Се намалуваат цените на горивата

Се намалуваат цените на горивата

По минатонеделното намалување на цената на дизелот, денес се намалуваат цените на сите горива.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.00 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 82.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 84.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари и еден литар дизел од вечерва ќе чини 78.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Read More

38 санкции за непрописно вградени фолии

38 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 30-ти јануари до 05-ти месецов, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјава, за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 38 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за…

Read More

На ГП Деве Баир приведени тројца бугарски државјани

На ГП Деве Баир приведени тројца бугарски државјани

МВР информира дека денеска околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на тројца бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот.

Read More

Засилени полициски патроли на патарината кај Куманово

Засилени полициски патроли на патарината кај Куманово

Засилени полициски патроли утринава има на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, јави известувачот на МИА од терен.
Од МВР за МИА соопштија дека работат согласно оперативниот план по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Состојбата на терен е мирна.
Изминатите денови на социјалните мрежи имаше повик до граѓаните да ја блокираат патарината.
МИА
 

Read More

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училиштата

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училиштата

Сите дојави за наводно поставени бомби во средни училишта во Скопје се лажни, информира Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.

Read More

Најновата „офанзива“ од Софија го усложни амбиентот за уставните промени

Најновата „офанзива“ од Софија го усложни амбиентот за уставните промени

Последните случувања ги направија преговорите далечни, а поради неутралниот тон што го зазеде ЕУ кон бугарската офанзивност кон Македонија, евроскептицизмот ќе зема нови „жртви“ на своја страна.
Автор: Соња Крамарска
 
Најновата „офанзива“ од Софија го усложни амбиентот за уставните промени

Read More

Културата не смее да стане луксуз за граѓаните

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.
Автор: Елена Гаговска
 
Културата не смее да стане луксуз за граѓаните

Read More

Поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста

Поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста

Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 02.02.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е…

Read More

Рециклирање пластика – меѓу профитот и загадувањето

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ
 
Автор: Соња Стојадиновиќ
 
 
Рециклирање пластика – меѓу профитот и загадувањето

Read More

Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени, вели министерот за образование

Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени, вели министерот за образование

Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени за прво, второ, четврто и петто – одделенијата во кои децата учат според нови наставни програми согласно со Концепцијата за основно образование од 2020 година,  рече министерот Јетон Шаќири и соопшти дека деновиве се доставуваат и последните учебници што недостигаа.
Идната година со нови наставни програми, согласно Концепцијата,  ќе бидат опфатени трето и шесто одделение, а Шаќири уверува  дека сите учебници ќе бидат доставени на 1 септември односно ќе бидат запазени…

Read More
1 19 20 21 22 23 109