Членовите на здружението за планинари и заштита на планината „Козјак 2013“ периодов работат на обележување и уредување на три планинарски патеки на планината Козјак Се работи за планинарски патеки од меморијалниот центар Пелинце преку врвот Китка до мегалитската опсерваторија Кокино, потоа од Кокино до водопадот во село Длабочица и од селото Сув Ора преку манастирот Карпино до село Арбанашко. Претседателот на здружението, Марјан Милановски објасни дека обележувањето е во рамки на проектот на Агенцијата за поддршка…
Read MoreЛокално
Се породила и го фрлила бебето во река
Деветнаесетгодишната А.М од село Матејче, Општина Липково, која била во поодмината бременост, извршила чедоубиство, информираше кумановската полиција. Имено вчера откако почнала да крвари, заминала во тоалет во нејзината куќа, каде се породила, по што го извадила бебето и го фрлала во река која поминува зад нејзината куќа.
Но, откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во општата болница во Куманово, каде лекар гинеколог утврдил дека истата се породила во период од 24 часа. Околу…
„Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост“
Во рамките на проектот „Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост и нивните семејства“, кој го спроведува здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, заедно со уште десет организации од државата, денеска во Куманово се одржа фокусна група, на која родители на лица со попреченост зборуваа за проблемите со кои се соочуваат. Проектот има за цел да обезбеди податоци и информации, кои ќе служат како основа за изработка на предлог-измени на Законот…
Read MoreПоради цевка блокирана „Моша Пијаде“
Ископ на улицата Моша Пијаде, во близина на Спортската сала денеска го блокираше сообраќајот во овој дел на градот. Причината за ископот е дефект на цевка за водоводна мрежа.
Екипа на јавното претпријатие Водовод, е на терен и работи на решавање на проблемот. Директорот на Водовод, Горан Стојковски истакна дека не се работи за голем проблем, и истиот треба да биде решен во текот на денот и на тој начин ќе се овозможи нормален сообраќај.
Во тек се уписите на „Евро колеџ“
Во тек се уписите во високообразовната установа „Евро колеџ“ за учебната 2016-2017 година. Оваа студентска година на смерот бизнис и аминистрација имаат можност да се запишат 100 студенти, од кои 60 од државата, а 40 од странство, поточно од бизнис центрите во Дубаи и Малезија. Деканот, Љубиша Петрушевски истакна дека тие имаат посебни можности за плаќање со попусти, на рати и слично, па сите заинтересирани можат лично да се информираат во колеџот.
– Од тие 60…
Крак од улицата „Страшо Пинџур“ доби асфалт
Крак од улицата „Страшо Пинџур“, кој ги поврзува Бабин дол и Биљановце со населбата Гоце Делчев, денеска доби асфалт. За асфалтирање на улицата за површина од 2800 квадратни метри од општинскиот буџет се одвоени околу 15.000 евра. Увид на терен денеска направи првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски, кој посочи дека активноста е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.
-На некој начин барање на месната заедница од…
Се реконструира Домот на Занаетчии
Во тек е реконструкцијата на репрезентот на Куманово, Занаетчискиот дом, кој се наоѓа во центарот на градот. Средствата за санацијата ги обезбеди Центарот за развој на североисточниот плански регион, кој аплицираше со проект за обнова на објектот до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово учествува со над 100.000 евра.
– Се надевам дека овие предвидени средства ќе бидат доволни да направиме…
Акција за чистење на речните корита и канали
Општина Куманово деновиве започна со акција за чистање на речните корита и канали во градот и периферијата. Утринава се уредуваше кaналот на Поток Серава, а во нередниот период ќе се чистат и реките Липковка, Којнарка и Кумановка. За акцијата која е со цел навремено спречување на опасности од можни поплави, се одвоени два милиони и осумсто илјади денари.
-Тендерската постапка е завршена пред дваесетина дена, меѓутоа бевме ангажирани на теренот на Стајковци, Арачиново и Ченто. Моментално…
Се обесило малолетно дете
11 годишно момче од Куманово вчера си го одзело животот со бесилка. „Станува збор за самоубиство на малолетно дете што се случило во семеен дом на улицата Ѓорѓе Петров, во населбата Перо Чичо“ – потврди денеска СВР Куманово.
Како што соопштија надлежните, момчето било затекнато починато во соба. На вратот имало платнен ремен од јакна врзан за рачки од витрина.
Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итна медицинска помош во Куманово.
Телото на несреќното момче е предадено…
Кумановци несебично помагаат на поплавените
Граѓани на Куманово, волонтери од невладини и граѓански здруженија, од црвениот крст, припадници на полицијата и АРМ веќе неколку дена несебично помагаат во расчистување на поплавените домови во скопскиот регион. Велат она што го виделе таму нема да го заборават до крајот на животот. Толку кал, но и непријатна миризба од тињата во дворовите и во домовите не виделе ниту почувствувале никогаш претходно. Во моментов најпотребни се средства за дезинфекција, порачуваат волонтерите од Кумановски акцијаши…
Read More