Малолетничка го напуштила семејниот дом

Малолетничка го напуштила семејниот дом

СВР Куманово соопшти дека вчера во 10 часот, 61-годишен кумановец пријавил дека дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, која и претходно повеќе пати се оддалечувала со своето момче и била пронаоѓана и враќана дома. Според пријавеното, таа и вчеравечер телефонски го контактирала нејзиниот татко и негодувала зошто ја пријавил кога таа е со своето момче. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и враќање дома, информираат надлежните.

Read More

Издадени вкупно 186 400 лични документи во Куманово

Издадени вкупно 186 400 лични документи во Куманово

Од почетокот на изработка на лични документи од 05.07.2021 година, по основ на промена на новото име Република Северна Македонија, во Одделението за управни работи Куманово издадени се вкупно 186 400 лични документи, од кои 81 430 патни исправи, 66 600 лични карти и 38 370 возачки дозволи. Одделението за управни работи Куманово, работи во две смени од 07.30 до 19.30 часот и од четирите кабини за фотографирање две работат со граѓани кои имаат закажани…

Read More

ВИДЕО: Јовановиќ: Ученичкиот дом во незавидна состојба

ВИДЕО: Јовановиќ: Ученичкиот дом во незавидна состојба

Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ е во незавидна состојба, соопшти на последната седница на Советот, Александар Јовановиќ од Секторот за образование во општина Куманово. Според раководителот, ученичкиот дом кој се финансира од партиципација на учениците кои што се сместени таму, не е во можност со тие средства да ги подмири ниту платите на вработените.  Во домот престојуваат 55 ученици, а вкупниот капацитет е 120. За состојбата известено е и Министерството за образование и наука.
 

Read More

Донација од DRӒXLMAIER за болницата и Итната медицинска помош

Донација од DRӒXLMAIER за болницата и Итната медицинска помош

120.000 заштитни маски за потребите на ЈЗУ Општа Болница Куманово и околу 28.000 парчиња медицинска опрема од истиот вид за службата на Итната медицинска помош обезбеди DRӒXLMAIER Македонија. Заштитните маски се дел од задолжителната заштитна опрема за еднократна употреба, а преку донацијата на DRӒXLMAIER потребата од овој тип медицинска опрема во двете здравствени установи ќе биде задоволена во период од неколку последователни години.
„Хуманоста и одговорното однесување се значајни вредности преку кои сите заедно ќе придонесеме…

Read More

ВИДЕО: Реновирани училниците и поставен лифт во Гимназијата „Гоце Делчев“

ВИДЕО: Реновирани училниците и поставен лифт во Гимназијата „Гоце Делчев“

Со реновирање на училниците и поставување на лифт, гимназијата „Гоце Делчев “ го заокружува процесот на реконструкција, реновирање и осовременување на училишниот простор.  За една година вложени се повеќе од 30 милиони денари во Гимназијата.

 

Read More

Приведен кумановец по распишана централна потерница

Приведен кумановец по распишана централна потерница

МВР соопшти дека вчеравечер во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 49-годишен жител на село Биљановце, кумановско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Read More

ВИДЕО: Огромен интерес за новогодишната претстава

ВИДЕО: Огромен интерес за новогодишната претстава

Десетина изведби на новогодишната претстава „Пиши му на Дедо Мраз“ на Театар Куманово за само неколку дена откако премиерно беше изведена во саботата. Најмладите од училиштата во градот  ќе имаат можност да уживаат во детската претстава и наредните неколку денови.
 

Read More

ВИДЕО: Свечено доделување дипломи на Еуро Колеџ

ВИДЕО: Свечено доделување дипломи на Еуро Колеџ

Еуро Колеџ Куманово изминатиот викенд додели дипломи на своите постдипломци и додипломци. Вклучувањето на Лондон Метрополитен Универзитет во листата на партнери на Еуро Колеџ е највисокото достигнување на Еуро Колеџ од Куманово во напорот во својата понуда да достигне глобален опсег. Студентите во Македонија кои студираат за двојна диплома ќе имаат ретка можност да го искусат квалитетот и ригорозноста на најдобриот образовен систем во светот стекнувајќи вештини коишто ќе им овозможат да развијат високо успешен…

Read More

Алексеј – трето место на Отвореното тениско првенство за јуниори

Алексеј – трето место на Отвореното тениско првенство за јуниори

Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово постигна одлични резултати во текот на изминатиот викенд.
Стојановски освои трето место на Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниорки до 14 години кое се одржа на тениските терени на ТК „Поинтер“ од Скопје.
„ Како клуб уште еднаш упатуваме честитка до нашиот член за одличниот настап и добар резултат со желба и надеж во иднина да се радуваме на уште подобри и поголеми резултати“, велат од ТК…

Read More

Рачна бомба пронајдена во двор во Ајдучка чешма

Рачна бомба пронајдена во двор во Ајдучка чешма

Неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна вчера била пронајдена во двор во кумановската населба Ајдучка чешма, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Read More
1 6 7 8 9 10 769