните 394

Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 190 -Кавадарци 29 -Велес 19-Делчево 16-Куманово 14 -Охрид 12 -Дебар 12 -Гостивар 11 -Прилеп 7-Штип 7 -Битола 7-Берово 7 -Демир Капија 7 -Кичево 6 -Тетово 5 -Струмица 5 -Гевгелија 5 -Свети Николе 4 -Неготино 4 -Виница 4 -Струга 3 -Кочани 3 -Крива Паланка 3 -Радовиш 3 -Крушево 3 -Ресен 2 -Пробиштип 2 -Кратово 2 -Пехчево 2.
Починати се 9…

Read More

Нова невладина организација во градот – „Иноватор“

Нова невладина организација во градот – „Иноватор“

Доколку се сеќавате на извонредната иницијатива во почетокот на Ковид 19 кризата, кога група технолошки ентузијасти деноноќно принтаа визири и ги донираа на здравствените работници -тогаш нема да се изненадите кога ќе чуете дека дел од овие луѓе повторно имаат генијална идеја. Се работи за отварањето на, како што самите го нарекуваат, едукативно-технолошкиот центар – ИНОВАТОР. Идејата постоела веќе некое време, но поради ситуацијата со вирусот, не можела да се имплементира во нашето секојдневие.
„Формирањето на…

Read More

Во сопствениот дом нападнат еден кумановец

Во сопствениот дом нападнат еден кумановец

Педесет и тригодишен кумановец во својот дом бил физички нападнат при што му бил одземен и мобилниот телефон.
–Еве како го објасни случајот Секторот за внатрешни работи: На 26.01.2021 год во 11.00 часот во СВР Куманово З.Џ. (53) пријавил дека  околу 01.00 часот по полноќ, во неговата куќа лоцирана во центарот на градот, од страна на лицето Ф.Д. бил физички нападнат, при што му бил одземен мобилниот телефон.
Кумановската полиција превзема мерки за расистување на случајот.

Read More

Во Крива Паланка донирани 33 таблети за социјално ранливи ученици

Во Крива Паланка донирани 33 таблети за социјално ранливи ученици

Почетокот на второто полугодие, освен старите дилеми за онлајн наставата, донесува и донации кога се во прачање социјално ранливите категории на ученици. Па, така, по иницијатива на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, а во соработка со општина Крива Паланка, беа донирани донирани 33 таблети за двете основни училишта од општината. Донациите доаѓаат од општествено одговорни компании „Макпетрол“ АД Скопје и „Ескаватори МК“ ДООЕЛ Скопје.

Read More

Купи Куќа, Купи Стан – Апликацијата за субвенции е отпочната

Купи Куќа, Купи Стан – Апликацијата за субвенции е отпочната

Министерството за финансии информираше дека граѓаните  ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Барањата можат да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.
Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години.
Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитно способни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумте банки кои учествуваат…

Read More

Порасна водостојот на река Пчиња

Порасна водостојот на река Пчиња

Повторно зголемен водостојот на река Пчиња, така што сега е над просекот за јануари.
Мерењата од утринава, направени на мерната станица на Управата за хидрометеоролошки работи, лоцирана во атарот на селото Пелинце, покажуваат водостој од 60 сантиметри.
Водостојот почнува да расте од сабота, кога изнесувал 52 сантиметри, односно еден сантиметар под просекот за месец јануари.
Кон почетокот на годинава, поради обилни врнежи дојде до излевања на реката Пчиња на неколку локации, при што беа поплавени неколку викендици и…

Read More

Се прибираат понуди за реконструкција на водоводната мрежа за улица „Киро Фетак“

Се прибираат понуди за реконструкција на водоводната мрежа за улица „Киро Фетак“

Улицата „Киро Фетак“ е позната како рак рана на градот поради својата дотраена водоводна мрежа. Општината објави јавен оглас за прибирање понуди од заинтересирани економски оператори за изградба на оваа водоводна мрежа.
Според објавата, операторите треба да достават општи податоци, кои детално се утврдени во јавниот оглас, меѓу нив и документ за регистрирана дејност, потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на…

Read More
1 484 485 486 487 488 769