3-ти мај: Битката за квалитетно новинарство и медиумска слобода не е завршена

3-ти мај: Битката за квалитетно новинарство и медиумска слобода не е завршена

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) денеска, на 3-ти мај на Меѓународниот ден на слободата на медиумите го организираа завршниот настан под мотото „Безбедни новинари и медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“.
Целта на овој настан е да се испрати порака и да се подигне свеста за неопходноста од подобрување на безбедноста и социо-економското опкружување за новинарите и медиумските работници, како начин да се унапреди…

Read More

Двајца новозаболени кумановци, 21 нов случај во земјава

Двајца новозаболени кумановци, 21 нов случај во земјава

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент.
Двајца од новозаболените се од Куманово.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 572.

Read More

Северна Македонија на 57. место според Индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници

Северна Македонија на 57. место според Индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници

Северна Македонија е на 57-мо место на листата од 180 земји според Индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници за 2022 година, што е скок од 33 позиции во однос на лани кога беше рангирана на 90. место.
Во Извештајот за државава се наведува дека иако новинарите не работат во непријателска атмосфера, распространетите дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани…

Read More

Официјална посета на министерот Спасовски на Министерска конференција во Атина

Официјална посета на министерот Спасовски на Министерска конференција во Атина

Денеска и утре (3 и 4 мај 2022), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на официјална покана од својот колега министерот за цивилна заштита на Елинската Република, Панајотис Теодорикакос, ќе учествува на Министерска конференција во Атина, организирана во рамки на претседавањето на Елинската Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) – 2021-2022 година. Министерот Спасовски ќе се обрати на Конференцијата, а предвидена е и билатерална средба со грчкиот колега Теодорикакос.

Read More

Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат Kовид ограничувањата

Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат Kовид ограничувањата

Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат Ковид ограничувањата за лица кои пристигнуваат од други држави. Тоа го објави министерката за здравство на Бугарија, Асена Шербезова со наредба издадена денеска.
До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено со приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за Ковид-19 за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци.

Read More

Според пописот 165 лица само со бугарско државјанство, 19.645 со двојно

Според пописот 165 лица само со бугарско државјанство, 19.645 со двојно

Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.
Според новите податоци, во вкупното попишано население има 19.645 граѓани кои имаат и македонско и бугарско државјанство, според она што го декларирале пред попишувачите. Во вкупното население има само 165 граѓани кои имаат бугарско државјанство, а немаат македонско.
Интересно е што има и голема заедница со македонско и српско државјанство – 10.909. Со…

Read More

Први мај – неработен ден за сите граѓани

Први мај – неработен ден за сите граѓани

Први мај – Денот на трудот (недела), односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честитаат Денот на трудот.

Read More

ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ПРИДРЖУВАЊЕ ДО ЗАКОНИТЕ КАКО НАЧИНИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ПАРТИИТЕ

ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ПРИДРЖУВАЊЕ ДО ЗАКОНИТЕ КАКО НАЧИНИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ПАРТИИТЕ

ОМЕР АЈДИНИ;  МАРИЈА МИТЕВА;  ФИТИМ ЛОГА;  КАСИЈАНА ЈОВАНОВСКА
 
Политичките партии во Северна Македонија континуирано се рангирани на дното кога станува збор за довербата на граѓаните во институциите и организациите. Разочараноста на граѓаните од партиите, од нивните намери и од работењето на Владата доведоа до високи нивоа на апатија, низок одѕив на гласачите и иселување од земјата.
Меѓународниот републикански институт (ИРИ) континуирано работи со политичките партии во Северна Македонија со цел градење на нивните капацитети за внатрешна организација,…

Read More

Спасовски во посета на реконструираниот објект на полицијата во Радовиш

Спасовски во посета на реконструираниот објект на полицијата во Радовиш

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета и увид на 73-от реконструиран објект на Одделението за внатрешни работи Радовиш, односно беше пуштен во употреба четвртиот реновиран објект на МВР во рамки на првите 100 дена од работењето на оваа Влада, а воедно беа започнати свечените активности по повод чествувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Министерот Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, во присуство на Градоначалникот на Општина…

Read More

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.
Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.
Комисијата за заразни болести на дневна основа ја…

Read More
1 40 41 42 43 44 109