ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“ по 16-ти пат во Куманово

ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“ по 16-ти пат во Куманово

Во пресрет на новогодишните празници денеска по 16-ти пат се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ во организација на мото клуб Мечки.  Дури и врнежите од дожд не ги поколебаа кумановци, а особено најмалите да дојдат на плоштадот пред Центарот за култура каде што имаа можност да бидат дел од манифестацијата, но и да  се фотографираат . Моторџиите со дедомразовски капи и одлично расположение  и оваа година се погрижија да ги развеселат лицата со попреченост,…

Read More

ВИДЕО: Пратеникот Бране Петрушевски гостин во „СТАВ“

ВИДЕО: Пратеникот Бране Петрушевски гостин во „СТАВ“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски гостува во емисијата „СТАВ“. Тој ќе зборува за сите актуелни прашања на национално и локално ниво. Ќе се осврне на коалицијата со градоначалникот на Куманово, проектите кои што се реализираат, тужбата и пресудата со Костовски, но и за очекувањата од претседателските и парламентарните избори. Гледајте „СТАВ“ на ТВ Плус, во петок, во 20 часот.
Новинар: Елена Георгиевска.
 

Read More

Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец за 2023 година

Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец за 2023 година

Традиционално, денеска во општина Куманово се одржа прием за најуспешните во своите професии, односно беа прогласени најдобриот пожарникар и полицаец за годината што изминува.
Најистакнат припадник од Територијалната противпожарна единица Куманово е Даниел Гелевски.
За најуспешен полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност – СВР Куманово, беше прогласен Денис Бошковски.Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, им додели пригодни награди на најистакнатите поединци и во име на Општината упати честитки, посакувајќи им успех и добро…

Read More

ВИДЕО: Корисниците на пиротехничките средства ќе бидат казнети

ВИДЕО: Корисниците на пиротехничките средства ќе бидат казнети

Секторот за внатрешни работи Куманово упатува апел до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства пред и за време на новогодишната ноќ.
Во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е глоба за оној кој употребува пиротехнички средства, потенцираат надлежните.

Read More

Новогодишната магија пристигна и во Куманово

Новогодишната магија пристигна и во Куманово

Новогодишната магија пристигна и во Куманово. Централното градско подрачје светна во новогодишно руво, носејќи радост и возбуда и кај децата и кај возрасните. Градоначалникот Димитриевски информираше дека во минатото се ангажираа компании за украсување, по што истите си ги земаа назад украсите бидејќи се нивна сопственост, а сега веќе две години по ред Општината украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години, при што постојано ќе се…

Read More

Бучен Козјак го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“

Бучен Козјак го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“

Компанијата „Бучен Козјак“ е една од десетте компании во земјата, која го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“,  кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори, под покровителство на претседателот на Mакедонија. Компаниите кои го добиваат ова признание поминуваат низ строги критериуми за да се квалификуваат и да ги исполнија условите за квалитет.
Свеченоста се одржа вчера во претседателската резиденција вила Водно, а признанието на директорката на „Бучен Козјак“, Наташа Денковска -Бојковска го додели претседателот Стево…

Read More

ВИДЕО: Промовирана сликовницата „Јовка кумановка“

ВИДЕО: Промовирана сликовницата „Јовка кумановка“

Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска беше промовирана музичката фолк сликовница „Јовка Кумановка“. Сликовницата е издадена со вложувањето во народната музичка култура за зачувување на музичкото народно културно наследство на млекарницата „Бучен Козјак“, како  проект за општествена одговорност. Куманово.Сликовница е во издание на здружението „Фолконика“.
Инаку, компанијата „Бучен Козјак“, е општествено одговорна   компанија, која континуирано  вложува во заедницата, а со овој проект, ја потврдува својата општествена одговорност,  преку поддршката на  музичката култура и придонес кон негување…

Read More

Малолетничка го напуштила семејниот дом

Малолетничка го напуштила семејниот дом

СВР Куманово соопшти дека вчера во 10 часот, 61-годишен кумановец пријавил дека дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, која и претходно повеќе пати се оддалечувала со своето момче и била пронаоѓана и враќана дома. Според пријавеното, таа и вчеравечер телефонски го контактирала нејзиниот татко и негодувала зошто ја пријавил кога таа е со своето момче. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и враќање дома, информираат надлежните.

Read More

Издадени вкупно 186 400 лични документи во Куманово

Издадени вкупно 186 400 лични документи во Куманово

Од почетокот на изработка на лични документи од 05.07.2021 година, по основ на промена на новото име Република Северна Македонија, во Одделението за управни работи Куманово издадени се вкупно 186 400 лични документи, од кои 81 430 патни исправи, 66 600 лични карти и 38 370 возачки дозволи. Одделението за управни работи Куманово, работи во две смени од 07.30 до 19.30 часот и од четирите кабини за фотографирање две работат со граѓани кои имаат закажани…

Read More

ВИДЕО: Јовановиќ: Ученичкиот дом во незавидна состојба

ВИДЕО: Јовановиќ: Ученичкиот дом во незавидна состојба

Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ е во незавидна состојба, соопшти на последната седница на Советот, Александар Јовановиќ од Секторот за образование во општина Куманово. Според раководителот, ученичкиот дом кој се финансира од партиципација на учениците кои што се сместени таму, не е во можност со тие средства да ги подмири ниту платите на вработените.  Во домот престојуваат 55 ученици, а вкупниот капацитет е 120. За состојбата известено е и Министерството за образование и наука.
 

Read More
1 5 6 7 8 9 769