Усвоен Извештајот за работа на Советот за 2018 –та

Усвоен Извештајот за работа на Советот за 2018 –та

Извештај
за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2018 –та година беше првата точка за која расправаа советниците на денешната 22-ра
редовна седница.

Советникот од опозицијата Зоран Петрушевски акцент стави
на програмите и документите кои што биле планирани, а не се реализирани во
текот на минатата година. Стратешка програма за култура, програма за управување
со отпад, информација за активностите на секторот за меѓународна соработка и
интеграции, но и за реализираните активности на инспекциските служби во
Куманово, акционен…

Read More

„Мојата ти“ вечерва и утревечер во Театар Куманово

„Мојата ти“ вечерва и утревечер во Театар Куманово

„Мојата ти“ е насловот на претставата која вечерва и утревечер, со почеток во 20 часот, ќе се изведе во Театар Куманово. Претставата е работена според текстот на Олга Димитријевиќ, а во режија на Драгана Милошевска Попова.

Делото зборува за четири жени, кои се спротивставуваат на секојдневнието, кое за нив е несфатливо и сурово. Тие се нападнати од урбана мафија, потплатени градежници, кои сакаат да го узурпираат нивниот простор.

-Освен градењето на целата структура и претстава…

Read More

Директорката на „Ангел Шајче“: Вратите се отворени за отчет и ревизија

Директорката на „Ангел Шајче“: Вратите се отворени за отчет и ревизија

Огласот за избор на нов директор на кумановската градинка „Ангел Шајче“ е веќе распишан од страна на Управниот одбор на установата, а по претходна дадена согласност од Министерството за труд и социјална политика, информираше денеска актуелната директорка Марина Алексовска, откако претходно ресорното министерство ги одзеде таквите ингеренции на Општина Куманово.

Тие како што рече Алексовска не се одземени во целост, туку само по основ на именувањето на директор. Нејзиниот мандат истекува на 31-ви март.  

Согласно Законот,…

Read More

Реакција од Општина Куманово на одлуката на МТСП

Реакција од Општина Куманово на одлуката на МТСП

Законот
за локална самоуправа е јасен и дециден, 
ингеренции за детските градинки ги има локалната самоуправа. Во случајов
министерката Царовска со овој едностран акт прави класична централизација со
цел да направи упад во надлежностите на општината и да изврши нелегитимен
реизбор на директор кој што веќе петнаесет години е на оваа функција додека
најгорливиот проблем на младите родители во Куманово е упис на дете во детска градинка
и  условите и начинот на нивното
згрижување. Општината бара отчетно и одговорно
однесување, етичност и морал во…

Read More

Утре ќе се одржи 22-та седница на Советот

Утре ќе се одржи 22-та седница на Советот

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе ја одржи 22-та седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 33 точки.

Првата точка е извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2018 година. Потоа следуваат предлог – Програма за работа на Советот, предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот, како и предлог одлуки…

Read More

Обештетени околу 900 кумановски стечајци

Обештетени околу 900 кумановски стечајци

896 стечајни работници од Куманово досега се опфатени со
измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради
приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. На ниво
на државата обештетени се 10.000 стечајци односно толку луѓе веќе земаат
паричен надоместок од државата  во висина од 7.800 денари. Претседателката
на здружението УНИТ, Лилјана Георгиевска е задоволна од досега постигнатото, но
најавува уште една дополна на Законот за стечајци со која што, според нејзините
проценки,  ќе бидат опфатени од 400…

Read More

Нема интерес за преработка на рибни производи

Нема интерес за преработка на рибни производи

Рокот за доставување
апликации на јавниот повик за Мерка 3 од ИПАРД Програмата која се однесува за
инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и
рибни производи истече денеска. Како што информираат надлежните од подрачната канцеларија
на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството на јавниот повик за
мерка 3 од ИПАРД Програмата нема пријавени земјоделци од кумановскиот регион.  

-Имаше и ИПАРД од месец ноември објавен повик
и продолжен рок за инвестиции во преработка на рибни производи, меѓутоа…

Read More

Традиционална Светосавска академија

Традиционална Светосавска академија

Светосавска академија по повод националниот празник на
Србите во Македонија , Свети Сава викендов се одржа во кумановскиот театар. На
традиционалната манифестација во организација на Српската заедница во Македонија,  регионален одбор Куманово и Демократската
партија на Србите во Македонија пред присутните се обрати Далибор
Китановиќ повикувајќи на заедништво.

-Вечерва сме заедно со оваа скромна и достоинствена
свеченост уште еднаш посветло да го оживиме и ојакнеме тој светосавски дух, да
повикаме на заедништво, на соединување , да посакаме мир и благосостојба, рече…

Read More

Димитриевски: Царовска да го укине решението!

Димитриевски: Царовска да го укине решението!

„Како градоначалник на Општина Куманово сметам дека ова
решение е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и истото има за цел
директно да го инволвира министерството како ресорно министерство во
кадровскиот избор на директорот во оваа јавна општинска установа“, рече на
денешната прес-конференција градоначалникот Максим Димитриевски, во врска со
решението на министерството за труд и социјална политика да се одземат
ингеренциите на Општина Куманово во делот на избор на директор во ЈОУ детска
градинка „Ангел Шајче“  Куманово.
Димитриевски денеска јавно ја повика министерката Мила Царовска…

Read More

Со културно-уметничка програма одбележан празникот Св. Сава

Со културно-уметничка програма одбележан празникот Св. Сава

Со богата културно уметничка програма во Занаетчискиот дом, викендов беше одбележан празникот Свети Сава. Настанот го организираше секторот за култура при Општина Куманово. На одбележувањето присуствуваше пратеникот Мирослав Јовановиќ, градоначалникот Максим Димитриевски, претставници на Советот, јавните претпријатија. Манифестацијата ја збогатија настапите на учениците од неколкуте училишта од градот.  Пред присутните се обрати градоначалникот Димитриевски кој истакна дека Куманово како мултиетнички град традиционално ги одбележува сите датуми кои имаат важно значење за заедниците.

-Српскиот народ е…

Read More
1 577 578 579 580 581 769