Продолжуваат субвенциите за социјално ранливи граѓани

Продолжуваат субвенциите за социјално ранливи граѓани

Продолжува
поддршка за ранливите категории граѓани во Куманово. Општина
Куманово и оваа година
ќе субвенционира плаќање на сметки за комуналии, информираа надлежните од Секторот
за социјална, детска и здравствена заштита. Се работи за три програми, кои се
усогласуваат  со потребите на граѓаните,
но ќе бидат во согласност со измените што ги предвидува новиот закон за
социјална заштита. Општината ќе трансферира средства за потрошената вода и
изнесување на комунален смет до двете јавни претпријатија во Куманово „Чистота
и зеленило“ и „Водовод“, но вкупната сума не…

Read More

Затворен градски пазар бараат пазарџиите

Затворен градски пазар бараат пазарџиите

Студеното време го
преполови пазарот во Куманово. Поради студот и снегот деновиве на зелениот
пазар се помалку тезги и послаба понуда на производи, а бројот на купувачите е
сведен на нула. Пазарџиите
и граѓаните со години бараат подобрување на условите на зелениот пазар.

Изградба на затворен градски пазар и подобрување на
хигиенските услови е она што им е најпотребно на пазарџиите кои што имаат
закупено тезга и секој ден се на пазарот.

Ленка Мариновска од село Љубодраг речиси 40 години е…

Read More

Џамаларите ја прославија Василица во Орашац

Џамаларите ја прославија Василица во Орашац

Во село Орашац традиционално неколкумина џамалари го одбележаа празникот Василица. Според народните верувања, џамаларите маскирани ги истеруваат духовите од селото. Тие ги посетуваа домовите, а домаќинките ги даруваа со топла ракија и храна.

-35 години оваа традиција не е згасната во Орашац, џамалари ја негуваат старата традиција. Во Орашац се станува рано наутро се собираме на едно место, се определуваат ликови, има програма, се подготовуваме. Не нагостуваат одиме од куќа на куќа откако ќе ги…

Read More

Денеска се празнуваат три празника

Денеска се празнуваат три празника

Православните
верници денеска го слават споменот на Свети
Василиј Велики, а воедно го празнуваат  и
почетокот на новата година по Јулијанскиот календар,
но  и празникот Обрезание Господово. Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан.
Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

-Сите деца до осум дена биле носени во храм да бидат
обрезани. Од таму останало кај Евреите по тоа да се препознаат дека се
Господови, дека се обележани, така и Христос во тој ден добива…

Read More

„Драга Јелена Сергеевна“ се изведе во Театар Куманово

„Драга Јелена Сергеевна“ се изведе во Театар Куманово

Љубителите на театарската уметност, синоќа во Театар Куманово имаа можност да ја проследат претставата Драга Јелена Сергеевна“, која, е во продукција на Здружение за култура и уметност “Про Арте“-ТЕАКТЕР СТУДИО. Претставата е работена според текстот на руската авторка Људмила Разумовска, а во режија на Кети Дончевска Илиќ. Драмата ги преиспитува односите меѓу младите и возрасните. Во „Драга Јелена Сергеевна“ играат Александра Пешевска, Александра Михајловска, Давид Илиќ, Никола Наковски и Мишо Димитријевски.

-И од одзивот кај публиката…

Read More

Се расчистуваат остатоци од кашест снег на улиците

Од утрово се расчистуваат булеварите,
крстосниците, критичните места во градот и околината. Екипите на
претпријатието задолжено за зимско одржување на улиците во Куманово се на терен со механизација со плуг за
расчистување на кашестиот снег. 

Доцна синоќа се фрлаше сол и ризла на
улиците, на нагорниците, осојничавите места.

-И локалните патишта кон селата
се проодни-информираше, Момчило Јовановски од секторот за урабнизам од општина
Куманово.

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ ги чистеа приодите и
пристапите во централното градско подрачје.

Општина Куманово остави и контакт
телефон 078…

Read More

СИПР – дел од европски проект за енергетскo лидерство

СИПР – дел од европски проект за енергетскo лидерство

Развивање на
енергетска мапа на транзиција на регионот до 2050-та  година и Акциони планови кои што би ја
следеле таа мапа, а по теркот на она што е развиено од страна на проект
-партнерите од Естонија, Австрија, Чешка, Полска и другите земји кои што своите
искуства сакаат да ги проследат кон дел од 
земјите во Југоисточна Европа, е целта на проектот насловен „Панел 2050“
 или „Партнерство за ново енергетско
лидерство 2050“ , информира Јане Вртески од консултантската
куќа БДС , Balkan Development
Solutions BDS…

Read More

80 тони сол фрлени на улиците во градот

80 тони сол фрлени на улиците во градот

Околу 80 тони
сол се фрлени на кумановските улици во изминатите 24 часа , информираат
надлежните од Општина Куманово. Екипите на  општината заедно
со зимската служба, од вчера се на терен и со соларки со нож и со соларка за чистење на снег се
справуваат со снежните врнежи  во градот. Во текот на денешниот ден, механизација за расчистување на
снегот е испратена и во селата Горно Којнаре, Табановце, Сопот , Скачковце,
Орашац, Кучкарево, посочува раководителот на Секторот за комунални дејности,
Момчило Јовановски….

Read More

Усвоена Програмата за работа на „Пазаришта“

Обезбедување подобри услови на пазарите за закупците на
тезги, но и за купувачите, односно обезбедување дополнителни тезги  преку аплицирање со проекти е примарната цел
на јавното претпријатие „Пазаришта“  во
Програмата за работа за  2019-та година.
Со Програмата се предвидува и замена на бетонските тезги, санација на долниот
дел од зелениот пазар, обезбедување на картичен паркинг, обезбедување средства
од европските фондови. Она што советниците од опозицијата денеска најмногу ги
интересираше се финансиите, односно планираните 100.000 денари за хигиена на
пазарите наспроти предвидените 200.000 денари…

Read More

Сашо Стошевски нов советник во Советот на општина Куманово

Сашо Стошевски нов советник во Советот на општина Куманово

Сашо
Стошевски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  е
нов советник во Советот на општина Куманово. Неговиот мандат денеска го
верифицираше комисијата за верификација при Советот на општината. Новиот
советник свечено вети дека со преземањето на функцијата ќе ги застапува
интересите на граѓаните на Општина Куманово.

-Свечено изјавувам дека права и должностите на член во
Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам, Уставот,
законот, пропистите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на
Република Македонија-изјави тој.

Претседател на верификационата…

Read More
1 580 581 582 583 584 769