Битиќи: Минималната плата од март месец ќе биде 20 175 денари

Битиќи: Минималната плата од март месец ќе биде 20 175 денари

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот секоја година во март има ново усогласување со двата критериуми. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа…

Read More

МВР: 48 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, двајца приведени

МВР: 48 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, двајца приведени

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата. При контролата констатирани се три кривични дела. При преглед на патничко моторно возило Пежо со винички регистарски ознаки кај двајца граѓани од Виница биле пронајдени марихуана и таблети….

Read More

МВР: Педесет и седум санкции за недавање првенство на минување

МВР: Педесет и седум санкции за недавање првенство на минување

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Македонија, при што санкционирани се 57 возачи. Од нив, 16 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Скопје и во останати градови. При контролата санкционирани се и 133 други прекршоци.

Read More

Потпишан Протоколот за начинот на извршување на гранични проверки на преминот Лојане -Миратовац

Потпишан Протоколот за начинот на извршување на гранични проверки на преминот Лојане -Миратовац

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Белград, Р.Србија оствари билатерална средба со неговиот српски колега, министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, а по повод потпишување на Протоколот за начинот на извршување на гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“.
Истакнувајќи го напредокот на меѓусебна соработка меѓу двете Министерства, како и пријателските добрососедски односи и партнерство, министерот Спасовски ја потенцираше интензивната соработка помеѓу двете Министерства за внатрешни работи.
„Во однос на…

Read More

38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

МВР соопшти дека денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 38 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, информираат надлежните.

Read More

Дојава за бомба во неколку државни институции, училишта, хотели во Скопје

Дојава за бомба во неколку државни институции, училишта, хотели во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојави за поставена експлозивна направа се стигнати до Музеј на Град Скопје, Природнонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на македонската борба, Спомен куќа на Мајка Тереза, Градски трговски центар, ТЦ „Ист гејт“, ТЦ „Бисер“, во зградите Флетајрон, Џевахир, во Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и Фудбалската федерација на Македонија. Добиени се пријави и за упатени закани за…

Read More

МВР: Вонреден технички преглед за двеста возила кои вршат јавен превоз

МВР: Вонреден технички преглед за двеста возила кои вршат јавен превоз

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот, санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање.
Како што денеска информираа од МВР упатени се на вонреден технички преглед 200 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.

Read More

МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата и скопскиот аеродром

МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата и скопскиот аеродром

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Read More

Од утре почнува исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации

Од утре почнува исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од Фондот.
Оттаму велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.
„Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните…

Read More

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50, а Еуродизел 77  денари
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел  од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98 за 1,00 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82,00 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50,…

Read More
1 15 16 17 18 19 109